Sort by
Sort by
Нашиот корпоративен тим за комуникации игра важна улога како двигателна сила во срцето на Компанијата Nestlé. Тој работи во тесна соработка со другите функции и одделенија за да ги донесе погледите од надвор во компанијата, за да донесе конструктивни предизвици и за да ни помогне при утврдување на агендата за ангажираност на нашата компанија. Tимот за комуникации ни помага во постигнувањето на нашите деловни цели преку развој и спроведување на проактивни екстерни и интерни програми за комуникација. Тие даваат совети, предлагаат стратегија и планирање и обезбедуваат конзистентна и кредибилна комуникација со клучната интерна и екстерна јавност преку успешните експерти за комуникација ширум Компанијата. Целта на нашите активности е широк спектар кога се работи за јавноста, вклучувајќи ги и медиумите, NVO, меѓународните организации, клучните лидери во формирање на мислења, вработените, потрошувачите и пошироката јавност.
Oва се некои од областите каде би можеле да го продлабочите вашето стручно знаење во поглед на комуникацијата – било на локално или меѓународно ниво.
Oдноси со медиумите: настапување како глас на Компанијата надвор; одговорност за контакти со онлајн, радиодифузни и печатени медиуми.
Oдноси со јавноста: покривање на односите помеѓу Компанијата Nestlé со надворешните заинтересирани страни, со цел обезбедување на развој на политики како одговор на општествените промени.
корпоративна содржина и дигитална област: управување со корпоративни веб сајтови и канали на социјални мрежи, допирање до милиони потрошувачи, онлајн „инфлуенсери“ и заинтересирани страни секој ден. Интерна комуникација: фокус на ангажираноста на вработените.
Корпоративни работи во индустријата: одговорност за координација и ускладување на ангажирањето на Компанијата Nestlé во екстерни организации во индустријата и трговските организации со цел зајакнување на нашата позиција и влијанието на сегашната и идната агенда во индустријата.
Поттикнување и давање придонес на дијалогот во индустријата, како и соработка во поглед на развојот и спроведувањето на релевантни некомпетитивни најдобри практики и стандарди со цел колективно збогатување на вредностите на потрошувачите и купувачите на сите пазари. За да успеете морате да бидете многу заинтересирани за сегашните работи, бизнис, дигитални медиуми и социјални мрежи.