Sorry, you need to enable JavaScript to visit this website.
Sort by
Sort by

Нашата стратегија за амбалажи

станица за храна за миленичиња

Посветени сме да придонесеме за создавањето иднина без отпад.

Нашата визија е ниедна наша амбалажа да не заврши во депонија или да предизвика загадување. Помагаме во создавањето иднина каде што паметно дизајнираните амбалажи, иновативните нови материјали, подобрената инфраструктура за рециклирање и амбалажите за повеќекратна употреба може да спречат загадување на копното и океаните. Целта е амбициозна, но одлучни сме да ја постигнеме.

Потребно е учество од сите општествени нивоа. Како член на Иницијативата за нова економичност со пластика на Фондацијата „Елен Мекартур“, правиме заложби да играме активна улога во развивањето добро осмислени шеми за собирање, сортирање и рециклирање отпад во земјите каде што работиме. Јазот во глобална инфраструктура е значителен и не сме директно надлежни за тоа – но работиме да создадеме успешни системи за собирање на ресурси и наплата со партнерите низ светот.

Активно се застапуваме за усогласено и подобрено регулирање на пост-консумерските ресурси и упатуваме апел до владите да го забрзаат процесот за развивање инфраструктура. Застапници сме Договорот на ОН за загадување со пластика да стане правно обврзувачки, со надеж дека ќе доведе до нови, усогласени национални закони.

Како работиме на тоа да го намалиме штетното влијание на нашите амбалажи

Title
Амбалажи кои се погодни за рециклирање, повеќекратна употреба и/или компостирање

Subtitle
Процент
Bottom Text

*Според Фондацијата „Елен Мекартур“: „Заложби за нова економичност со пластика - Заложби, визија и дефиниции“ (февруари 2020 година)

Title
Амбалажи направени од рециклирани и/или обновливи материјали

Subtitle
Процент
Bottom Text

Амбалажи направени од рециклирани и/или обновливи материјали

896.6 Килотони

Нашата стратегија за амбалажи од пет столба

Стратегијата за амбалажи е заснована на научни податоци и корисни информации од водечката работа на Институтот за наука поврзана со амбалажи на Nestlé, којшто е единствениот институт за истражување од тој вид во прехранбената индустрија. Основан во 2019 година, во Институтот работат околу 50 експерти за амбалажи кои се посветени на создавање на следната генерација одржливи материјали за амбалажи.

Институтот помага да се развие дизајнирањето на амбалажи. Развива системи за амбалажи за повеќекратна употреба, создавајќи поедноставени или рециклирани материјали за амбалажи и создава хартија со голема издржливост и биоматеријали кои се биоразградливи и погодни за компостирање.

Стратегијата се заснова на пет столбови:

Помалку амбалажа – намалување
Сакаме да користиме помалку материјали во амбалажите, вклучувајќи и необработена пластика, чијашто употреба планираме трикратно да ја намалиме до 2025 година, во споредба со одредницата од 2018 година.
Столб 1
Помалку амбалажа – повеќекратна употреба
За да ја отстраниме потребата од амбалажи за еднократна употреба, работиме на тоа да ја укинеме употребата на нерециклирачка пластика и инвестираме во иновативни и алтернативни системи за испорака.
Столб 2

Примери за начинот на којшто ги спроведуваме тоа се отстранување непотребни пластични капаци, додатоци, слоеви и фолии, а во некои земји и постепено укинување на амбалажи што обично не се рециклираат.

На пазарот во Латинска Америка пласиравме неколку иновативни амбалажи: преосмислување на дизајнот на еднократните кесички за кафе на брендовите „Nescafé“ и „Mahler Bouillon“ со цел да се намали употребата на пластика во амбалажите за повеќе од 200 тони.

Во Кина, Nescafé ја намали употребата на пластика во шишињата со готово кафе, заштедувајќи 1733 тони пластика годишно.

Повеќето од овие решенијата веќе се користат на пазарите низ светот, вклучувајќи шишиња за повеќекратна употреба во Индонезија коишто ги создадовме со техничкиот партнер „Algramo“ и непрофитната организација „Enviu“. Новите системи беа тестирани за „Milo“ и „Koko Krunch“, во партнерство со локалните трговци на мало во Индонезија

Подобрена амбалажа – преосмислен дизајн
Соработуваме со партнери од индустријата на создавање нови материјали и решенија за амбалажи.
Столб 3
Подобар систем – рециклирање
Работиме на тоа да придонесеме за спречување на загадувањето на животната средина со пластика во сите наши претставништва во светот.
Столб 4

Примери за начинот на којшто ги спроведуваме тоа се отстранување непотребни пластични капаци, додатоци, слоеви и фолии, а во некои земји и постепено укинување на амбалажи што обично не се рециклираат.

На пазарот во Латинска Америка пласиравме неколку иновативни амбалажи: преосмислување на дизајнот на еднократните кесички за кафе на брендовите „Nescafé“ и „Mahler Bouillon“ за да се намали употребата на пластика во амбалажите за повеќе од 200 тони.

Во Кина, Nescafé ја намали употребата на пластика во шишињата со готово кафе, заштедувајќи 1733 тони пластика годишно.

Даваме поддршка за инфраструктурата за собирање, сортирање и рециклирање на отпад во земјите каде што се продаваат нашите производи, а во некои земји, целта ни е да собираме и рециклираме толку пластика колку што користиме во нашите производи, според принципот „употребен еден тон, собран еден тон“.

На пример, во Малезија, Nestlé оствари соработка со градот Петалинг Џаја за да се промовира програма за собирање и рециклирање отпад од-врата-до-врата, како иницијатива за закрепнување на доброволна основа. Програмата на ОН за животна средина (УНЕП) и Министерството за животна средина на Малезија ја дадоа признание за најдобра практика за одвојување кај изворот.

Подобар систем – промена на однесувањето
За справување со предизвикот со пластичен отпад е потребна темелна промена на нашето однесување, вклучувајќи ја и Nestlé, партнерите трговци на мало, добавувачите и потрошувачите.
Столб 5

Обезбедивме обука за одржливост на амбалажите за нашите вработени и имаме за цел да ги едуцираме и охрабриме другите преку разни програми и кампањи, што ќе им помогне на сите да замислат иднина без отпад. Примери за тоа се видеата за собирање на капсулите со кафе на „Nespresso“, дигиталната платформа „Dove Lo Butto“ во Италија, што им помага на потрошувачите да ја идентификуваат најблиската локација за одлагање на амбалажите, и кампањите за едукација на потрошувачите на „Nescafé Dolce Gusto“ во Германија и Мексико.

Во САД, Nestlé Health Sciences ја укина употребата на заштитните капаци за витамини и суплементи кои тешко се собираат и рециклираат. Нашите брендови „Pure Encapsulations“ и „Atrium Innovations“ ја поддржаа иновацијата со дигитална кампања.

Нашите брендови „Nescafe Dolce Gusto“ и „Nespresso“ на пазарот во Бразил, Франција и Швајцарија пласираа капсули со кафе погодни за компостирање. Дигиталната кампања и пакет информациите преку кои се апелираше раздвојување на органскиот отпад во домаќинството и материјалите погодни за компостирање помогнаа да се подигне свеста на потрошувачите.

Работа а плантажа