Sort by
Sort by
Нашиот глобален тим за Информациона технологија IT, во целокупното работење на Компанијата Nestlé ширум светот обезбедува единствен, интегриран и стандардизиран систем кој овозможува единствено работење.
Овие системи претставуваат клучна помош во вршењето на многу сложените деловни функции во сè, од логистика до производство, човечки ресурси, финансии, маркетинг и продажба.
Како дел од IT тимот, вие ќе работите на имплементација на соодветни безбедни технологии, процеси, податоци и системи, во согласност со прописите кои овозможуваат нови работни модели, како и дигитални и аналитички платформи со кои се соочуваат купувачите. Тоа ќе опфати продлабочување на вашите SAP вештини, работа со колегите со најразлична позадина и формирање на нашето размислување заедно со вашето.
На нашиот дигитален тим е даги развива, спроведува и одржува водечките решенија, од мобилни апликации до веб сајтови на брендовите. Овој тим ни помага да победиме и максимално да ја користиме технологијата како дел од градење на големите брендови, ангажирање и воодушевување на потрошувачите.
Aко ни се придружите, можете да имате кариера исполнета со предизвици во дигиталната и IT oбласт, каде во подеднаква мерка се работи за управување со услуги и давање на рационални, исплатливи услуги и техничка експертиза.
Вие ќе добиете можност да работите со најновите конфигурации од продавачи на опрема како SAP, Microsoft и партнерите како компаниите Google, Facebook. Toа би можело да значи дека ви се дава можност да ја испробате вашата кариера на глобално ниво.