Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle.
Побарајте работа тука.
Истражување и развој
Од самиот почеток, иновацијата е во сржта на нашата Компанија.

Од самиот почеток, Иновациите се во сржта на нашата Компанија. Без оглед на тоа дали се работи за практични причини, здравје или задоволство, нашиот R&D тим креира производи, системи и услуги во кои можете да имате доверба и кои можат да придонесат за подобрување на квалитетот во животот на луѓето. Нашиот R&D тим иницира проекти кои одат од развој на амбалажа и опрема до креирање на храна и освежителни пијалаци за пилот проектите „Solar Impulse”, прв обид на светот од тој да се испрати на пат околу светот со авион напојуван со сончева енергија; работење со Империјалниот колеџ во Лондон за унапредување на исхраната, или производство на ситни коцкички бујон против недостаток на железо.
Нормално, постои цел спектар на проекти за научници, инженери, нутриционисти, прехрамбени технолози, проектанти, експерти во областа на законодавството, претставници на заштитата на потрошувачите, кои можат да учествуваат во тоа. Нашата R&D мрежа е најголема мрежа од тој вид во прехрамбената индустрија со 40 R&D центри, 4.800 научници и истражувачи кои работат ширум светот.
Можете да ни се придружите во различните области:
Nestlé центрите за производна технологија: The Product Technology Centres (PTCs) oбезбедуваат експертиза на техничкиот развој за нашите процеси на производство и пакување. Секој е ускладен со одредено работење и со одредени категории на производи – како таков, секој центар настапува како глобален центар. На пример, швајцарскиот PTC нуди know-how за кафе, освежителни напитоци, житарки, млечни и нутритивни производи ширум светот.
Nestlé групите за примена: Nestlé Application Groups се припоени кон поединечните Nestlé фабрики; oвие наши групи за примена проверуваат дали нашите производи ги одразуваат вкусовите на локално ниво. Исто така, тие работат со PTC за испитување на научни примени. Тука ќе добиете широко знаење во многуте области, од негата на домашните миленици со Purinа до чоколадите со KitKat производите.
Центри за фундаментални истражувања: Nestlé институтот за здравствени науки (Nestlé Institute of Health Sciences) oбезбедува спроведување на биомедицинското истражување во персонализирана исхрана на база на наука. Nestlé Центарот за истражување обезбедува научно знаење и истражувачка база за обновување на производи и иновации. Клиничката развојна единица обезбедува медицинска експертиза и управува со клиничкото испитување за Компанијата ширум светот.
На мојата работа се запознавам со нови технологии и вештини. Градењето на знаења за Nestlé додека ги унапредувам сопствените технички вештини е „win-win“ ситуација. Можам да предводам други технички експерти и да учам од нив.
Pagination