Sort by
Sort by

Често поставувани прашања

careers-frequently-asked-questions-article-header

 

Дали имате некое прашање?

Без разлика дали имате какви било прашања во врска со апликацијата за работа или се соочувате со проблеми на страницата, ние сме тука да помогнеме. Погледнете некои од прашањата кои најчесто ги добиваме.

 

 

 

Живот во компанијата Nestlé

Нашата работна култура се заснова на нашите вредности, а нивните корени лежат во почитувањето. Во компанијата Nestlé постои инклузивна работна средина која во исто време е флексибилна, прилагодлива и динамична. На овие кратки видео клипови нашите колеги разговараат за тоа што значи нашата работна култура за нив.

Нашиот пристап кон флексибилната форма на работа се разликува во зависност од локацијата и пазарот. Генерално, нашиот фокус е на тоа што и како најефикасно да се работи, наместо каде и кога. За нас, флексибилните средства за работа значат користење на различни работни опции, технологии и иновативно размислување за да се максимизираат перформансите и да се создадат попродуктивни, ангажирани и поефикасни работни места.

Нудиме различни бенефити кои ќе ви помогнат да ги задоволите своите здравствени потреби, потреби за одржување на форма, образовни и финансиски потреби. Вашиот придонес ќе биде признаен во форма на конкурентна плата и пакет бенефиции. Исто така, може да имате корист од плановите за штедење, осигурување, кредити, како и бесплатни производи на Nestlé или производи по пониска цена. Можете дури и да добиете поволна шанса кога станува збор за малопродажните производи, услуги и активности.

Што ќе облечете во компанијата Nestlé зависи од работата која ја извршувате. За време на процесот на апликација, ве молиме да го прашате својот регрутер што е адекватно да носите на вашето работно место.

Веруваме дека животот е побогат со домашните миленици, па тоа можете да го направите во некои канцеларии! Ве молиме контактирајте со вашиот регрутер за повеќе информации за ова.

На вработените им помагаме да ги разберат здравствените проблеми и да преземат мерки во поглед на здравјето и благосостојбата, на пример, со едукација и подигнување на свеста за теми како што се ментално здравје, исхрана, спиење и физичка активност. Исто така нудиме пристап кон различни програми, активности и клубови на локално ниво.

Нашата цел е да создадеме работни места каде сите се чувствуваат вклучени и способни да ѝ се предадат на работата. Oваа посветеност почнува од вработувањето и продолжува до крајот на вашиот работен однос кај нас. На сите наши пазари постои акционен план за различност и инклузија поради создавање на еднакви можности за сите да придонесуваат, растат и да се чувствуваат почитувано. Дознајте повеќе на нашата страница Различност и инклузија.

 

 

Раст во компанијата Nestlé

Ги охрабруваме нашите луѓе постојано да учат, да се развиваат и растат, за да го ослободат својот целосен потенцијал - ова е во сржта на нашата работна култура. Затоа ќе имате пристап до сеопфатното портфолио на можности за обука и широка мрежа на екстерни тренери за да преминете на нова скала во вашата кариера.

Дa. Постојат многу можности кои се на располагање во организацијата и вие можете да ги истражувате работите во согласност со вашите аспирации во кариерата. Ние сме навистина глобална компанија каде можете да добиете неверојатно широк спектар искуства и перспективи, учејќи од исклучителни луѓе во широкиот спектар професии. Соработката помеѓу тимовите, териториите и континентите се нашиот начин на живот.

Прво, пронајдете го делот од работењето што најмногу ви одговара. Тогаш професионалниот развој ќе биде во ваши раце: вашите идеи, ентузијазмот кога станува збор за учење и ставот фокусиран на изнаоѓање решенија е она што ќе ви отвори ризница на можности. Редовните проверки во текот на годината заедно со обуката, повратните информации и препознавањето ќе ви помогнат во тоа.

Дa. Oбезбедуваме професионална обука преку мрежи интерни и екстерни ментори. Покрај тоа, на сите вработени секогаш им се на располагање алатки и методологии за обука преку Секојдневните менторски обуки и пракси.

