Sort by
Sort by

Истражување и развој (R&D)

Во рамките на R&D, посветени сме на развој на иновативна храна, напитоци и нутритивно здрави решенија за луѓето и за домашните миленици во сите фази од нивниот живот.

Четирите илјади вработени кои работат во рамките на R&D функцијата ширум светот - од научници и инженери до регулаторни експерти и кулинарски шефови - се клучот за нашиот успех. Тие придонесуваат кон нашиот раст со продорот на своите истражувања кои брзо се претвораат во производи и услуги кои се добри за потрошувачите и за планетата.

Working innovation

Ако ни се придружите, можете да работите на следната генерација храна заснована на растенија, пристапна исхрана, најсовремени машински системи, одржливи решенија за амбалажа или нови аналитички технологии за осигурување на безбедност на храната. Техничката поддршка за фабриките на компанијата Nestlé ширум светот е исто така витален дел од нашиот бизнис.

Покрај работните места со целосно работно време, младите луѓе ги поддржуваме и преку програмата за приправништво и стажирање, а финансираме и докторски и постдокторски студии во различни области од науката за храна и прехрамбената технологија во рамките на одделението за истражување на Nestlé. На пример, Nestlé Institute of Health Sciences PhD program (pdf, 130Kb) (Докторска програма на Nestlé Институтот за здравствени науки) на студентите им овозможува единствена можност да стекнат вештини и компетенции неопходни за вршење на независни експериментални истражувања за исхраната и здравјето.

Можете исто така да аплицирате за отворен предизвик на нашата R+ D Accelerator мрежа лоцирана ширум светот. Тука малите тимови студенти, стартап претпријатија и Nestlé „интрапретприемачи“ работат на забрзување на развојот на иновациите во областа на храната и напитоците.

Plastics research

Бараме

Пријателски расположени луѓе, кои покажуваат почитување и кои се инспиративни за средината, кои се грижат за луѓето и домашните миленици, чиј живот е во нашиот секојдневен фокус.

Ќе имате поддршка во клучната R&D дисциплина –во сѐ, од развој на производите, исхрана и здравје, наука и технологија и кулинарство, па сѐ до регулаторните и правни аспекти – и ќе бидете мотивирани да покренувате иновации во претприемничкиот дух која ја ослободува силата на храната и кој ни овозможува да развиваме производи и услуги кои се добри за вас и за планетата.

Prototype testing

Уживам во тоа да бидам проектант на производи во Nestlé R&D, затоа што таа средина ми дава слобода да создавам и истражувам. Луѓето овде навистина се со отворен ум во смисол на испробување на нови работи, и ми помагаат сама да донесувам одлуки и да дејствувам – да испорачувам сигурни, висококвалитетни и одржливи производи. Нашата функција е полна со фантастични луѓе и ресурси, кон кои можам лесно да пристапам и кои ми помагаат во личниот и професионалниот развој.

Janice
Џенис