Sort by
Sort by

Известување за приватноста на податоците на Nestlé

ОПСЕГ НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ

Ве молиме внимателно да го прочитате ова известување за приватноста на податоците (во понатамошниот текст "Известување") за да ги разберете нашите упатства и процедури во врска со вашите лични податоци и како ќе ги третираме. Ова известување се однесува на лица кои комуницираат со услугите на Nestlé  како потрошувачи (во понатамошниот текст "Вие"). Ова известување објаснува како вашите лични податоци се собираат, користат и објавуваат од страницата Nestlé  Адриатик Македонија д.о.о.е.л. Скопје, Булевар 8. Септември 16 (во понатамошниот текст "Nestlé", "Ние", "Нас"). Исто така, ви кажува како можете да пристапите и да ги ажурирате вашите лични податоци и да направите одредени избори кога станува збор за користењето на вашите лични податоци.

Ова известување ги опфаќа нашите активности за собирање на податоци онлајн и офлајн, вклучувајќи лични информации кои ги собираме преку разни канали, како што се веб-страници, апликации, социјални мрежи од трети лица, Службата за комуникација со потрошувачите, продажни места и настани. Имајте на ум дека можеме да собираме лични податоци од различни извори (од веб-страници, офлајн). Како дел од ова, ние ги комбинираме личните податоци првично собрани од различни правни лица на Nestlé  или партнери на Nestlé . Погледнете во делот 9 за повеќе информации за тоа како да го спречите ова.

Доколку не ни ги доставите потребните лични податоци (ние ќе ве известиме кога ова е случај, на пример, на тој начин што оваа информација ќе ја наведеме јасно во нашите формулари за регистрација),  но можеби нема да можеме да ви ги обезбедиме нашите услуги. Ова известување може да се менува повремено (види Дел 11).

Ова известување дава важни информации од следните области:

  1. ИЗВОРИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
  2. ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ ЗА ВАС И НАЧИНОТ КАКО ГИ СОБИРАМЕ
  3. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЦА
  4. КОЛАЧИ / СЛИЧНИ ТЕХНОЛОГИИ, ЛОГ ДАТОТЕКИ (LOG FILES) И ВЕБ СЛЕДАЧИ (WEB BEACONS)
  5. УПОТРЕБА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
  6. ОДДАВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
  7. ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
  8. ЧУВАЊЕ И / ИЛИ ПРЕНОС НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
  9. ПРИСТАП ДО ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
  10. ВАШ ИЗБОР ЗА ТОА КАКО ЌЕ ГИ КОРИСТИМЕ И ОТКРИВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
  11. ИЗМЕНА НА НАШЕТО ИЗВЕСТУВАЊЕ
  12. КОНТРОЛОРИ НА ПОДАТОЦИ И КОНТАКТ

1. ИЗВОР НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Ова известување се однесува на личните податоци што ги собираме од вас или за вас, преку методите опишани подолу (види дел 2) од следните извори:

Nestlé веб-страница. Страниците насочени кон корисници управувани од Nestlé , вклучувајќи и страници, кои ги уредуваме под нашите домени / URL адреси и мини-страници кои ги користиме на социјалните мрежи од трети лица, како што се Facebook (во понатамошниот текст "Веб-страници").

Nestlé  мобилни страници/апликации. Мобилни веб-страници или апликации кои се насочени кон корисници, управувани или користени од Nestlé , како што се апликации за паметни телефони.

Е-пошта, текст и други електронски пораки. Интеракција преку електронска комуникација помеѓу вас и Nestlé .

Nestlé CES. Комуникација со нашиот Центар за комуникација со потрошувачите (во понатамошниот текст "CES").

Офлајн формулари за регистрација. Печатена или дигитална регистрација и слични формулари кои ги собираме, на пример, преку обична пошта, демоснимки во продавницата, натпревари и други промоции или настани.

Рекламна интеракција. Интеракции со нашите огласи (на пр. Доколку реагирате на некоја од нашите реклами на веб-страница од трета страна, може да добиеме информации за оваа интеракција).

Податоци кои ги создаваме. Во текот на нашите интеракции со вас, можеме да создадеме лични податоци за вас (на пример Евиденција за вашите набавки од нашите веб-страници).