Во зависност од вашата програма за развој, можеме да понудиме екстерни курсеви: тоа е опција за која можете да продискутирате со вашиот линиски менаџер. Многу од нашите курсеви за обука се држат во нашата куќа, често со екстерни фацилитатори за обука. Сè на сè, ние веруваме дека 70% од учењето се одвива преку стекнување на искуство, 20% преку професионални односи и 10% преку обука.

 

 

Работа во Nestlé

Бараме луѓе кои се вклопуваат во нашата работна култура, кои се кооперативни, иновативни и со претприемнички дух, со корени во почитувањето. Нашите луѓе се страсни вљубеници во работата и љубопитни и мотивирани да ја ослободат моќта на храната за подобрување на квалитетот на животот за сите, денес и за генерациите кои доаѓаат. Агилноста, прилагодливоста и менталниот склоп кој прифаќа промени, како и инклузивноста се од голема важност. Дознајте повеќе на страницата Работа во компанијата Nestlé.

Посетете ја нашата страница за Барање работа за да ги филтрирате можностите преку клучните зборови, земја или регион, локации и области за кариерата. Oливија, нашиот асистент за виртуелно вработување (Virtual Recruiting Assistant), исто така може да ви помогне да ги пронајдете слободните позиции во ваша близина. Прозорецот за чет се наоѓа во долниот лев агол на вашиот екран.

Новите позиции се огласуваат секој ден. Поставуваме слободни работни места на страницата штом ќе се отворат. Редовно посетувајте ја страница Барање работа за да најдете нови можности и за да ѝ се придружите на нашата мрежа таленти и за да добиете препораки која работа е како создадена за вас.

 

 

Aплицирање во компанијата Nestlé

Регистрацијата на нашата платформа за работа треба да трае околу 10 минути. Давањето повеќе информации ќе ни помогне да ви најдеме работа, затоа ве молиме одвојте време да ги пополните сите ваши податоци. Пополнувањето на апликацијата за работа трае околу 25 минути: ова ќе ви даде време да прикачите мотивационо писмо и да одговорите на конкретните прашања за испразнетото работно место.

Toа значи дека ќе можете да аплицирате за испразнетите работни места, а да не морате секој пат да ги внесете вашите податоци. Исто така ќе можете да ги одржувате и ажурирате вашите податоци кога сакате и да ги сочувате претходните пребарувања за да можете брзо да им пристапите.

Извршете пребарување во ’Oтворени работни места’ и пронајдете едно кое се поклопува со вашите вештини и искуство, а потоа кликнете на ’Примени’. Tреба да поднесете копија од вашето CV. Moжете да аплицирате преку вашиот телефон или компјутер.

Секогаш бараме CV кога се аплицира за работа во компанијата Nestlé. Toа ни помага да ги разбереме вашите предности и вештини кои ќе ги донесете на работното место.

Потребно е да направите профил на нашиот портал со валидна е-пошта адреса, телефонски број на кој можеме да ви се јавиме и ажуриран CV. За некои работи, исто така ќе побараме од вас да поднесете мотивационо писмо.

Нe. Работните места често се огласуваат, така да онлајна апликациите вио овозможуваат најмногу шанси да ве земат предвид за тековните и идни работни места.

Увид во вашите податоци ќе имаат исклучиво регрутерите на Nestlé и линискиот менаџер надлежен за конкретното работно место за кое сте аплицирале.

 

 

Вработување во компанијата Nestlé

Иако тоа може да се разликува од позиција до позиција, процесот веројатно ќе ги опфати фазите кои ги објаснуваме на страницата Започнете го вашето патување во компанијата Nestlé. Посетете ја оваа страница за да научите повеќе за процесот и за да најдете совети во врска со вашата апликација.

Toа зависи од работното место. Ако вашата апликација помине понатаму, регрутерот ќе ги одреди следните чекори. Интервјуата може да се вршат преку телефон, видео или лично. Oвој процес ќе ви го објасни регрутерот кој ќе ве води низ секој чекор за подготовка.

Дa. Ние ги почитуваме времето и напорот кои сте ги одвоиле и вложиле за интервјуто кај нас. Ќе ве известиме за статусот на вашата апликација и ќе обезбедиме повратни информации по вашето интервју.

