Без разлика дали имате повеќе годишно работно искуство или само што дипломиравте, за Вас секогаш постои шанса за вработување во Nestle. Побарајте работа тука.
Истражувањето и развојот
Наша визија
Истражувањето и развојот претставуваат клучна конкурентна предност со чија помош компанијата Nestlé стана светски лидер во прехранбената индустрија во областа на исхраната, здравјето и здравиот живот.
Со вкупно 29 локации за истражување, развој и технологија низ целиот свет, Nestlé ја има најголемата мрежа на центри за истражување и развој, во споредба со другите прехранбени компании.
Мрежата на центри за истражување, технологија и развој на Nestlé, заедно со тимовите за примена на истите на локалните пазари, има вработено над 5.000 луѓе.
Nestlé постојано ја зајакнува мрежата на центри за истражување и развој со помош на иновативни партнерства во секоја фаза од развојот на производството – од раната фаза на соработка со новоснованите и компаниите што се занимаваат со биотехнологија, сè до партнерства во подоцните фази со клучните доставувачи.
Поврзувајќи ги сите свои глобални ресурси за истражување и развој, Nestlé нуди висококвалитетни и сигурни производи за потрошувачите низ целиот свет, без разлика дали станува збор за исхрана, здравје, здрав живот, вкус, текстура или за квалитет.
Покрај тоа, Nestlé на своите потрошувачи им нуди производи со врвен квалитет, кои се безбедни за консумација.
Исто така, Nestlé своите производи ги усогласува со законската регулатива. Nestlé брзо и ефикасно ги лансира новите производи во земјите низ целиот свет, вклучувајќи ја службата за правни работи во своите активности, од почеток па сè до крај.
Улогата на истражувачите на Nestlé е да им укажат на потрошувачите за корисните ефекти на производите на Nestlé врз здравјето и здравиот живот.
Nestlé-нутриционистите во целиот свет гарантираат дека на пакувањата или надвор од нив, јасно и во согласност со локалните закони, е прикажана нутритивната вредност на производите.
Nestlé-центрите за истражување и развој ја истражуваат исхраната и науката за исхрана на два начина:
- Од потребата на потрошувачите до приоритетите на истражувањето.
- Од појавата на науката до корисни ефекти и услуги за потрошувачите.
Nestlé-центрите за истражување и развој имаат долгорочна визија. Преку овие интернет-страници е даден приказ како Nestlé-центрите за истражување и развој помагаат во формирањето на иднината на исхраната.