Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
Комуникации
Ширење на пораки
Комуникации
Нашите професионалци во областа на комуникацијата градат наратив за тоа како нашата компанија и производите помагаат во создавањето на посреќна и поздрава иднина за луѓето, заедницата и планетата.
Ние ѝ се обраќаме на пошироката публика, вклучувајќи ги медиумите, невладините организации, меѓународните организации, клучните лидери во формирањето мислење, вработените, потрошувачите и пошироката јавност.
Наша експертиза
Ние ви нудиме можности на локално и на меѓународно ниво да ја продлабочите својата експертиза во сите аспекти на корпоративните комуникации:
-
Односи со медиумите Вие ќе бидете гласот на компанијата одговорен за односите со онлајн, емитуваните и печатените медиуми. -
Јавни работи Вие ќе градите и одржувате односи со екстерни заинтересирани страни и ќе ги претставувате интересите на компанијата пред широкиот спектар на надворешни страни. -
Дигитални комуникации Вие ќе изработувате стратегии и содржина за комуникација со дигиталните медиуми и социјалните мрежи, за да придонесете во управувањето со пазарната вредност на брендот Nestlé и корпоративниот углед. -
Интерни комуникации Вашата работа ќе помогне да се изгради ангажман, што ги мотивира вработените и ги прави горди што работат за Nestlé.
Бараме
Добро организирани луѓе, кои лесно управуваат со повеќе проекти во средина која се карактеризира со брза динамика и брзи промени.
Ќе бидете тимски играч отпорен на стрес кој може да изгради односи со широк спектар на заинтересирани страни.
Вашиот проактивен став во смисол „јас можам да го направам тоа“ е надополнет со добро развиеното чувство за креативност. Агилноста, упорноста и ориентацијата кон постигнување резултати се од клучно значење.