Дa. Нови позиции се поставуваат секојдневно и можете да аплицирате дури и за повеќе позиции, но ве молиме да размислите. Аплицирањето за повеќе работни места не ги зголемува вашите шанси да бидете вработени. Треба да се фокусирате на аплицирање за работното место кое навистина го сакате и за кое сте квалификувани.

Tреба да разберете кои сме ние и за што се залагаме, и да се запознаете со функционалната област и делот на работењето за кои сте заинтересирани. Исто така, треба да утврдите што е тоа што го носите во компанијата Nestlé: вашите вештини, која е вашата посилна страна и како ќе додадете вредност на нашиот тим. Пронајдете повеќе совети за тоа. Што се однесува до тестовите, oбезбедете да ги пополнувате во мирно опкружување без попречувања. Дадете си доволно време да ги пополните проценките и за да го направите тестот за вежбање како би ги разбрале прашањата за проценките.

Известете го регрутерот за тоа и тие ќе ви помогнат во следните чекори.

На страницата https://www.nestle.mk/кариери можете да пронајдете повеќе информации за вработување во компанијата Nestlé Adriatic и да се пријавите на отворенитe конкурси на соодветниот линк. Исто така, секогаш можете да пратите отворена молба за вработување на е-маил адресата [email protected]

 

 

Приправништво во компанијата Nestlé

Имаме различни програми за приправници кои се достапни во текот на целата година на нашите локации. За да дознаете повеќе за тоа, посетете ја нашата страница Студенти и дипломци. Исто така можете да побарате и можности за приправништво.

Приправништвото во компанијата Nestlé ви дава можност да го комбинирате техничкото образование со применетото работно искуство во вашата избрана кариерна област. Ќе можете да придонесувате и да влијаете на проектите во реалниот свет, да ги градите вашите вештини кога се работи за презентација, анализа и лидерство и да се запознаете со другите студенти. За време на приправништвото ќе ве обучуваат и поддржуваат тимови кои стојат зад нашите иконски брендови и ќе имате сопствена програма за учење и развој прилагодена на вас.

Дa. Секое наше приправништво се плаќа, дури и во земјите каде тоа не се бара според локалните закони и прописи.

Moжете да побарате приправништво и да аплицирате преку страницата Барање работа или со ангажирање кај Оливија, нашиот асистент за виртуелно вработување. Исто така можете да се регистрирате во нашата Заедница на таленти и да го прилагодите известувањето за работа така да веднаш добиете ажурирани информации кога ќе се појават нови можности за работа.

Барањата во поглед на приправништвото се разликуваат од земја до земја. Ве молиме да го видите описот на работата за да ги утврдите поблиските податоци за тоа што бара таа позиција.

Прозорците за апликации се разликуваат од земја до земја. Aко го регистрирате својот профил нa нашите страници за кариера, ќе ве известиме кога ќе се постават нови приправништва. Исто така, објавуваме прозорци за апликации на страниците на нашите социјални мрежи: Instagram, Twitter, LinkedIn

Дa. Но ние ги охрабруваме студентите да аплицираат само за оние позиции кои ги предизвикуваат нивното интересирање.

 

 

Решавање на проблеми

Ве молиме да обезбедите испраќање на вашето CV во делот профил на кандидатот во назначениот формат.

Одете на страницата кариери и логирајте се на системот. Селектирајте ’Пристап на мојот профил кандидати’ и изберете ја релевантната опција за едитување.

Бидејќи различни провајдери на е-пошта користат различна ширина на екранот, може да изгледа дека информациите што ви ги испраќаме не се правилно форматирани. Ако е така, предлагаме да ги промените поставките во вашиот налог за е-пошта. Во Hotmail, одете во Options, Mail Display Settings и сменете ја ширината на линијата на 132. Во Yahoo, одете во Options, General Preferences и променете ја ширината на екранот на 99.

Проверете ги нашите минимални системски барања. Можеби морате да преземета нов софтвер за да може системот да работи како што треба.

Дознајте повеќе за