Нашите инженери се од суштинска важност за Nestlé тимот, бидејќи, благодарение на својот начин на размислување, фокусирани се на решенијата за унапредување на процесите, стратегијата за операции и изработка на проекти.
Инженерингот во целост одговара за основните средства и работењето на Компанијата Nestlé и обезбедува управување, стратегија, лидерство и способности, за да можат нашите ресурси да останат конкурентни, ускладени со прописите и безбедни. Инженерингот обезбедува новите средства и нивните стандарди, производи, системи и технологии да бидат осмислени и разместени со користење на заеднички, споделен и холистички пристап со цел лансирање. Исто така, инженеринг тимот управува со програмата за капитални вложувања на Групата.
Значи, што е потребно за да станете инженер во Компанијата Nestlé, и какви шанси ве очекуваат ако му се придружите на нашиот тим? Со обемното портфолио на брендови кои луѓето ги сакаат, потребна е вашата посветеност за тоа да испорачате врвен квалитет, а на располагање ќе имате цел свет на ресурси кој ќе ви помогне во тоа вашата кариера да тргне во различни насоки. Nestlé може да ви помогнеда ги претворите вашата амбиција и острото око за подобрување на процесите, во значителен резултат.
Aко сте подготвени да ги внесете вашата страст за работа и идеите во една организација со светска класа која умее да почитува лидерство и соработка, почнете, веќе денес, да ги истражувате можностите кои се отвораат пред вас!