Податоци од други извори. Социјалните мрежи од трети лица (на пр. Facebook, Google), апликација за пораки (како што е WhatsApp), истражување на пазарот (доколку анонимно не даваат повратни информации), агрегатори на податоци од трети лица, промотивни партнери на Nestlé, јавни извори и податоци добиени кога купуваме други компании.

2. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОИ ГИ СОБИРАМЕ ЗА ВАС И КАКО ГИ СОБИРАМЕ

Во зависност од тоа како соработувате со Nestlé  (онлајн, офлајн, телефон итн.), ние собираме различни типови на информации од вас, како што е опишано подолу.

Лични информации за контакт. Ова ги вклучува сите информации што ни ги доставувате, што ќе ни овозможат да ве контактираме, како што се вашето име, поштенска адреса, e-пошта адреса, детали за социјалните мрежи или телефонски број.

Информации за пријавувањето на сметка. Сите информации потребни за да ви овозможат пристап до профилот на сметката. На пример: вашето корисничко име (Login ID) / eлектронска адреса(e-mail address), прекар, лозинка во неповратна форма и / или безбедносно прашање и одговор.
 
Демографски информации и интереси. Сите информации кои ги опишуваат вашите демографски карактеристики или однесување ( на пример: датум на раѓање, старост или возраст, пол, географска локација (Поштенски број / zip code) , омилени производи, хобија и интереси и информации за домаќинството или начинот на живот).

Информации за компјутерот/мобилниот уред. Секоја информација за компјутерскиот систем или друг технолошки уред што го користите за да пристапите на некоја од нашите веб-страници или апликации, како што се адресата на Интернет протоколот (IP) што се користи за поврзување на вашиот компјутер или уредите со Интернет, типот на оперативниот систем и типот на пребарувачот и верзијата. Доколку пристапите до веб страната или апликацијата на Nestlé  преку мобилен уред како паметен телефон, собраните информации исто така ќе вклучуваат, каде што е дозволено, единствениот ID на уредот, ID на рекламата, географската локација и други слични податоци за мобилниот уред.

Веб страници/информации за употребата на комуникациите. Додека се движите и комуницирате со нашите веб-страници или билтени, ние користиме автоматизирани технологии за собирање на податоци за да собереме конкретни информации за вашите постапки. Ова ги вклучува информациите како што се линковите што ги кликате, кои страници или содржини ги гледате и колку долго, како и други слични информации и статистики за вашите интеракции, како што се времето за одговор на содржината, преземањето грешки и должината на посети на одредени страници. Овие информации се снимаат со користење на автоматизирани технологии, како што се колачиња и веб бикони. Вие имате право да се спротивставите на користењето на таквите технологии, за повеќе детали, видете Дел 4.

Истражување на пазарот и повратни информации од потрошувачите. Сите информации што доброволно ги споделувате со нас за вашето искуство со користењето на нашите производи и услуги.

Содржина создадена од потрошувачот. Секоја содржина што ја креирате, а потоа ја споделувате со нас на социјалните мрежи од трети лица, или ако ја поставите на некоја од нашите веб-страници или апликации, вклучувајќи ја и употребата на апликациите на социјалните мрежи од трети лица, како што е Facebook. Примерите вклучуваат фотографии, видеа, лични приказни или други слични медиуми или содржини. Онаму каде што тоа е дозволено, ние ги собираме и објавуваме содржините што ги создава потрошувачот во врска со разни активности, вклучувајќи натпревари и други промоции, карактеристики на веб-страниците, ангажман на потрошувачите и социјалните мрежи од трети лица.

