Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
Историја Nestlé
За нас
Nestlé е светски лидер во производство на храна и пијалаци. Имаме повеќе од 2000 глобални и локални брендови, и присутни сме во 191 земја низ целиот свет.
Во согласност со нашиот слоган "Добра храна, добар живот", го подобруваме квалитетот на животот и придонесуваме за поздрава иднина. Добар однос со потрошувачите е изворот на нашиот одржлив финансиски успех и начинот на кој добиваме доверба и ја одржуваме водечката позиција на пазарот. Врз основа на сигурна стратегија на исхрана, здравје и благосостојба, нашата компанија обезбедува одржлива вредност, како на краток, така и долгорочен план.
Нашата мисијa
Мисија на компанијата Nestlé е унапредување на квалитетот на животот и придонес за поздрава иднина. Сакаме да помогнеме во обликувањето на подобар и поздрав живот. Исто така, сакаме да ги инспирираме луѓето да живеат поздрав живот. На тој начин ѝ придонесуваме на општествената заедница, и обезбедуваме долгорочен успех на нашата компанија.
Нашите цели
Дефиниравме три сеопфатни цели кои планираме да ги оствариме до 2030. година. Тие цели го насочуваат нашето работење и се во склад со целите на одржливиот развој на Обединетите нации. Обединетите нации Да им се помогне на 50 милиони деца да живеат поздрав живот Преку нашето работење да се зголеми животниот стандард на 30 милиони лица Да се стремиме коннулто влијание врз загадување на околината
Нашата историја
Сакаме да обликуваме подобар и поздрав свет. Нашата мисија беше создадена пред повеќе од 150 години кога Хенри Нестле произведе детски житарици и токму на тој начин беше спасен детски живот.
Нашите вредности
Нашите вредности се одразуваат во начинот на кој работиме. Нашата работа се темели на почитувањето на законите, на транспарентноста, те на почитувањето на нашите работници и на нашите деловни партнери.Прочитај повеќе за нашите деловни принципи.