Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
Speak Up
Пријавете неусогласено однесување

Во Нестле, нашата цел во компанијата ја остваруваме преку нашите вредности, втемелени на почитување. Nestlé Corporate Business Principles ја одразуваат нашата посветеност на силна етичка култура која претставува подлога за нашето непреговарачкo работење. Затоа е од клучно значење за нашата компанија да има стабилен систем за известување кој ни овозможува да го дознаеме секој приговор во нашиот синџир на вредности, за било каква пријава за неусогласеност.
Ова е местото каде што Speak Up, нашиот посветен канал за известување, стапува на сцена.
Секој може да пријави
Ние ги охрабруваме нашите вработени да пријават без разлика дали директно се спротивставуваат или сведочат на ситуација на непочитување на правните прописи, како инциденти на вознемирување, дискриминација, мобинг, злоупотреба на моќ, малтретирање, измама, корупција или конфликт на интереси, или било кое друго потенцијално прекршување на прописи. Ова вклучува секој инцидент и/или дејствија кои се во спротивност на нашите вредности, Corporate Business Principles (pdf, 4Mb) или Code of Business Conduct (pdf, 2Mb) и законите и прописите применливи каде што ние работиме. Кога вработените не се чувствуваат удобно да разговараат со нивниот Линиски менаџер, Раководител на човечки ресурси или Раководител за правни работи и усогласеност, исто така можат доверливо да пријавуваат преку нашиот Speak Up систем.
Ние исто така ги охрабруваме третите страни поврзани со Нестле да пријаватдоколку нешто не е во ред. Можете да ни помогнете со пријавување на било какви неусогласености преку нашиот Speak Up систем. Овој систем е независно управуван од трета страна и Ви нуди целосна анонимност.
Преглед
3,218
Пријави за непочитување на прописите добиени во 2024 година
644
Потврдени случаи
119
вработени коишто ја напуштиле компанијата
Speak Up системот на Нестле ги овластува и зајакнува позициите на целиот персонал и надворешните соработници. Системот дава шанса на секое лице да пријави потенцијална неусогласеност со нашите вредности, корпоративните принципи или кодексот на однесување на Нестле. Без разлика дали сте директно соочени со ситуација на неусогласеност со прописите, или сте сведоци на истата, Ве повиквуаме да пријавите. Благодариме за искажаната доверба.
Како да пријавите неусогласеност на однесување
Овде ќе ги најдете сите информации кои Ви се потребни за пријавување на непочитување на прописи, 24/7, 365 дена во годината.
- Поднесете ја пријавата онлајн преку веб страница или јавете се на бесплатен телефонски број за да оставите порака. Имате опција да останете анонимни. Поднеси пријава
- Внесете детален опис (кој, што, кога, како извршил повреда на прописите) и прикачете докази во прилог, на пример, копии од документи или наведете сведоци, кои можат да ги потврдат Вашите наводи во пријавата. Имајте во предвид дека општи/генерални тврдења не можат да бидат предмет на постапка.
- Откако ќе ја поднесете пријавата, ќе добиете поединечен број на Вашиот предмет. Овој број е потребен при секое пристапување до системот.
- Секоја поднесена пријава ја обработуваме со голема сериозност и преземаме соодветни дејствија за истата.Ќе бидете соодветно информирани за секоја новина во врска со пријавата.
- Можете да ја следите секоја новина во врска со пријавата со посетување на веб-страницата користејќи го бројот на предметот.
Што се случува откако ќе поднесете пријава
Откако ќе поднесете пријава, истата минува низ неколку фази. Во продолжение прикажуваме што се случува откако е поднесена пријавата.
Потврдуваме извршен прием на Вашата пријава во рок од пет работни дена. Ако во Вашата првична пријава не се наведени потребни информации / докази, од Вас ќе биде побарано да обезбедите повеќе информации / докази.
Секоја пријава се разгледува детално и внимателно.По пријавата ќе формираме предмет доколку истата содржи минимално потребни информации и докази. Во отсуство на конфликт на интереси, постапката ќе биде спроведена од страна на нашиот Офицер за усогласеност на пазарот во регионот/ државата каде што се случил настанот.
Пријавите кои содржат наводи кои се дел од една од овие 11 чуствителни категории, ќе бидат прераспределени до Главен Офицер за усогласеност на групацијата и надлежниот Раководител за правна усогласеност на регионот.
- Злоупотреба на положба и/или малтретирање
- Антиконкурентско дејствување и фер практики
- Поткуп и корупција
- Доверливи информации, политика на приватност
- Дискриминација, вознемирување и насилство
- Извршни Членови на одбор на директори/ Сениор Менаџери во Швајцарија
- Измама
- Човекови права
- Членови на управниот комитет во делот на управувањето
- Неусогласеност со прописите на СЗО
- Сексуално вознемирување
За да се обезбеди доверливост на истрагата, ќе бидат вклучени исклучиво лица чиешто ангажирање е неопходно. Нашите Офицери за усогласеност може да спроведат доверливи интервјуа со вработените, лицата ангажирани по пат на договор или други лица за коишто сметаат дека се релевантни за истрагата.
Како досегашна општа пракса, потребни се околу 90 дена за целосно спроведување на истрагата. Сепак, можна е потреба од дополнително време кога станува збор за посложени предмети.
По разгледување на сите наоди од истрагата, ќе одлучиме дали треба да се преземат некои понатамошни дејствија. Ние ќе Ви информираме за напредокот и ќе Ви испратиме конечен одговор за резултатот на истрагата.
Нестле забранува било какво одмаздничко однесување против вработен, поединец или правното лице кое доставило пријава. Покрај тоа, ние ги заштитуваме правата и на сите вмешани лица.