Информации за социјалните мрежи од трета страна. Сите информации јавно споделени на социјалните мрежи од трети страни или информации кои се дел од вашиот профил на социјалната мрежа од трети страни (како што е Facebook) и кои дозволуваат социјалните мрежи од трети страни да ги споделат со нас. Примерите вклучуваат основни информации за вашата сметка (на пример име, e-пошта адреса, пол, роденден, град каде што живеете, сликата на профилот, корисничко име, листа на пријатели итн.) и сите дополнителни информации или активности кои дозволувате да ги користат социјалните мрежи од трети лица. Добиваме информации за вашиот профил(или делови од него) на социјалните мрежи од трети страни  секој пат кога комуницирате или ја симнувате Nestlé  веб апликацијата на социјалната мрежа од трети страни, како што е Facebook. Како и кога користите социјална мрежа која е интегрирана во рамките на страницата на Nestlé  (како што е Facebook Connect) или кога комуницирате со нас преку социјалната мрежа на третата страна. За да дознаете повеќе за тоа како Nestlé  ги добива вашите информации од социјалните мрежи од трети страни, или да одберете да не се споделат информации на социјалните мрежи, посетете ја веб-страницата на релевантната социјална мрежа на третата страна.

Плаќање и финансиски информации. Секоја информација што ни е потребна за извршување на нарачката или која ја употребувате при купување, како што се информации за дебитни или кредитни картички (име на сопственикот на картичката, број на картичка, датум на истекување итн.) или други форми на плаќање (доколку се достапни). Во секој случај, ние или лицата кои ги обработуваат плаќањата за нас постапуваат со информациите за плаќањата и финансиски информации на начин кој е во согласност со важечките закони, регулативи и стандарди за безбедност, како што се PCI DSS.

Повици кон Nestlé CES. Комуникацијата со Nestlé CES може да се снима или да се слуша во согласност со важечките закони за локални оперативни потреби (на пример за потребите на квалитетот на испораката на услуги). Кога тоа го налага законот, ќе бидете известени за таква снимка на почетокот на вашиот повик.

Чувствителни лични податоци. Ние не се обидуваме да собираме или на друг начин да обработуваме чувствителни лични податоци во секојдневното наше работење. Кога е неопходно да ги обработиме вашите чувствителни лични податоци од било која причина, ние се потпираме на вашето претходно изјаснување за каква било обработка која е доброволна (на пр. за маркетинг цели). Доколку ги обработуваме вашите чувствителни лични податоци за други цели, ние се потпираме на следните правни основи: (i) откривање и спречување криминал (вклучувајќи спречување на измами); и (ii) усогласеност со применливиот закон (на пример во согласност со нашето известување за различностите).

3. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЦА

Ние не бараме и не собираме лични податоци за деца помлади од 14 години со намера. Доколку откриеме дека случајно сме собрале лични податоци за дете помладо од 14години, ние веднаш ќе ги отстраниме личните податоци на детето од нашите записи. Сепак, Nestlé може директно да собира лични податоци за децата на возраст под 14 години од родителот или старателот, со експлицитна согласност од тоа лице.

Исто така, свесно не бараме или собираме лични податоци од деца под 18-годишна возраст за целите на маркетинг комуникации.

4. КОЛАЧИЊА / СЛИЧНИ ТЕХНОЛОГИИ, ЛОГ ДАТОТЕКИ И ВЕБ БИКОНИ

Колачиња/слични технологии. Ве молиме погледнете го нашиот напис за колачиња за да дознаете како можете да управувате со подесувањата за колачиња и за детални информации за колачињата што ги користиме, како и целите за кои ги користиме.

Лог датотеки. Ние собираме информации во форма на лог датотеки што ги евидентираат активностите на веб-страницата и собираме статистички податоци за вашите навики за пребарување. Овие записи се генерираат автоматски и ни помагаат да ги решиме грешките, да ги подобриме перформансите и да ја оддржиме безбедноста на нашите Веб-страници.

Веб бикони. Веб биконите (исто така познати како "webbags") се мали низи од кодови кои доставуваат графичка слика на веб-страница или во е-пошта за пренос на податоци назад кон нас. Информациите собрани преку веб бикони вклучуваат информации како што се IP адреса, како и информации за тоа како сте одговориле на е- пошта кампања (на пример: Кога е отворена е- пошта, на кои линкови (врски) сте кликнале во е-пошта итн.). Ние ќе ги користиме веб биконите на нашите веб-страници или ќе ги вклучиме во е-пошта која Ви ја испраќаме. Ние ги користиме информациите од веб бикони за различни цели, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на тоа, известување за посети на сајтот, единствен број посетители, рекламирање, преглед на е-пошта и известување, како и персонализација.

