Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle.
Побарајте работа тука.
Синџир за снабдување и набавки
Играњето на оваа клучна улога на нашите купувачи и потрошувачи им обезбедува да можат да дојдат до квалитетни производи.

Синџир за снабдување
Експертите за синџирот за снабдување во Компанијата Nestlé играат клучна улога во обезбедувањето на нашите купувачи и потрошувачи да дојдат до квалитетни производи. За таа цел, ние соработуваме со комерцијалните тимови за изработка на прогнози за побарувачки, но и со нашите добавувачи ширум светот за да избереме материјали од одговорно избрани извори. Во согласност со операциите, ние балансираме со нивоата на инвентар така да воспоставуваме вистинско снабдување со нашите производи. Кога производите еднаш ќе се произведат, синџирот за снабдување е одговорен за безбедно складирање и транспорт на нашите производи поради целосно и навремено излегување во пресрет на потребите на нашите купувачи и потрошувачи. Ние сме координирана, агилна и адаптибилна организација која е посветена на постигнувањето на резултати, не само во синџирот на снабдување, туку и преку поддршката за постигнување на севкупните приоритети во работењето.
Стручните лица во синџирот за снабдување можат да изберат многу различни патишта во градењето на плодната кариера во Компанијата Nestlé. Без оглед на тоа дали ќе ни се придружите во секторот Планирања на побарувачки и снабдувања, Набавки, Физичка логистика или Услуги на купувачи, ќе ни помогнете да станеме поконкурентни во најголемата возможна мерка така што ќе не приближите до нашите купувачи и ќе обезбедите нашите производи да им бидат достапни на сите во вистинското време и во најдобрата возможна состојба.
Имајќи предвид дека во Компанијата Nestlé на располагање ви се голем број на можности, вие имате способност да ги менувате работите и локациите, дури и на глобално ниво.
Набавки
Како стратешки партнер во работењето, нашиот тим во Набавки ѝ помага на Компанијата да постигне одржлив раст. Експертите во Набавка на Компанијата Nestlé ѝ обезбедуваат материјал од одговорно избрани извори и создаваат вредност.Со локација во центарот во Швајцарија, Панама и Малезија, ова одделение обезбедува цел спектар на услуги, вклучувајќи и управување со набавка на конкретни суровини, амбалажа, посредни материјали и други услуги. Центрите исто така ги поддржуваат пазарите за управување со локалните трошоци.
За вас, тоа ќе значи можност да станете вистински стратешки партнер – така што ќе испорачувате одржлива вредност и ќе работите со бизнис, поради бизнис.
Nestlé го цени вашето искуство. Moжете да дојдете до позицијата која ја сакате на вашиот начин, а при тоа на располагање ќе ги имате сите алатки кои можат да ви помогнат да ја постигнете целта во градењето на вашата кариера. А сетот тоа е на глобално ниво, така да дури имате и многу опции во поглед на мобилноста.