Sort by
Sort by

Персонализацијата и флексибилноста се карактеристики на современото општество. Наметнатото брзо темпо на живот не насочува кон едноставните решенија кои ни го подобруваат квалитет на живот. Здравата исхрана е еден од факторите кои значително придонесуваат за квалитетот на животот. Сепак, не е лесно да се следат строгите препораки на нутриционистите за урамнотежена исхрана. Сакаме пофлексибилни опции кои се вклопуваат во нашиот начин на живеење. Во исто време, сè повеќе сме заинтересирани не само за урамнотежената исхрана, туку и за рамнотежа со природата. Здравје значи здрав ум во здраво тело, на здрава планета.

За да го поддржиме овој напор, го создадовме Веге Водичот - ваш водич за здрава исхрана богата со намирници од растително потекло. Без разлика дали сте вегетаријанец, веган, флекситаријанец или јадете сè, Веге Водичот ви помага во подготовката на избалансирани оброци кои ќе ви ги обезбедат сите потребни макронутриенти (протеини, јаглени хидрати, масти) како и соодветно количество на микронутриенти (витамини и минерали).

На вас е да одлучите колку оброци од растителна основа ќе јадете во текот на неделата! Вие го избирате и прилагодувате неделното мени на својот начин на живот и нутритивните потреби. Ние ви препорачуваме едноставно правило: три дена во неделата јадете само растителна храна, следејќи ги принципите на Веге Водичот.

 

За кого е наменет Веге Водичот

За оние кои јадат сè, но сакаат да го намалат внесот на храна од животинско потекло, а не знаат од каде да почнат.

Не мора да правите компромиси за сметка на вкусот и хранливоста. Со малку фантазија, оброците од растително потекло можат да бидат исто толку вкусни и нутритивно избалансирани.

За флекситаријанците кои одлучиле да го вкусат животот во здрави порции

Доброто расположение и енергијата започнуваат од чинијата. Поздрави сме кога јадеме повеќе храна од растително потекло, а кога сме здрави, сè е полесно да се постигне, надмине и преживее.

За вегетаријанци и вегани

Toа е вистински предизвик! Конзумирањето храна која е претежно или исклучиво од растително потекло бара труд за да се направат вистинските комбинации и за да се внесат сите хранливи материи потребни за здрав живот.

За сите кои се грижат за планетата

Она што го ставаме во чинијата директно влијае на животната средина. Исхраната со повеќе намирници од растително потекло и помалку намирници од животинско потекло е одлука што секој од нас може да ја донесе за да помогне во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид.

 

Nestlé ви го претставува методот кој ќе ви помогне да изберете што и колку да јадете во еден оброк за појадок, ручек и вечера, еден ден или во текот на неделата, кога ќе одлучите да се префрлите на здрава исхрана базирана главно на продукти од растително потекло.

 

Протеини од растително и животинско потекло

Зборот протеин потекнува од грчкиот збор „протеос“, што значи „од примарна важност“. Протеините се составени од синџири на амино киселини. На нашето тело му се потребни 9 есенцијални амино киселини за раст, развој и обновување на ткивото, кои мораме да ги внесеме преку храната. Терминот „комплетен протеин“ се однесува на содржината на есенцијалните амино киселини. Протеините од животинско потекло се сметаат за комплетни протеини бидејќи ги обезбедуваат сите амино киселини во добро избалансирани количества, додека растителните протеини мора меѓусебно да се комбинираат за да ни ги обезбедат сите есенцијални амино киселини.

Флекситаријанци и вегани

Флекситаријанци и вегани

Да се биде флекситаријанец не значи целосно откажување од месо, риба, млечни производи и јајца, како што тоа го прават веганите. Препорачливо е храната од животинско потекло да се консумира умерено. Ваш избор е колку често месниот бургер ќе го замените со бургер од растително потекло. Веге Водичот ви дава предлог што да јадете и како да ја поделите чинијата според различните групи намирници, за да имате разновидна и урамнотежена исхрана.

Повеќе од салата

Повеќе од салата

Кога ќе кажеме „растително потекло“, помислуваме на неколку видови салати и ни снемува идеи. Кога ќе кажеме „растителна храна“, мислиме на житарки, зеленчук, печурки, овошје, мешунки, семки и јаткасти плодови. А, има многу начини да подготвиме леблебии, грав, домат, спанаќ или која било друга растителна храна што ја сакаме и со која доаѓаме во контакт. Токму затоа Веге Водичот инспирира, поттикнува разновидност и препорачува соодветни количества.


 

Почетници или експерти, настојувањата се полесни со малку инспирација и неколку корисни помагала

Веге Подметнувач

Веге Подметнувачот, сојузник на Веге Водичот, ви открива детали за исхраната базирана на намирници од растително потекло, без разлика дали се работи за еден оброк, мени за еден ден или цела недела. Ги содржи сите предлози од чинијата - водич, совети за дневните порции и препораки за секоја категорија на храна. Секогаш имајте го при рака или во кујната или на фрижидерот.

Веге Водич подметач
 

Веге Водичот е дел од мисијата на Nestlé секој ден да го направи светот поздрав.

Дознајте повеќе за останатите Nestlé иницијативи во врска со исхраната.