5. УПОТРЕБА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Следните табели ги опишуваат различните цели за кои ги собираме и ги користиме вашите лични податоци, како и различните видови на лични податоци собрани за секоја намена. Имајте на ум дека сите овие намени не се релевантни за секој поединец.

За што ги користиме вашите лични податоци

Наши причини

Наши легитимни интереси

Услуги кои им ги нудиме на потрошувачите. Ние ги користиме вашите лични податоци за потребите на потрошувачките услуги, вклучувајќи го и одговорот на вашите прашања. Ова обично бара употреба на одредени лични податоци за контакт и информации во врска со причината за вашите прашања (на пр. Статусот на нарачката, технички проблем, прашање / жалба за производот, општи прашања итн.).

  • Исполнување на договорени обврски
  • Законски обврски
  • Наши легитимни интереси

  • Подобрување и развој на новите производи
  • Подобрување на ефикасноста

Натпревари, маркетинг и други промоции. Со ваша согласност (каде што е потребно), ние ги користиме вашите лични податоци за да ви обезбедиме информации за добра или услуги (на пример Маркетинг комуникации или кампањи или промоции). Ова може да се направи преку е-пошта, реклами, SMS, телефонски повици, апликација за пораки и писма до степен дозволен со важечките закони. Некои од нашите кампањи и промоции се пуштаат на страниците на трети лица и / или социјалните мрежи. Оваа употреба на вашите лични податоци е доброволна, што значи дека може да се спротивставите (или да ја повлечете вашата согласност во одредени земји) на обработката на вашите лични податоци за таа цел. За подетални информации за тоа како да ги промените вашите преференции за маркетинг комуникациите, видете ги деловите 9 и 10 подолу. За повеќе информации за нашите натпревари и други промоции, ве молиме погледнете ги официјалните правила или деталите објавени за секој натпревар / промоција.

  • Со ваша согласност (таму каде што е потребно)
  • Исполнување на договорени обврски
  • Наши легитимни интереси
  • Да утврдиме кои од нашите производи и услуги може да ве интересираат и да ве известиме за нив
  • Дефинирање на типовите на потрошувачи за новите производи или услуги

Социјални мрежи од трети лица: Ние ги користиме вашите лични податоци кога комуницирате преку функциите на социјалните мрежи од трети лица, како што се функциите “Ми се допаѓа“ (Like), за да ги насочиме рекламите кон вас и да се поврземе со вас на социјалните мрежи од трети лица. Можете да дознаете повеќе за тоа како функционираат овие функции, податоците од профилот што ги добиваме за вас и да дознаете како да се откажете од прегледувањето на известувањето за приватност на релевантни социјални мрежи од трети лица. Ги употребуваме вашите лични податоци за да креираме и доставиме комуникација до вас, вклучувајки ги социјалните медиуми, врз база на вашите интереси и вашите интеракции со нашите производи и услуги. Вашите лични податоци може да се споделат со други страни, како што се нашите партнери / даватели на услуги (на пр. Facebook, Google), со цел да се соопштат рекламни пораки.

  • Со ваша согласност (таму каде што е потребно)
  • Наши легитимни интереси

  • Да утврдиме кои од нашите производи и услуги може да ве интересираат и да ве известиме за нив
  • Дефинирање на типовите на потрошувачи за новите производи или услуги

Персонализација (онлајн и офлајн). Со ваша согласност (каде што е потребно) ги користиме вашите лични податоци за (i) да ги анализираме вашите желби и навики, (ii) да ги предвидиме вашите потреби врз основа на нашата анализа на вашиот профил, (iii) да го подобриме и персонализираме вашето искуство на нашите веб страници и апликации; (iv) да се осигуриме дека содржината од нашите веб-страници / апликации е оптимизирана за вас и вашиот компјутер или уред; (v) да Ви обезбедиме насочено рекламирање и содржина, и (vi) да ви овозможиме да учествувате во интерактивни функции кога ќе одлучите да го направите тоа. На пример, ние ја запаметивме вашата ID за најава / е-пошта адресата или прекар, за да можете брзо да се регистрирате следниот пат кога ќе ја посетите нашата веб-страница или да можете лесно да ги вратите артиклите што претходно сте ги поставиле во вашата кошница. Врз основа на овој тип на информации и со Ваша согласност (каде што е потребно), ние исто така Ви покажуваме одредени содржини на Nestlé  или промоции кои се прилагодени на вашите интереси. Вашите лични податоци може да се споделат со други страни, како што се нашите партнери / даватели на услуги (на пр. Facebook, Google), со цел да ви обезбеди персонализирано рекламирање и содржина. Користењето на вашите лични податоци е доброволно, што значи дека може да се спротивставите на обработката на вашите лични податоци за таа цел. За подетални информации за тоа како да се откажете, ве молиме погледнете го делот 10 подолу.

