Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
Синџир за снабдување и набавки
Синџир за снабдување
Поддршка на одржлив раст
Нашите експерти во синџирот на снабдување играат одлучувачка улога во обезбедувањето свежи производи и достапни им се на нашите потрошувачи во секое време, и во продавниците и онлајн.
Тимовите од синџирот за снабдување во компанијата Nestlé работат со купувачите и со комерцијалните тимови за ускладување и изработка на прогнози за побарувачка. Тие навремено обезбедуваат материјали од одговорно избраните извори : Nestlé се обврза на политика за одговорно снабдување со суровини со кои се почитуваат животната средина и човековите права, а од нашите добавувачи очекуваме да ги почитуваат нашите стандарди. Нашите тимови во синџирот на снабдување работат во партнерство со производството на планирање и балансирање на нивото на производство и залихи, така да нашата мрежа на вистински начин се снабдува со производите. Тие се одговорни и за безбедно, одржливо и навремено складирање и испорака на нашите производи на купувачите и потрошувачите.
Во синџирот за снабдување на компанијата Nestlé нудиме плодна кариера во областа на синџирот за снабдување на купувачите, планирање на понудии побарувачки, набавка и логистика. Што и да изберете, во позитивна смисла ќе го промените животот на потрошувачите и купувачите ширум светот. Обемот на нашето работење значи дека можете да ги менувате работните места и локациите, дури и на глобално ниво.
Бараме
Луѓе кои можат да проектираат, планираат и извршуваат ефикасни влезни и излезни текови на производи и складирање на стоки, на време и врз основа на вистинската цена од создавањето до потрошувачката, да ги снабдуваат нашите фабрики и да ги исполнат различните барања на купувачите.
Ќе можете паралелно да работите со другите функции, тимови за Операции и Комерцијални тимови, и да стекнете длабоко знаење за Синџирот за снабдување на компанијата Nestlé. Вашата вештина за слушање е дополнителна вредност во смисол на преведување на работните модели во предлог вредности за нашите купувачи.
Набавка
Само најдоброто за нашите потрошувачи
Нашите тимови за набавка донесуваат решенија во областа на производството, услуги и материјали, но и извлекуваат максимум од увидот во пазарот, иновациите и најдобрата пракса на добавувачите. Тие помагаат во постигнување на одржлив раст, со креирање на одговорни, одржливи и регенеративни залихи.
Moжностите кои ги нуди кариерата во Набавка на компанијата Nestlé oпфаќа управување со категориите во поглед на индиректни и директни материјали и услуги, одржливо и одговорно снабдување со суровини од избрани извори, подобрување на процесите, деловно партнерство и операции во синџирот на снабдување.
Со преку 40 различни националности во нашите три Глобални центри (Малезија, Швајцарија и Панама), ја охрабруваме различноста и се гордееме што обезбедуваме еднакви можности за сите.
Ќе ви се овозможи да ја градите својата кариера на одредена локација, во одредена категорија или на глобално ниво: во Набавка имате единствена можност да ја изградите својата кариера на меѓународно ниво.
Бараме
Луѓе кои размислуваат на стратешки, аналитички и агилен начин, ориентирани кон комплетно решение во бизнис менаџментот и кои проактивно градат и управуваат со партнерства во и надвор од групата за да создадат одржливи вредности преку одговорно набавување на суровини.
Луѓе кои знаат како да комуницираат и да управуваат со сложени односи со засегнатите страни на сите нивоа, кои ја прифаќаат мултикултурната различност и сакаат да работат во повеќе категории, на различни географски локации и функции.