Намалување на отпадот
Нашата цел е ниедна амбалажа да не заврши во депонија или да предизвика загадување
Амбалажата ги заштитува храната и пијалаците, го обезбедува квалитетот и свежината на производот, дава информации за нутритивната вредност на производот и спречува загадувањето со отпад од храна.
Но, овие клучни потреби не треба да предизвикуваат штета на планетата. Затоа е клучно да го намалиме отпадот, да управуваме со рециклираните материјали и да ја зголемиме можноста за нивно рециклирање и повеќекратна употреба. Нашата визија е амбициозна: свет во којшто ниедна амбалажа на Nestlé, вклучувајќи и пластика, не завршува во депонија и не предизвикува загадување.
Амбалажата е важен дел и од справувањето со глобалните предизвици со отпадот од храна. Го разгледуваме сопственото работење, соработуваме со колеги од индустријата и ги едуцираме потрошувачите.
Нашиот напредок кон поодговорни амбалажи
Придонеси за ЦОР
Поддршка за циркуларната економија
Го поддржуваме создавањето циркуларна економија преку нашата работа на подобри амбалажи, помалку амбалажи и подобри системи. Оваа работа вклучува намалување на употребата на необработена пластика, тестирање на системите за повеќекратна употреба, зголемена употреба на хартиени амбалажи и создавање шеми за собирање, сортирање и рециклирање отпад што функционираат соодветно во сите земји каде што работиме. Јазот во глобалната инфраструктура е значителен и не сме директно надлежни за тоа – но соработуваме со партнерите низ светот за да создадеме модел за успешни практики за собирање отпад. Исто така, го поддржуваме воведувањето нови закони и прописи со цел подобрување на еколошкиот профил на амбалажите и забрзан развој на неопходната инфраструктура за собирање, сортирање и рециклирање материјали.
Пристап до податоци за перформансите за намалување на отпадот
Преземете го списокот на нашите обврски и поврзаните KPU во датотеката: Нефинансиски извештај Додаток 4: Животна средина - Користење на ресурси и циркуларна економија (pdf, 4Mb).