Други општи цели (на пр. Внатрешно или пазарно истражување, аналитика, безбедност). Во согласност со важечките закони, ние ги користиме вашите лични податоци во други општи бизнис цели како што се одржување на вашата нарачка, спроведување на внатрешно истражување или истражување на пазарот и мерење на ефикасноста на рекламните кампањи. Ние го задржуваме правото, доколку имате Нестле нарачки, тие нарачки да ги сведете во една нарачка. Ние исто така ги користиме вашите лични податоци за управување и работа со нашите комуникациски, информатички и безбедносни системи.

  • Со ваша согласност (таму каде што е потребно)
  • Законски обврски
  • Наши легитимни интереси

  • Подобрување на ефикасноста
  • Заштита на нашите системи, мрежа и персонал

Усогласување со законските обврски

Правни причини или спојувања / превземања. Во случај Нестле или неговиот имот да се стекнат или споени со друга компанија, вклучително и преку стечај, ние ќе ги споделиме вашите лични податоци со еден од нашите правни наследници. Ние, исто така, ќе ги откриеме вашите лични податоци на трети лица (i) кога тоа ќе го побара важечкиот закон; (ii) како одговор на судските постапки; (iii) како одговор на барање од агенции надлежни за спроведување на законот; (iv) да ги заштитиме нашите права, приватност, безбедност или имот или јавноста; или (v) да ги исполниме условите на кој било договор или условите на нашата Веб-страница.

  • Законски обврски
  • Наши легитимни интереси

  • Усогласување со законските обврски
  • Заштита на нашиот имот и персонал
 

6. ОДАВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Освен правните лица на Nestlé  споменати во делот за контрола на податоци и контакти (види оддел 12), вашите лични податоци ги споделуваме и со следните типови на организации од трети лица:

Даватели на услуги. Ова се надворешните компании кои ги користиме за да ни помогнат при управувањето со нашиот бизнис (на пр. развој на веб-страници, истражување на пазарот, услуги за поддршка, промоции, развој на веб-страници, анализа на податоци, CRC итн.). Давателите на услуги и нивниот одбран персонал можат да пристапуваат и да ги користат вашите лични податоци во наше име за конкретни задачи кои се бараат од нив, врз основа на нашите упатства и се должни да ги чуваат вашите лични податоци. Кога е потребно според важечкиот закон, можете да добиете листа на даватели на услуги кои ги обработуваат вашите лични податоци (видете го делот 12 за да не контактирате).

Компании на трети лица кои ги користат личните податоци за свои маркетинг цели. Освен во околностите кога ја давате вашата согласност, ние не даваме дозвола и не ги продаваме вашите лични податоци на трети лица за нивни маркетинг цели. Нивниот идентитет ќе биде откриен во моментот кога ќе побараме ваша согласност. На пример, може да споделиме со компанијата Meta Platform Ireland Limited (“Meta”), Google Ireland Limited („Google“) и други партнери одредени податоци во зависност од вашите активности на нашaта интернет страница, вашите интеракции на нашата интернет страница, употребата на Facebook Connect и информациите собрани од колачињата и слични технологии вклучувајки го и Facebook pixel. Ова ни овозможува да ја измериме ефективноста на нашите реклами, да ги подобриме нашите рекламни практики и ни помага да испорачаме  посоодветни реклами до вас и луѓето како вас (вклучувајки ги и социјалните медиуми како Facebook). За овој процес вршиме заедничка контрола со Meta. Конкретно за оваа обработка, Nestlé и Meta се предмет на овој Договор Додатокот за контролори кој ги одредува одговорностите на секоја страна во однос на заедничката обработка на личните податоци. Согласно овој Договор, од нас се бара да мора да го обезбедиме ова известување, но треба да го контактирате Meta сакате да ги остварите вашите права за заштита на личните податоци. Согласно ова, информации за обработката на личните податоци можат да се најдат во Политиката за податоци на Meta, како независен контролор, која е достапна на https://www.facebook.com/about/privacy. Слични одредби може да се применат и за други продавачи, на пр. ознаки на Google или други технологии. За да дознаете повеќе за обработката на личните податоци од страна на Google, можете да пристапите на врската Google’s Privacy & Terms site.

