Маркетинг
Маркетинг
Силата на нашето портфолио брендови и ширината на активностите во врска со брендовите прави маркетинг работите во компанијата Nestlé да обезбедуваат задоволство, да претставуваат возбудлива можност за градење на кариера полна со предизвици.
Улогата на маркетингот ги опфаќа сите аспекти на градењето брендови. Нашиот тим се занимава со брендови и комуникација со потрошувачите, е-бизнис, увид и разбирање на потрошувачите, дигитална сфера, медиуми и партнерства, производна амбалажа и дизајн, како и со идентитетот на корпоративните брендови. Ние работиме во тесна соработка со Истражување и развој, Корпоративни комуникации, Технички апликации и агенциски партнери.
Бараме
За да успеете како член на нашиот тим, треба да ја делите нашата посветеност на подобрување на квалитетот на животот и давање на придонес кон поздравата иднина за поединците и семејствата, нашата заедница и планетата. Oдличната способност за комуникација и аналитичките способности се клучни, како и способноста за влијание и соработка со другите вработени во организацијата.
Во компанијата Nestlé постојат многу можности за луѓето кои сакаат да градат возбудлива, долгорочна кариера во маркетингот.
Еден од проектите за кој чувствувам дека навистина ме поттикна беше раководење со ажурирањето на амбалажата за десертот Мило на 11 азиски пазари. Како тим, го променивме целиот изглед на тој асортиман на производи и се погриживме амбалажата целосно да може да се рециклира. Тоа навистина покажува дека сè што правите не е само на локално ниво; можете да одите и подалеку од тоа.