Sort by
Sort by

Нашето известување за приватноста на податоците и вие

Приватноста е важна.

Знаеме дека приватноста на податоците денес е најважното прашање и сакаме да уживате во вашата интеракција со нас, знаејќи дека ги цениме вашите лични податоци и ги заштитуваме
Во овој текст, ќе објасниме како ги обработуваме вашите лични информации, целите во кои ги обработуваме и какви се вашите бенефиции. Исто така, ќе откриете кои се вашите права и како можете да контактирате со нас.
Се разбира, доколку сакате повеќе детали, ќе добиете пристап до целосното Известување за приватноста на податоци тука.

Ажурирање на ова известување за приватноста

Бидејќи бизнисот и технологијата се развиваат, можеби ќе треба да го измениме ова Известување за приватноста на податоците. Треба редовно да го читате ова Известување за приватноста на податоците за да бидете сигурни дека сте информирани за тоа како Нестле ги користи вашите лични податоци.

Помлади сте од 14 години?

Доколку сте помлади од 14 години, ве молиме почекајте малку додека бидете постари за да стапите во контакт со нас или замолете ги вашите родители или старатели да не контактираат! Ние не можеме да ги собираме и да ги користиме вашите лични податоци без нивна согласност.

Кои податоци ги собираме?

• Личните податоци кои ни ги давате, на пр. кога креирате сметка, купувате, пријавете се на нашите веб-страници, контактирајте не, обезбедете повратна информација, пополнете го формуларот, испратете ни е-пошта, јавете ни се, споделувајте содржина на веб-страницата на Нестле или споделете информации за Нестле на социјалните мрежи.
• Податоците што ги креираме (на пр. кога купувате и податоците кои се собираат автоматски кога пристапувате до некоја од нашите веб-страници или апликации, како што се IP адреса, ID уред, кој пребарувач користите или како соработувате со веб-страниците на Нестле пред или по отворањето на сметката на Нестле. Повеќе информации за овие технологии може да се најдат на нашето известување за колачиња 
• Податоци собрани од други легитимни извори, како што се промотивните партнери на Нестле, од јавни извори, податоци од вашата интеракција со нашите рекламирања или лични податоци кои се дел од вашиот профил на социјалните мрежи и кои сте ги ставиле на располагање.

Кликнете тука за да дознаете повеќе


Зошто ги обработуваме вашите лични податоци?

Ние ги обработуваме вашите лични податоци со цел да комуницираме со вас, да одговориме на вашите прашања и да ви доставиме податоци за Нестле и за нашите производи, да ги комплетираме вашите нарачките за купување. Ние ги комбинираме вашите лични податоци од сите извори за да можеме подобро да ве разбереме за да го подобрите и персонализирате вашето искуство кога соработувате со нас.

Кликнете тука за да дознаете повеќе


Кој може да има пристап до вашите лични податоци и зошто?

Ние го ограничуваме откривањето на вашите лични податоци на други, но ние мора да ги откриеме вашите лични податоци во одредени случаи и главно на следните примачи:

• други компании во рамките на групацијата Нестле, каде што се потребни за нашите легитимни интереси или со Ваша согласност;
• Трети страни кои сме ги ангажирале да обезбедат услуги како што се администрирање на веб-страниците, апликациите и услугите на Нестле (на пример, карактеристики, програми и промоции) кои ви стојат на располагање, со соодветна заштита;
• Соодветни јавни агенции и органи на власта, доколку е потребно според закон или легитимен деловен интерес.
Кликнете тука за да дознаете повеќе


Пренос на вашите лични податоци

Ние можеме да ги обработиме вашите лични податоци надвор од земјата каде што се наоѓате, вклучувајќи ги и земјите надвор од европската економска област за целите наведени во ова известување. Кога ги пренесуваме вашите лични податоци во други земји, преземаме разумни чекори за да обезбедиме усогласеност со важечките закони.

Кликнете тука за да дознаете повеќе


Што се колачињата?

Колачиња се мали текстуални датотеки, кои веб страницата којашто ја посетувате ги складира на Вашиот компјутер. Потоа, колачињата при секоја следна посета, се праќаат назад на веб страницата од каде што потекнуваат или на друга веб страница којашто ги препознава тие колачиња. Тие се користат за да може веб страницата да работи или да работи поефикасно, како и за да им обезбедат информации на сопствениците на веб страницата.

Ние го користиме терминот „колачиња" во ова Известување за да ги покриеме и сите слични технологии, како што се веб-светилници SDK, датотеки за евиденции, ознаки на пиксели.

Нa Nestlé страниците ги користиме следниве видови на колачиња: 
 

Категории на колачиња

Животен век

1)     Колачиња за функционалност на страницата

Oвие колачиња Ви овозможуваат да се движите низ страницата и да ги користите нашите функции, како што се регистрација, пријавување и омилени производи. Ако ги оневозможите овие колачиња, одредени делови од веб страницата нема да функционираат кога се работи за Вас, на пример, додавање на производи во Вашата корпа, премин на каса.

Колку што е потребно

б) Aналитички колачиња

Oвие колачиња ни овозможуваат да измериме и да анализираме како да ги користиме нашите веб страници, апликации и мобилни платформи за да ги унапредиме нивната функционалност и Вашето искуство.