Примачи од трети страни кои користат лични податоци поради правни причини или поради спојување / стекнување. Ние ги даваме вашите лични податоци на трети лица од правни причини или во контекст на стекнување или спојување (за детали, види Дел 5).

7. ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Во согласност со важечките закони, ние ќе ги користиме вашите лични податоци колку што е потребно за да ги задоволиме целите заради кои вашите лични податоци биле собрани (како што е опишано во Дел 5 погоре) или да се придржуваме кон важечките законски барања. Личните податоци кои се користат за обезбедување персонализирано искуство (видете дел 5 за подетални информации) ќе се чуваат онолку колку што дозволуваат важечките закони.

8. ОДАВАЊЕ, ЧУВАЊЕ И / ИЛИ ПРЕНОС НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние користиме соодветни мерки (опишани подолу) за вашите лични податоци да бидат доверливи и сигурни. Сепак, имајте на ум дека ваквата заштита не важи за информациите што ќе ги одберете да ги споделите во јавноста, како што се социјалните мрежи од трети лица.

Лица кои имаат пристап до вашите лични податоци. Вашите лични податоци ќе бидат обработени од нашиот овластен персонал или агенти, во зависност од специфичните цели за кои се собрани вашите лични податоци (на пр. Нашиот персонал задолжен за заштита на потрошувачите ќе има пристап до вашата потрошувачка евиденција).

Мерки преземени во оперативни средини. Ние ги чуваме вашите лични податоци во оперативни средини кои користат разумни безбедносни мерки за да се спречи неовластен пристап. Ние ги следиме разумните стандарди за заштита на личните податоци. Преносот на информации преку Интернет, за жал, не е сосема безбеден и иако ние ќе настојуваме да ги заштитиме вашите лични податоци, не можеме да ја гарантираме безбедноста на податоците додека ги превземаме преку нашите веб-страници / апликации.

Мерки кои ги очекуваме од вас. Важно е и вие да имате улога во одржувањето на вашите лични податоци да бидат безбедни и сигурни. Кога се регистрирате за онлајн сметка, задолжително изберете лозинка за сметката која ќе биде тешко да се погоди и никогаш нема да ја откриете вашата лозинка на никого. Вие сте одговорни за чување на оваа лозинка како доверлива и за каква било употреба на вашата сметка. Доколку користите заеднички или јавен компјутер, никогаш не ја избирајте опцијата за зачувување на вашата ID / e-пошта или лозинка и не заборавајте да се одјавите од вашата сметка секогаш кога ќе завршите со работа на вашиот компјутер. Исто така, треба да ги користите сите поставки за приватноста или контролата што ги нудиме на нашата веб-страница / апликација.

Пренос на вашите лични податоци. Поради меѓународната природа на нашиот бизнис, можеби ќе треба да ги пренесеме вашите лични податоци во рамките на групацијата Nestlé , како и на трети страни, како што е наведено во Дел 6 погоре, во врска со намерите што се наведени во ова Известување за приватноста на податоците. Поради оваа причина, ние можеме да ги пренесеме вашите лични податоци во други земји кои можат да имаат различни закони и барања за усогласеност за заштита на податоците во однос на оние кои се применуваат во земјата во која се наоѓате.

9. ВАШИ ПРАВА

Пристап до личните податоци. Имате право на пристап, преглед и пребарување на физичка или електронска копија на информации за вас. Вие исто така имате право да побарате информации за изворот на вашите лични податоци.

