Работете во Nestlé
Заедница на луѓе со заедничка цел
Ние во Nestlé веруваме во моќта на храната која го подобрува квалитетот на животот на луѓето. Водени од оваа цел, нашата цел е да ја отклучиме моќта на храната и пијалаците за да го подобриме квалитетот на животот за сите, како денес, така и за идните генерации.
Нашите луѓе се тие што го овозможуваат тоа. Тие стојат зад силата на нашите брендови, квалитетот на нашите производи и иднината на нашето работење. Нивните идеи и напори ги поместуваат нашите граници, поттикнуваат иновации и ни помагаат постојано да се усовршуваме и да постигнуваме значајни резултати. Откријте на кој начин можете да придонесете за формирање на подобра иднина за сите нас.
Иновирајте, експериментирајте и поттикнувајте промени
Најдете место за учење, развој и растење
Присутни во 185 земји низ светот, на сите им нудиме платформа за учење, растење и развој на потенцијалот.
Обемот на нашето работење дава можност за развој на кариера на глобално ниво, во рамките на различни брендови и производи, како и можност да учите од колегите околу вас. Во исто време, Ве охрабруваме и зајакнуваме да станете најдобрата верзија од себе.
Управувајте со својот напредок и бидете љубопитни, флексибилни и амбициозни при усвојувањето на нови знаења.
Придонесете за развојот на нашето исклучително портфолио
Oстварете влијание
Придобивки
Кога ќе му се приклучите на Nestlé, ќе уживате во големиот број атрактивни придобивки за вработените:
-
Конкурентен надоместок за работаta Посветени сме на целта да им обезбедиме на нашите вработени раст и развој, признание за нивниот придонес, конкурентна заработка, варијабилна заработка, како и придобивки. Вработените можат да уживаат и поволности во вид на планови за штедење, осигурување, кредити, како и попусти при купување или бесплатни производи на Nestlé.
-
Придобивки поврзани со локацијата на работа Нашите работни средини се многу разновидни. Во зависност од Вашата работа и локација, може да имате придобивки на пр. во поглед на флексибилните можности во врска со работата, учество во волонтерски програми, можност да го доведете домашното милениче на работа и многу други работи.
-
Меѓународна мобилност Ви нудиме шанса да ја развиете својата кариера во различни земји низ светот. Moбилноста на глобално ниво има важно влијание во развојот на таленти и брендовите на Nestlé.
-
Здравје и благосостојба на работа Нашата здравствена програма за вработените подразбира холистички пристап кон развивање и одржување на здрав начин на живот и вклучува редовни прегледи на физичкото и менталното здравје, здравствена заштита, ресторани и фитнес центри за вработените, како и спортски и други активности на работното место.
-
Поддршка на вработените Повеќе од кога било, важно е да имате професионална и емоционална поддршка на работа. Обезбедивме пристап до менторски и коучинг програми со цел обезбедување на помош при напредување во професионалната кариера, како и програми за поддршка на менталното здравје каде професионалните советници Ви помагаат да ги надминете неочекуваните настани или чувствата на преоптоварување.
-
Oтсуство за родителите Со најмалку 18 недели платено родителско отсуство за примарниот негувател, со можност за дополнително отсуство, на Вашето ново семејство му овозможуваме одличен почеток на заедничкиот живот. Местото каде што работите може да обезбеди дополнителни придобивки и ресурси во форма на простории за хранење или дневен престој за деца.