90    дена

в) Колачиња со преференции за купувачот

Кога пребарувате на нашите страници, oвие колачиња ќе ги запомнат Вашите преференции (како што се јазикот или локацијата), како и другите информации коишто ќе одберете да ни ги дадете, за да можеме да Ви помогнеме Вашето искуство да го скроите по Ваша мерка и да го направите релевантно и прилагодено за себе.

 

90    денa

г) Колачиња за рекламирање или за насочено огласување

Oвие колачиња се употребуваат за испорачување на рекламни огласи кои се релевантни за Вас. Тие исто така го ограничуваат бројот на прикази на одреден оглас и ни помагаат да ја измериме ефикасноста на нашите маркетинг кампањи. Информациите кои ги добиваме преку овие колачиња исто така можеме да ги употребиме при рекламирање за кое можеби сте заинтересирани врз основа на Вашето поранешно онлајн однесување. Ние овие информации можеме да ги споделуваме со други страни, вклучувајќи ги и нашите партнери.

90    денa

д) Колачиња за социјални медиуми

Oвие колачиња се употребуваат кога на Nestle страницата ќе изберете опција за споделување на тие информации на социјалните мрежи. Социјалните мрежи ќе евидентираат дека сте го направиле тоа. Тие информации можат да бидат поврзани со линкот со активности за насочено огласување/рекламирање.

90 денa

Moжете да имате пристап и да ги промените Вашите преференции преку колачињата во секој момент со клик на https://www.nestle.mk/info/cookies.

Покрај тоа, по потреба, можете да одбиете согласност за колачиња со посета на следниве страници: http://www.aboutads.info/choices/#completed или http://www.youronlinechoices.eu/

Кои се вашите права врз вашите лични податоци?

Секогаш кога ќе побараме од вас да ни дадете лични податоци, ќе бидете известени за тоа зошто ни се потребни и како ќе ги користиме. Вашите лични податоци ќе бидат обработени само за целите наведени во нашето известување за приватноста на податоците или за која било друга цел за која што сте биле известени пред да започне обработката. Доколку одлучите да не доставите лични податоци кога ќе бидете прашани за нив, тоа може да ги ограничи или оневозможи услугите што ви ги нудиме.

Доколку ги споделите личните податоци со нас, имате право (i) да побарате пристап (т.е. да побарате од нас какви податоци имаме за вас и да добиете копија), (ii) да побарате промени или (iii) да побарате вашите информации да бидат избришани. Ова може да се направи со најавување на вашата сметка или да контактирате со нас преку испраќање на е-пошта на: [email protected] или на [email protected]

  • Можете исто така да се откажете од маркетинг известувања (i) со кликнување на линкот за одјавување кој е наведен во секој е-mail / SMS кој го добивате; (ii) менување на параметрите преку вашата сметка.
  • За колачиња и слични технологии, можете да управувате со вашите преференции користејќи ја алатката за поставување колачиња во долниот десен агол на екранот.
  • Можете да побарате пренос на вашите лични податоци во други компании.
  • Може да се противите на обработката на вашите лични податоци во одредени околности.

Можете да поднесете жалба

  •  Доколку сте загрижени за можно попречување на вашата приватност или злоупотреба на вашите лични податоци од наша страна, контактирајте не и поднесете жалба ([email protected]; [email protected]). Секогаш ќе се трудиме да одговориме на сите ваши прашања за тоа како ги обработуваме вашите лични податоци. Меѓутоа, доколку не сте задоволни со нашиот одговор, имате право да контактирате со надлежните власти за заштита на личните податоци.
    Кликнете тука за да дознаете повеќе


Безбедност на податоците и задржување

Користиме низа мерки како вашите лични податоци би биле доверливи и сигурни, вклучувајќи и ограничување на пристапот до вашите лични податоци врз основа на обемот на работа и потребата за усогласување со соодветните безбедносни стандарди за заштита на податоците.

Ги преземаме сите разумни чекори за да обезбедиме вашите лични податоци да се обработат во најкраток можен рок кој е во врска со: (i) целите наведени во ова Известување за приватноста на податоците; (ii) сите дополнителни цели за кои сте известени на време или пред времето на собирање на релевантните лични податоци или почетокот на релевантната обработка; или (iii) како што е потребно или дозволено со применливиот закон; а потоа, за време на кој било период на застареност. На кратко, кога вашите лични податоци повеќе не се потребни, ние ќе ги уништиме или избришеме на безбеден начин.

Кликнете тука за да дознаете повеќе


Контактирајте не

Нестле Адриатик Македониа д.о.о.е.л. Скопје, Булевар 8.Септември 16 делува како "контролор" на вашите лични податоци обработени според ова Известување за приватност на податоците или во врска со него. Доколку имате какви било прашања или коментари во врска со ова Известување за приватноста на податоците или практиката на Нестле за собирање и обработка на личните податоци, контактирајте не преку следните информации за контакт:

Број на телефон: 0800 00 200
E-пошта: [email protected] и [email protected]
Адреса: Булевар 8. Септември 16, п.н.е. Хипериум, 1000 Скопје