Овие права може да се остварат со испраќање на e-пошта [email protected]    и [email protected] до нас или во писмена форма на адреса Булевар 8ми Септември бр.16 Скопје со доставување на копија од вашиот ID или еквивалентни детали (кога тоа се бара од нас и кога е дозволено со закон). Доколку барањето е поднесено од страна на лице во ваше име и не доставите доказ дека барањето е правно поднесено во ваше име, барањето ќе биде одбиено. Ве молиме имајте на ум дека сите информации за идентификација што ни се доставени ќе бидат обработени само во согласност со важечките закони.

Дополнителни права (на пр. измени, бришење на личните податоци). Кога ова е предвидено со закон, може (i) да побарате бришење, преносливост, корекција или ревизија на вашите лични податоци; (ii) ограничување на употребата и објавувањето на вашите лични податоци; и (iii) да се повикаме на која било од нашите активности за обработка на податоци.

Во согласност со важечкиот закон, може да ги имате и следните дополнителни права во врска со користење на вашите податоци за личност:

  • Право на приговор врз основа на ваши одредени околности за користење на вашите податоци за личност од наша страна или во наше име; и
  • Право на приговор за обработка на вашите податоци за личност од наша страна или во наше име, за потреби за директен маркетинг.

Имајте во предвид дека во одредени околности, ние нема да можеме да ги избришеме вашите лични податоци без истовремено да ја избришеме вашата корисничка сметка. Можеби ќе треба да задржиме некои од вашите лични податоци откако ќе побарате бришење, за да ги исполниме нашите правни или договорни обврски. Нам, исто така, може да ни биде дозволено според важечките закони да задржиме некои од вашите лични податоци за задоволување на нашите деловни потреби.

Кога е достапно, нашите веб-страници имаат посебна карактеристика која ви овозможува да ги гледате и уредувате личните податоци што сте ги доставиле. Имајте на ум дека бараме од нашите регистрирани потрошувачи да го потврдат нивниот идентитет (на пр. ID најава/e-пошта адреса, лозинка) пред да влезат или направат промена на информациите на нивната сметка. Ова помага за да се спречи неовластен пристап до вашата сметка.

Се надеваме дека ќе можеме да одговориме на прашањата за вашите лични податоци. Меѓутоа, доколку имате нерешени прашања, исто така имате право да се жалите до надлежните органи за заштита на податоците.

Бришење на сметка од нашата страница. Доколку на некоја од нашите веб-страници сте креирале своја сметка, истата можете да ја избришете на следниот начин:

  • Бришење на сметката директно на платформата: Доколку сакате да ја избришете вашата сметка креирана на нашата веб-страница, опцијата за бришење може да ја најдете на страницата "My Account", во делот "Account Settings". Сметката може да се избрише доколку кликнете на копчето  "Delete Account". За да се избрише сметката , ќе треба да ја внесете вашата лозинка. Имајте предвид дека вашата сметка веднаш ќе биде избришана и оваа акција е трајна, а губењето на податоците е неповратно.
     
  • Ако веб-страницата не дава можност да ја избришете сметката директно на платформата: Ако сакате да ја избришете вашата сметка креирана на нашата веб-страница, ве молиме контактирајте со нас (видете Дел 12). Откако ќе го добиеме вашето барање, ќе ги преземеме сите мерки за да ја избришеме вашата сметка. Поради внатрешните политики и технолошките ограничувања на Nestle, ве известуваме дека бришењето на вашата сметка ќе се изврши во рок од најмногу 30 дена. Ве молиме имајте предвид дека бришењето на вашата сметка е трајно и губењето на податоците е неповратно.

10. ВАШИ ИЗБОРИ ЗА ТОА КАКО ЌЕ ГИ КОРИСТИМЕ И ОДДАВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Ние се обидуваме да ви понудиме избори во врска со личните податоци што ги доставувате. Следниве механизми ви овозможуваат контрола врз вашите лични податоци:

Колачиња / слични технологии. Вие ја контролирате вашата согласност преку (i) нашето решение за управување со усогласеност или (ii) преку вашиот пребарувач да ги одбиете сите или некои колачиња / слични технологии или да ве предупреди кога тие се користат. Погледнете го делот 4 погоре.

