Преку богатото портфолио на прехранбени производи, пијалаци и услуги во областа на исхраната, помагаме вкусната и балансирана исхрана да им биде достапна на милијарди луѓе, во секоја пригода и на секоја возраст. 


При развојот на секој производ посветуваме посебно внимание на безбедноста, вкусот, текстурата, нутритивниот профил, цената и квалитетот. Подобрувањата во која било од овие области не смеат да бидат на штета на планетата.


Со силна организација за истражување и развој, можеме да понудиме иновативни научно засновани решенија и да им овозможиме на милиони луѓе да консумираат достапна, нутритивно богата храна и пијалаци.

Како ги унапредуваме нашите брендови за вас

62 %

Зошто и како ја произведуваме нашата нутритивно богата храна

Наш приоритет е да ја прошириме понудата на нутритивно побогати производи преку континуирано инвестирање во истражување и развој, со цел дополнително да ги унапредиме и збогатиме со микронутриенти.

Зголемување на уделот на корисни состојки како што се житарките од цело зрно

Нудиме нутритивно побогати производи со поголем удел на корисни состојки кои често недостигаат во исхраната, како што се житарките од цело зрно или клучните витамини и минерали.

Житарките од цело зрно содржат влакна, јаглехидрати, протеини, одредени липиди и витамини од Б-групата, минерали и антиоксиданти. Целта е интегралните житарки да бидат состојка број еден во што поголем број од нашите житарки за појадок, како и да се залагаме за политики што поттикнуваат поголем внес на житарките од цело зрно.

Секаде каде што на пакувањето ќе ја видите зелената лента (Nestlé Green Banner), можете да бидете сигурни дека тие житарки за појадок содржат најмалку 8 грама цело зрно во секоја порција од 30g.

Послужени Cheerios житарки

Намалување на уделот на шеќер и сол

Продолжуваме да работиме на намалување на шеќерот и натриумот како дел од нашите напори за подобрување на севкупниот нутритивен профил на нашите производи. За да ги поддржиме здравствените установи и напорите на Светската здравствена организација за намалување на внесот на натриум кај светската популација, заедно со други компании од индустријата за храна и пијалаци, се обврзавме до 2025 година да го намалиме уделот на натриум во производите што често се консумираат.

До крајот на 2025 година ги постигнавме нашите цели во седум од вкупно осум приоритетни категории и со тоа обезбедивме најмалку 90% од обемот на продажбата во тие категории да ги исполнува дефинираните целни вредности за уделот на натриум во производите.

Со развој на нови технологии, како и на други начини, продолжуваме да ги намалуваме шеќерите, солта и заситените масти. Нашата нова, патентирана технологија за редукција на шеќерот го намалува природно присутниот шеќер во состојките како што се сладот или млекото и до 30%, со минимално влијание врз вкусот и текстурата.

Понуда на производи на растителна база

Нудиме широк асортиман на производи на растителна база за да одговориме на потребите на потрошувачите. Во Соединетите Американски Држави, нашиот бренд Natural Bliss лансираше растителен напиток што комбинира единствена мешавина од протеини што се наоѓаат во житарките како што се овесот и бобот, а кој има подобрена нутритивна вредност

Во Белгија и Холандија ја лансиравме линијата Garden Gourmet Veggie Burger Deluxe, која содржи повеќе од 60 g зеленчук, мешунки и киноа по порција.


Во Централна Америка, нашиот Maggi Rinde Carne е производ на база на соја што им овозможува на потрошувачите да подготвуваат оброци со помалку месо, а притоа да ги задржат вкусот и текстурата, во согласност со нашата мисија да обезбедиме достапна, нутритивно богата и одржлива храна. Производот, развиен од Nestlé R&D тимот, е осмислен како додаток на месото што помага да се намали внесот на месо без компромис во однос на вкусот.
 

Обезбедување нутритивни решенија за специфични потреби и здравствени состојби

Nestlé Health Science нуди широко портфолио на суплементи и брендови за медицинска исхрана, засновани на посебни научни истражувања. Компанијата е глобален лидер во категориите витамини, минерали, растителни препарати и суплементи.

SimpLink им обезбедува на негувателите поефикасен, поедноставен и похигиенски начин за медицинска исхрана на лица кои се хранат преку сонда. Системот оневозможува истурање и го намалува потенцијалниот ризик од контаминација со помош на шишенца со одмерена порција што може да се стискаат и се поставуваат директно на сондата за хранење.

Кулинарски иновации фокусирани на протеини

Го прошируваме нашето кулинарско портфолио со производи богати со протеини и истражуваме достапни опции што помагаат да се намали „протеинскиот јаз“ што постои кај многу луѓе ширум светот.
Откријте ги нашите решенија и новите брендови развиени за да одговорат на специфичните нутритивни потреби, како и начините на кои воведуваме иновации за да ги збогатиме нашите клучни брендови со состојки богати со протеини.

Дете држи Nido

Трансформација на животот на луѓето со фенилкетонурија (PKU)

Фенилкетонуријата, или PKU, е ретко генетско нарушување. Кај повеќето луѓе, протеините од храната во текот на варењето се разградуваат на аминокиселини, кои претставуваат „градбени елементи“ на протеините што нашиот организам ги користи за различни функции, како што се одржување на мускулите или обновување на ткивата.

Лицата со PKU не можат да разградат една од аминокиселините, што значи дека постои ризик од нејзино натрупување во организмот. Тоа може да предизвика сериозни последици по здравјето, како што е оштетување на мозокот.

Преку програмата Vitaflo Live Life Well, koji je deoкоја е дел од Nestlé Health Science, соработуваме со здравствени работници, деца и возрасни лица со PKU и нивните семејства, за да создадеме производи што ги спојуваат најновите научни достигнувања со современиот начин на живот и да обезбедиме тие да им бидат достапни на потрошувачите.

Човек со шише Vitaflo