Sort results by
Sort results by

Nestlé ги објави финансиските резултати за првиот квартал на 2022 година

Back to Press releases
Nestle компанијата ги објави резултатите за 2022 година
 
  • Oрганскиот раст достигна 7,6%, со реален внатрешен раст (RIG) oд 2,4% и раст на цените од 5,2%. Растот беше забележан во повеќето географски подрачја и категории, со зголемени цени и понатамошно закрепнување на out-of-home каналот.
  • Вкупната продажба порасна за 5,4% нa 22,2 милијарди швајцарски франци. Девизите ја намалија продажбата за 0,8%.
  • Nestlé Health Science заврши со купување на мнозинскиот удел во Orgain, лидер во исхраната базирана на растенија.
  • Прогноза за 2022 година: се очекува органски пораст на продажбата од околу 5% и маржа на профитот од тргувањето помеѓу 17,0% и 17,5%.
 

Компанијата Nestlé ги објави финансиските резултати за првиот квартал во 2022 година, a по тој повод Maрк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:

„Во текот на првиот квартал од оваа година, војната во Украина предизвика неописливо човечко страдање. Остануваме посветени на обезбедувањето поддршка и хуманитарна помош за нашите тамошни колеги, додека ja поддржуваме меѓународната заедница во повикот за мир. И покрај предизвикувачкото опкружување, постигнавме силен органски раст на продажбата со отпорен внатрешен раст. Одговорно ги зголемивме цените, а инфлацијата продолжува нагло да расте, што ќе бара дополнителни мерки за одредување на цените и мерки за ублажување на последиците во текот на годината. Тимот на Nestlé навремено реагираше на овие пречки и агилно и решително ги унапреди нашата долгорочна стратегија и целите за одржливост“.

Nestlé Северна Македонија

Во првиот квартал на тековната година во Северна Македонија исто така беше забележан позитивен органски раст.

Марјана Давидовиќ, генерална директорка на компаније Nestlé за Србија, Црна Гора и Северна Македонија, истакна:

„Nestlé во Северна Македонија во првиот квартал оваа година оствари раст од 3,8 проценти, a за резултатот најмногу придонесоа брендовите Purina Pet Care, Nestlé Professional, како и Nestlé житарките. Следејќи ја нашата мисија, продолживме да се грижиме за локалната заедница. Континуирано го подобруваме портфолиото на производи достапни на македонскиот пазар, внимателно следејќи што сакаат потрошувачите, а притоа се грижиме за зачувување на природата“.

Продажба на ниво на Групата

Oрганскиот раст достигна 7,6%, со реален внатрешен раст (RIG) oд 2,4% додека цените пораснаа за 5,2% согласно значителниот пораст на инфлацијата. Органскиот раст сега го исклучува регионот на Русија, имајќи ги предвид значително потешките услови за трговија и одлуката на компанијата Nestlé да се фокусира на обезбедување основни прехранбени производи.

По категоријата производи, Purina PetCare најмногу придонесе за органскиот раст, а продажбата на кондиторски производи растеше со двоцифрена стапка, со силен раст на брендот KitKat. Кафето забележа висок едноцифрен раст благодарение на големата побарувачка за производите на брендовите Nescafé, Starbucks и Nespresso.

Прогноза зa 2022 година

Се очекува органски раст на продажбата од околу 5% и профитна маржа од тргување помеѓу 17,0% и 17,5%. Исто така, се очекува зголемување на капиталната ефикасност и на основната заработка по акција во константна валута.