Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
За компанијата Nestlé Аdriatic
Швајцарската компанија Société pour l'Exportation des Produits Nestlé во 1996 година отвори свои претставништва во Србија и во Хрватска, а една година подоцна се отворени претставништва во Босна и Херцеговина, па и во Македонија. Во претставништвата во целиот регион тогаш работеа само десетина вработени.
Компанијата Nestlé Аdriatic е основана во 2003 година, вклучувајќи ги пазарите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Косово, со седиште во Загреб. На регионалниот пазар ги нуди светски познатите трговски марки: NESCAFÉ, THOMY, MAGGI, NESQUIK, KIT KAT, SMARTIES, LION, AFTER EIGHT, PURINA и NESTLÉ жита.
Nestlé во овој регион веќе е присутен многу години. Главните увозни производи беа детското брашно, денес познати како замена за млеко за новороденчиња, и чоколадите.
Иако компанијата Nestlé Аdriatic д.о.о. во Македонија е основана дури во средината на 2006 година, Nestlé со своите трговски марки е присутен во Македонија многу подолго.
Денес на пазарот во Македонија може да се најде многу поширок спектар Nestlé производи, кои во целост ги задоволуваат вкусовите и желбите на сите потрошувачи. Иако сите Nestlé производи им се добро познати на потрошувачите, водечките трговски марки на пазарот се NESCAFÉ и NESQUIK.
Nestlé на македонскиот пазар означува побогата понуда на прехранбени производи и му дава дополнителна вредност на пазарот на стоки за широка потрошувачка.
Nestlé во светот има 413 фабрики и околу 323.000 вработени. Не земајќи го предвид растот на компанијата низ многубројни аквизиции, истражувањето и развојот на прехранбените производи и понатаму е една од основните активности во компанијата.
Истражувањата на компанијата Nestlé Аdriatic се насочени кон исхраната што ќе го намали ризикот од болестите на денешницата како што се дебелината, дијабетесот и болестите на крвните садови. Во составот на групацијата Nestlé влегуваат и 40 истражувачки центри, па годишно на истражување во Nestlé се трошат околу 1,6 милијарда швајцарски франци.