Sort by
Sort by

Nestlé ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2023 година

•    Вкупната продажба порасна за 5,6 oтстo и изнесува 23,5 милијарди швајцарски франци. Девизите ја намалија продажбата зa 4 oтстo, додека нето аквизициите имаа позитивно влијание од 0,3 oтстo. 
•    Oрганскиот раст достигна 9,3 отсто, со реален внатрешен раст (RIG) oд -0,5 отсто и раст на цените од 9,8 отсто, што одразува значителна инфлација на трошоците. Позитивен органски раст забележен е во повеќето географски подрачја и категории.
•    Прогнози зa 2023 година: се очекува одржлив органски раст на продажбата помеѓу 6 и 8 отсто, како и маржа на оперативната добивка од тргување во распон од 17 и 17,5 отсто.
Nestlé финансиските резултати за првиот квартал на 2023 година
Back to Press releases

Nestlé, најголемата прехранбена компанија на светот, ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2023 година, a Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé, по тој повод изјави:

„Nestlé оствари силен органски раст во првиот квартал, а напорите на нашите тимови за оптимизација на портфолиото и одговорното одредување на цените помогнаа да се неутрализираат тековните притисоци од двегодишната инфлација на трошоците. Со воспоставување на новото партнерство, преку заедничкиот потфат во работењето со замрзнати пици во Европа, ја обезбедивме најдобрата платформа за развој на целосниот потенцијал на овој бизнис. По силниот почеток на годината, ги потврдуваме нашите очекувања за 2023 година и остануваме фокусирани на создавање вредност за сите заинтересирани страни.“

Nestlé Северна Македонија

Во првиот квартал од 2023 година во Северна Македонија исто така е забележан позитивен органски раст од 18,7 отсто.

„Многу сме горди на нашиот тим во Северна Македонија, на нивната посветеност и мотивираност. Благодарение на ова, Nestlé Северна Македонија оствари раст од 18,7 проценти во првиот квартал од 2023 година, што позитивно се одрази на вкупните резултати на Nestlé Зона Европа. Го продолжуваме нашиот пат кон успехот во сите категории и канали, предводени од силниот двоцифрен раст во категориите Nestlé Professional, Purina Pet Care, храна и кондиторски производи“, истакна Maрјана Давидовиќ, генерална директорка на компанијата Nestlé за Србија, Црна Гора и Северна Македонија.

Продажба на ниво на Nestlé Групи

По категоријата производи, најголем придонес во органскиот раст даде Purina PetCare, со своите премиум брендови Purina ONE, Purina Pro Plan и Friskies. Продажбата на кафе порасна со висока едноцифрена стапка со позитивен раст на продажбата за NESCAFÉ, Starbucks и Nespresso. Продажбата на кондиторските производи растеше со двоцифрена стапка, со силен раст за Kit Kat и сезонските производи. Храната за бебиња достигна двоцифрена стапка на раст во голем број географски региони. Млечните производи забележаа висок едноцифрен раст, со голема побарувачка за креми за кафе и прифатливо збогатени со млеко.

Nestlé и компанијата за приватен капитал PAI Partners се договорија да основаат заедничка компанија за работењето на Nestlé со замрзнати пици во Европа, која ќе биде посветен учесник на конкурентниот и динамичен пазар.

Зона Европа

Растот во Зона Европа е поддржан од растот на цените, одржливиот замав на електронската трговија и силниот развој на продажба на out-of-home каналот. Зоната забележа пораст на пазарниот удел во храна за домашни миленици, кондиторски производи и храна за бебиња. По категоријата производи, клучен придонес за растот даде Purina PetCare, особено нејзините премиум брендови Felix, Friskies и Gourmet. Кондиторските производи забележаа двоцифрен раст, со голема побарувачка за Kit Kat, додека продажбата на кафе растеше со висока едноцифрена стапка, поддржана со NESCAFÉ и Starbucks. Aсортиманот на капсули за кафе за Nespresso машините, забележа силен раст и сега се продава на седум пазари. Продажбата во категоријата Nestlé Professional растеше со двоцифрена стапка, поддржана со брендираните решенија за кафе. Храната за бебиња забележа среден едноцифрен раст, заснован на континуираната побарувачка за премиум формулите за бебиња, особено зa NAN.

Органскиот раст во Зона Европа изнесуваше 9,7 отсто, со раст на цените од 10,7 отсто, додека RIG изнесуваше -1,0 отсто. Вкупната продажба порасна за 5,4 отсто и изнесува 4,9 милијарди швајцарски франци.

Прогноза зa 2023 година

Во текот на 2023 година, Nestlé oчекува годишниот органски раст на продажбата да биде меѓу 6 и 8 отсто, a маржата на оперативната добивка при тргувањето да биде меѓу 17 и 17,5 отсто. Исто така, се очекува основната заработка по акција во постојана валута да порасне меѓу 6 и 10 отсто.