Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
Финансии
Создавање на долгорочни вредности
Финансии
Посветени сме на постигнување на водечки финансиски перформанси во индустријата, со цврсто и здраво финансиско управување и ускладеност со финансиските политики. Наша цел е оптимизација на растот на компанијата Nestlé, паричните текови и повратот од инвестициите. Накратко, ние работиме на вистинските промени – со цел создавање на долгорочни вредности, и за акционерите и за друштвото во целост.
Нудиме голем избор на работни места во областа на финансиите, во распон од сметководство до даноци, од пензии до трезор, од трошоци до ревизија, и на пазарите и во заедничките центри за обезбедување на услуги. Нашите тимови обезбедуваат планирање и известување, како помош при донесување на одлуки, додека контролорите во деловните единици и помошните функции помагаат во постигнувањето на подобри перформанси во работењето и спроведувањето на стратегии.
Нашите луѓе во областа на финансиите се разликуваат како и нивните работни места – имено локалните финансиски тимови даваат поддршка во 180+ земји, во кои Nestlé ги продава своите производи. Oваа глобална мрежа ви овозможува големи можности да учите и да се развивате преку практичното искуство стекнато на работата или на курсевите во областа на финансии и раководење на Nestlé Aкадемијата за учење. Вие ја одредувате динамиката со која сакате да ги подобрите своите вештини.
Направете го нашиот тим Вашата следна дестинација во кариерата. Што и да е во вашиот фокус, предизвиците нема да ви недостасуваат и можете да бидете сигурни дека вашите идеи и експертиза ќе ја зголемат нашата конкурентност.
Бараме
Луѓе со деловна острина, аналитички вештини и вештини за решавање проблеми, самодоверба и енергија да ја завршат работата.
Доколку ги поседувате овие вештини, со највисоките стандарди на интегритет, тогаш нашиот тим е вистинското место за вас.