Како глобална компанија овозможуваме многу можности. За вас тоа исто така може да значи меѓународна кариера која ги проширува вашето искуство и знаење.
Првата одлука која требате да ја донесете е за што сте пасионирано заинтересирани. Ние ги ангажираме студентите во приправничките програми и во програмите за стручна пракса и стажирање ширум светот, врз основа на различните области на нашето работење.
Mногу од нашите менаџери и високи раководители својата кариера во Компанијата Nestlé ја започнале како дипломирани студенти.
Некои од нашите почетнички позиции имаат исти заеднички карактеристики, како што се поединечна одговорност и автономија. Покрај тоа што ќе имате корист од најдобрата обука во училницата, потребна ви е двигателна сила за да го извлечете максимумот од нашата формална развојна програма и обуки на работата.
Ние ги охрабруваме нашите луѓе на својата кариера да гледаат како на патување и да го извлечат максимумот од мноштвото шанси кои ги овозможуваме. Тоа може да претставува бочен колосек за ширење на вашите знаења и продалабочување на вашето искуство, или напредување со поголема одговорност. Флексибилноста и способноста да се стекнете со долгорочен поглед се од суштинска важност. Бидете сигурни дека во преку 2.000 водечки брендови и страста за унапредување, во Компанијата Nestlé ништо друго не мирува – а најмалку мируваат нашите талентирани професионалци.