Рекламирање, маркетинг и промоции. Може да дадете согласност за компанијата Nestlé  да ги користи вашите лични податоци за да ги промовира своите производи или услуги со означување на полињата кои се наоѓаат во формуларот за регистрација или одговарајќи на прашањето(ата), кои ги поставиле нашите претставници од CES. Доколку одлучите дека не сакате да добивате вакви комуникации, подоцна можете да се одјавите и да не добивате писма во врска со маркетинг во секое време, следејќи ги упатствата дадени во секоја таква комуникација. Да се откажете од маркетинг комуникации испратени од било кој медиум, вклучувајќи ги и социјалните мрежи од трети лица, можете во секое време да се одјавите со кликнување на линковите достапни во нашата комуникација, со пријавување на Веб-страници / апликации или социјалните мрежи од трети лица и со прилагодување на вашите кориснички преференции во профилот на вашата сметка со отстранување на соодветните полиња или со повикување на нашите CES. Имајте предвид дека, дури и ако се откажете од примање маркетиншки комуникации, сепак ќе добивате административни комуникации од Наша страна, како што се: потврди за нарачка или други трансакции, известувања за активностите на вашата сметка (на пр. потврди на сметка, промени на лозинка, итн.) и други важни објави кои не се поврзани со маркетингот. 

Персонализација (офлајн и онлајн): Доколку е потребно според законот, доколку сакате вашите лични податоци што ги користи Nestlé  да ви обезбедат персонализирано искуство / насочено рекламирање и содржина, можете да го наведете ова со означување на полето во формуларот за регистрација или со одговарање на прашањата поставени од страна на нашиот претставник од CES. Доколку одберете да не ја користите оваа персонализација, можете да се одјавите во секое време со пријавување на веб-страниците / апликациите и да ги прилагодите вашите кориснички преференции во профилот на вашата сметка преку отстранување на соодветните полиња или со повикување на нашата CES.

Насочени реклами. Ние сме партнери со огласни мрежи и други даватели на услуги за огласување (во понатамошниот текст "Огласувачи") кои огласуваат во наше име и други не-поврзани компании на Интернет. Некои од овие реклами се прилагодени на вашите интереси врз основа на информациите собрани на веб-страниците на Nestlé  или на не-поврзаните веб-страници со текот на времето. Можете да ја посетите www.aboutads.info/choices за да дознаете повеќе за ваквите огласувања и како да се откажете од типот на огласувања врз основа на интересите на компаниите кои учествуваат во саморегулаторната програма Дигитален рекламен сојуз (DAA). Покрај тоа, можете да го исклучите овој тип на огласување во мобилните апликации од компаниите кои учествуваат во апликацијата DAA AppChoices со преземање на апликација од iOS или Android продавниците за апликации. Можете исто така да го стопирате собирањето на прецизни податоци за локацијата од вашиот мобилен уред со пристап до поставките за услугата за локација.

11. ИЗМЕНА НА ОВА ИЗВЕСТУВАЊЕ

Доколку го смениме начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци, ние ќе го ажурираме ова Известување. Го задржуваме правото да ги менуваме нашите практики и ова известување во секое време и ве замолуваме почесто да проверувате дали има какви било ажурирања или измени во нашето известување.

12. КОНТРОЛИ НА ПОДАТОЦИ И КОНТАКТ

За да поставувате прашања или да коментирате за ова Известување и нашите практики за приватност или да поднесете жалба на важечките закони за приватност, контактирајте не нас на: Булевар 8. Септември 16 Скопје пишете ни на [email protected] или јавете се на нашиот CES 0800 00 200.

Исто така, можете да го контактирате нашиот контакт за заштита на податоци преку електронска пошта на: [email protected], по пошта: Булевар 8ми Септември 16 Скопје. 

Ќе ја признаеме и испитаме секоја жалба на начинот на кој управуваме со вашите лични податоци (вклучувајќи ја и жалбата дека сме ги прекршиле Вашите права според важечките закони за приватност).

 

Контролори на податоци

Одговорни за

Nestlé  Адриатик Македонија д.о.о.е.л. Булевар 8ми Септември 16 Скопје

Сите активности