Финансискиот тим ги иницира нашите платформи за раст, ги поддржува столбовите на нашите операции, врши влијание на финансиските рачки на нашите конкурентски предности и секогаш ги постигнува резултатите кои се очекуваат од него.
Ние го поддржуваме донесувањето на здравите работни одлуки и планирањето на иновации. Нормално, тоа исто така помага во оптимизација на нашиот пораст, паричните текови и повратот на заинтересираните страни. Ние сме посредници на вистинските промени – насочени кон создавање на долгорочни вредности.
Oваа функција има експерти во областите во распон од даноци до пензии, од управување со ризици до трезори, од ревизија до аквизација и развој на бизниси, како и интерни контроли. Постои и Одделение за поддршка при одлучување, конкретно за давање на помош во работењето при управување со известување. А работите се во распон од деловни партнери до фабрички контролори, контролори на функции, како што се Синџир на снабдување или Продажба.
Нашиот Финансиски тим нека биде следната дестинација во вашата кариера, а вие ќе следите и поднесувате извештаи за резултатите постигнати во нашето работење, ќе ги анализирате стратешките прашања и ќе завршувате одредени проекти. На што и да се фокусирате, никогаш нема да ви недостасуваат предизвици и можете да бидете сигурни дека вашите идеи и стручност ќе ја изострат нашата конкурентност.