Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
Деловни принципи
Kорпоративните принципи на работење на Nestlé се основа на културата на нашата компанија, која е во развој веќе 150 години.
Откако Анри Нестле (Henri Nestlé), првпат ја разви успешната формула за адаптирано млеко за доенчиња, Farine Lactée, го изградивме нашето работење врз основа на темелниот принцип дека за долгорочен успех на нашите акционери е неопходно да работиме не само во согласност со сите важечки правни прописи и да ја осигуриме одржливоста на нашите активности туку е потребно да се работи на создавањето општествени вредности. Во Nestlé тоа го викаме создавање заеднички вредности.
И покрај тоа што корпоративните принципи на работење на Nestlé првпат се објавени како целосен документ во 1998 година, многу од тие документи одделно се направени многу години пред тоа. Принципите на работење се воспоставени цврсто, но тие продолжуваат да се развиваат и да се приспособуваат кон светот кој се менува. Nestlé, на пример, ги усвои десетте принципи на Светската спогодба на Обединетите нации (Global Compact) набрзо по нивното донесување, а продолжува да ги спроведува и денес.
Веруваме во важноста на културата на почитувањето на локалните закони, која во целост е вградена во нашето работење. Корпоративните принципи на работење и придружните документи ја одразуваат таа обврска и со тоа ја чуваат и довербата на нашите потрошувачи и на другите заинтересирани страни во брендот на Nestlé.
Нашите интерни правила не само што бараат строго почитување на законите туку ги регулираат и нашите активности, дури и во случаите кога законот е пофлексибилен или кога воопшто нема закон што би се применил. Почитувањето на прописите во Nestlé го надминува обичното задоволување на формата. Тоа бара постојани принципи што се применуваат во сите аспекти на Компанијата, нудејќи им јасни насоки на нашите вработени.
Корпоративните принципи на работење на Nestlé подразбираат:
- Грижа за потрошувачите - со основна цел секогаш и секаде да го унапредуваме квалитетот на животот на нашите потрошувачи, нудејќи им повкусен и поздрав избор на храна и напивки, со гаранција за квалитетот и за сигурноста на производите и одговорна и доверлива комуникација.
- Грижа за луѓето - каде што во целост ги поддржуваме и се грижиме за човековите права и настојуваме да дадеме добар пример за практичната примена на човековите и на работничките права во сите наши работни активности, се грижиме за вработените и создаваме еднакви можности за нивниот раст и напредок во безбедно и здраво опкружување.
- Одговорна соработка - со снабдувачите и деловните партнери, со придонес за напредокот на земјоделството и развојот на руралните подрачја.
- Грижа за животната средина - со заштита на животната средина и одржлив развој со пристап за обновување при користењето на водата, со цел подобрување на управувањето со водите.
Повеќе информации за принципите на работење на компанијата Nestlé може да најдете во документот Корпоративни принципи на работење на Nestlé.