Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
Студенти и дипломци

Можности за развој
Ние размислуваме како иноватори. Ја прифаќаме различноста. Работиме агилно. И со околу 270.000 вработени во 186 земји, ние сме од таков обем што можеме позитивно да влијаеме на животите на луѓето. Затоа, ако сакате тоа што го правите да има некакво влијание, Nestlé ви нуди инспиративни можности на почетокот на вашата кариера низ целиот свет.
Клучни програми

Стажирање
Стажирањето во компанијата Nestlé ќе ви овозможи скапоцено директно практично искуство, менторство и практична обука во работна средина што е релевантна за вашето поле на студирање.
Ќе видите од прва рака како ги решаваме деловните предизвици од реалниот живот низ нашиот синџир на вредности и ќе стекнете увид што ќе ви даде предност на почетокот на вашата кариера.
Стажирањето трае од еден до шест месеци во зависност од проектот.
Достапност: Глобалнo

Приправничка пракса
Приправничката пракса во компанијата Nestlé вклучува спој на обука, платено стекнување искуство на работното место со образование во училница.
Фокусирани на технички или стручни теми, овие програми кои траат две до три години ве подготвуваат за успешна кариера и ги развиваат вашите меки вештини и професионализам.
Ние нудиме широк спектар на програми за приправничка пракса на различни нивоа во во компанијата Nestlé, од кои секоја обезбедува значителни можности во нашите тимови.
Достапност: Глобалнo
Oстанати програми
Nesternship програми
Nesternship програмите претставуваат ’полу-виртуелно’ платено стажирање каде што работите на проекти на Nestléво реален живот од сопствена локација. Тие ќе ви помогнат да ги подобрите своите дигитални вештини, вашиот претприемнички дух, како и вашата агилност да се носите со различни ситуации. Програмите Nestership се додадена вредност на редовното стажирање во Nestlé, така што можете да работите и во нашите простории кога е потребно.
Достапност: Европа, Блискиот Исток, Африка, Океанија, Азија
Program obuke za menadžere
Се состои од три елементи – искуство, вмрежување и образование – оваа програма која трае од 18 до 24 месеци е дизајнирана да ги развие луѓето како идни лидери во компанијата Nestlé. Тоа е имерзивно искуство за учење што ви дава холистички поглед на нашето работење и како функционира.
Достапност: САД, Индонезија, Сингапур, Малезија, Тајланд, Африка
Програма за обука на дипломци
Оваа програма за ротација која трае од две до три години наменета е да ја забрза кариерата за избраните кандидати. Ќе работите на различни позиции во вашиот регион - на пример ИТ, Маркетинг, Продажба, Човечки ресурси (HR), Синџир на снабдување, Финансии, Исхрана или Дигитално производство - и ќе уживате во обуката и можностите за учење во текот на програмата.
Достапност: Европа, Блискиот Исток, Океанија, САД, Канада, Латинска Америка
Да слушнеме што велат нашите колеги
Фредерике - студент работи во HR во Нордиските земји
Започнав како специјалист за кафе во Nespresso бутик во Копенхаген пред да почнам да работам како студент во Нордискиот HR Tим.
Програмата ’На компанијата Nestlé потребни ѝ се МЛАДИ (Youth)’ ми овозможи да стекнам многу нови вештини и нови знаења, а што се однесува до иднината, се надевам дека ќе можам да направам нешто значајно за Nestlé на ист начин како што Nestlé прави нешто значајно за мене.


Кристофер - Студент, PhD обука во Институтот за здравствени науки на Nestlé, Швајцаријa
Проучувам како интрацелуларните и диететските метаболити влијаат на митохондриите и на клеточната биоенергетика. PhD програмата во Институтот за здравствени науки на Nestlé е единствено искуство кое ги проширува моите хоризонти и перспектива.
Учам од стручни научници кои работат во најсовремени лаборатории и добивам скапоцено знаење од професионалци - да ме подготват за светот на работата.


Минхал - Студент, Nesternship, Nestlé Пакистан
Предизвикувачко, инспиративно и трансформативно се зборовите што го дефинираат моето искуство во Nestlé.
Работењето на проекти за инклузивност, брендирање на работодавачи и ангажманот на младите беа можност да ги усовршам своите вештини преку професионален и личен раст.

