Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Sort by
Sort by

Нашата улога во поттикнување на балансирана исхрана

Имаме важна улога во водењето на луѓето кон усвојување на балансирана исхрана. Веруваме дека сите наши производи можат да бидат дел од балансиран режим на исхрана кој вклучува овошје, зеленчук, мешунки и цели зрна, заедно со умерено консумирање на храна која е помалку здрава, но во која уживаме. 

Користиме јасно означување за транспарентна комуникација за нашите состојки и нутритивна вредност. Преку одговорен маркетинг, промовираме здрави навики и подобар начин на живот. 

Нашиот маркетинг и рекламирање следи строги правила, особено во однос на промоција на замени за мајчино млеко и комуникација насочена кон децата. На пример, не промовираме формула за доенчиња до 6 месеци и ограничуваме маркетинг на производи кон деца под 16 години.

Наши обврски за поддршка на свесни избори

Имаме поставено две клучни обврски кои ги следиме за нашите производи како: сладоледи и слатки производи, каде што локалните регулативи го дозволуваат тоа:

110 kcal

Прирачник на пакување

Јасни информации за подобри избори

Обезбедуваме комплетни и транспарентни информации за состојките и нивната нутритивна вредност, за да им помогнеме на луѓето да донесуваат поздрави избори.

Нутритивно означување на предната страна од пакувањето

Во согласност со регулативите, нудиме дополнителни доброволни информации за нутритивната вредност, со цел потрошувачите да можат да направат избор базиран на добри информации. 

Во Австралија и Нов Зеланд користиме Health Star Rating (HSR) систем кој овозможува лесно споредување на производите. Во неколку европски земји користиме Nutri-Score систем, развиен од независни истражувачи и поддржан од владините институции.

Водич за порции и големина на порција

Знаеме дека вкусот е важен – особено кај производите како чоколади и сладоледи. Затоа, покрај квалитет и вкус, даваме јасни насоки за препорачана големина на порција. Нашите R&D тимови развија алгоритам што анализира 90+ земји за да пресмета реални порции базирани на навики, препораки и законски норми.

Насоки преку рецепти и практични алатки

Продолжуваме да нудиме услуги и дигитални алатки што им помагаат на потрошувачите да планираат балансирани оброци и да ја подобрат нутритивната вредност на својата исхрана. 

Во Латинска Америка, веб-страниците Recetas Nestlé нудат повеќе од 21.000 рецепти развиени од нутриционисти и готвачи.

MyMenuIQ алатка за исхрана

Нашите научници ја создадоа алатката MyMenu IQ™, која го рангира нутритивниот баланс на јадењата од 0 до 100. Алатката е достапна во 30 земји и помага во анализирање и подобрување на исхраната преку персонализирани препораки. Во иднина, ќе воведеме AI платформи со рецепти, планери за мени и совети за здрав живот.

Одговорен маркетинг

 

Развивањето на здрави навики од рана возраст е клучно за цел живот. Истражувањата покажуваат дека рекламите за храна во детството можат да влијаат врз тоа што и кога децата јадат. 

Преку едукација и одговорен маркетинг, им помагаме на родителите да донесуваат информирани одлуки за исхрана. Во 2023 година, објавивме две нови политики за дополнително зајакнување на одговорните практики во маркетингот.

Одговорен маркетинг на замени за мајчино млеко

Nestlé силно ја поддржува доењето како најдобар почеток во животот. 

Во јануари 2023 година ја ажуриравме нашата Политика за имплементација на Кодексот на СЗО за маркетинг на замени за мајчино млеко, која строго забранува промоција на формула за бебиња 0–6 месеци. 

Годишниот извештај за усогласеност со оваа политика се разгледува од бордот на директори. Дознајте повеќе за нашата посветеност кон поддршката на доењето и неговото заштитување преку одговорна имплементација на водечки политики во индустријата за промовирање на замени за мајчино млеко.

 

Одговорен маркетинг кон деца

Веќе многу години применуваме доброволни мерки за одговорен маркетинг кон деца, со цел да промовираме вкусна и балансирана исхрана на етички и транспарентен начин. 

Во 2023 година, во рамки на нашите напори да овозможиме здрави навики и балансирани оброци за семејствата ширум светот, ги зајакнавме нашите водечки практики за одговорен маркетинг. 

Конкретно, воведовме нови ограничувања за платени медиумски реклами со цел да спречиме изложеност на деца под 16 години на реклами за категории како: 

• чоколади и други слатки производи 

• сладоледи 

• солени и слатки бисквити Дополнително, се обврзуваме: 

• да не прибираат никакви лични податоци од деца 

• да соработуваме само со инфлуенсери постари од 18 години 

Повеќе информации за нашата политика за одговорен маркетинг кон деца можете да најдете во нашиот официјален документ (PDF, 2 MB): „Одговорен маркетинг кон деца“ – Политика на Nestlé

Дете и возрасен готват заедно во кујна

Споделување знаење за исхрана

Нашиот здравствен и научен подкаст „Nutrition Unlocked“, поддржан од Nestlé Health Science, вклучува експерти од областа на медицината, нутриционизмот и научните истражувања, кои споделуваат најнови сознанија за исхраната и здравиот живот. 

Овие гости кои се доктори, нутриционисти и научници зборуваат за иновативни теми и нудат практични совети за подобрување на исхраната и одржување на добро здравје. 

Подкастот опфаќа широк спектар теми, меѓу кои: 

• Алергии на храна 

• Микробиом и дигестивно здравје 

• Влијание на исхраната врз мозокот 

• Современи трендови во нутриционизмот 

Нашата цел е да ги инспирираме луѓето да ја подобрат својата исхрана и начин на живот со научно потврдени и лесно применливи совети.