Sort by
Sort by

Различност и вклучување

Во Nestlé промовираме разновидност и инклузија преку нашето влијание врз:

Културата
Културата
Културата

со градење на инклузивна култура, водејќи сметка за разликите помеѓу нашите вработени, во заедничката работа 

Општествo
Општествo
Општествo

со настапување и ангажирање на инклузивен начин во општеството и со заинтересираните страни во нашите различни области на работење во целиот синџир на вредности 

Иновации
Иновации
Иновации

со размислување за потребите на различните потрошувачи и купувачи кога се работи за нашите производи и услуги, и така што се залагаме за инклузивност во поглед на нивната пристапност, кога било, каде било, и колку што може

Diversity and Inclusion

Што се разновидност и инклузија во Nestlé?

Разновидноста и инклузијата се составен дел на културата на нашата компанија и еден од начините својата цел и вредностите да ги спроведеме во живот. 

Нашите вредности имаат корени во почитувањето: самопочитување, почитување на другите, почитување на разновидноста и почитување на нашата иднина. Ние се обидуваме да вклучиме разновидност и инклузија во сето она со што се занимаваме и при тоа сконцентрирани сме на три клучни области: култура, иновации и општество. Oва вклучува градење на инклузивна култура, која ги вреднува различните таленти и искуства на нашите работници, со иновациите кои им служат на потребите на нашите различни потрошувачи и купувачи и со ангажирање со општествата на различните пазари на кои работиме.

Aнгажираме стручни и мотивирани луѓе кои ги почитуваат нашите вредности, им даваме еднакви можности за нивниот развој и напредување и ја штитиме нивната приватност. Нашата посветеност во давање на  еднакви можности почнува од регрутирањето и трае до завршувањето на работниот однос.

Photo4

Родова рамнотежа

Родовата рамнотежа е наш приоритет уште од 2008 година, тоа ни помогна да го зголемиме бројот на жените на сите нивоа на организација. Ние сакаме да бидеме родово избалансирана компанија преку создавање и овозможување на услови во нашето работно опкружување, со што ќе се овозможи годишно зголемување на процентот на жени на директорските позиции и на позициите на високите раководители. Нашите глобални и локални иницијативи во поглед на родовата разновидност опфаќаат: 

  • Развој на можности: менторство и тренирање
  • Настани со примери за репутација, тркалезни маси и дискусии преку мрежа
  • Обука за развој на лидерски вештини и работилници на тема несвесна пристрасност 
  • Политика за заштита на мајчинството (pdf, 1Mb)

43%
На 43% од нашите раководни позиции ширум светот се наоѓаат жени

 

Вклучивме родова рамнотежа во практиката за човечки ресурси. Во последниве години, напредувавме во зголемувањето на бројот на жени на раководни позиции. До 2018 година, на 43% од овие позиции се наоѓаа жени. Во наредниот период, посебен акцент ќе ставиме на пропорционалното зголемување на учеството на жените на 200-те највисоки раководни позиции, од сегашните околу 20% на 30% до 2022 година. Оваа цел претставува понатамошен чекор на патот на компанијата Nestlé кон родовата еднаквост.

Веруваме дека поголемата разновидност на работната сила, со поголемо учество на жените на највисоките позиции, ќе ја зајакне нашата култура на инклузија и ќе ја направи Nestlé подобра компанија. Поставуваме мерливи цели за да ја одржиме сопствената одговорност. Свесни сме дека подобрувањето на родовата рамнотежа води кон подобри одлуки, поголеми иновации и поголемо задоволство на вработените.

Марк Шнајдер (Mark Schneider), Nestlé CEO

 

 

 

Во текот на 2019 година, го изложивме акциониот план за зголемување на бројот на жените на повисоките раководечки позиции на глобално ниво. Планот за забрзување на родовата рамнотежа ги опфаќа следниве специфични активности:

  •  Поддршка на сите менаџери да негуваат инклузивно работно опкружување и да обезбедат да поминат обука за несвесна пристрасност;
  •  Поддршка за користење на програмите на компанијата Nestlé, платено отсуство за родителите и усвојување на политика за флексибилна   работа во сите активни Nestlé компании;
  •  Проширување на менторските и спонзорските програми за подготовка на жените кои имаат високи потенцијали за повисоките раководечки   позиции;
  •  Вработување и промоција на поголем број на жени на високите раководечки позиции;
  •  Следење на резултатите со високите раководители, поради промоција на родовиот баланс и обезбедување на напредок;
  •  Постојани напори за спроведување на политика на еднакво плаќање и отстранување на условите кои создаваат разлики во заработките   според родот.
  •  Известување за напредокот во годинешниот извештај на Nestle – Создавање на заеднички вредности.
purple

Удел на Nestlé во Индексот на родова рамноправност за 2019

Планот за забрзување на родовата рамнотежа на компанијата Nestlé ги зацврстува нашите постоечки напори во проширувањето на родовата рамнотежа помеѓу вработените. Ние сме сигурни дека сите и мажи и жени, ќе одиграат клучна улога во развојот на родовата еднаквост и во создавањето на подобро место за работа.

Béatrice Guillaume-Grabisch, Извршна потпретседателка, Раководител на Човечки ресурси Групи и Деловни услуги

Културна прилагодливост

Со своите 308.000 вработени ширум светот, припадници на 177 различни националности, и со присуството во 189 земји, културната прилагодливост е многу важна за Nestlé и ние ја поддруваме преку различни програми за раководителите и за вработените во компанијата Nestlé, преку кои треба:

  • Да го разберат влијанието на културните разлики на пристапот на луѓето при извршување на работата;
  • Да разберат како да дадат повратна информација во согласност со различните култури;
  • Да научат дека комуникацијата и општественото однесување се разликуваат во одредени култури и како да се прилагодат на соодветен начин

Oвие програми подразбираат работилници на тема културна прилагодливост и решенија е-обуки.

Photo5

Зајакнување на различни генерации во работното опкружување

Во Компанијата Nestlé, мерките за подобрување на разновидноста и инклузија подразбираат и еднаквост на луѓето од различни генерации. Во текот на 2017 година во Nestlé Франција беше организиран ден на милениумци, кој опфати и работилници со „обратно“ менторство и меѓугенерациска размена на мислења и дискусии. Toј ден беше воведен и предизвик за милениумците, каде од тимовите на милениумците беше побарано да ги презентираат своите предлози на тема како да се гради „Nestlé иднината“. Tимовите финалисти беа повикани да ги изнесат своите предлози пред високото раководство.

Photo10

Зајакнување на луѓето со различни способности

Нашата цел е градење на култура која се заснова на сила, а да водиме сметка и за можностите. Развивме глобално постапка во која сите наши пазари даваат оценка на сопственото ниво на инклузија и видовите активности за луѓето со посебни потреби на работното место. Целта е да се следат најдобрата практика и активностите во обуката и создавање на свест, враќање на работа по повреди, овозможување на физички пристап на местата и организација на работното место.

На различните пазари на Nestlé воспоставени се локални програми кои имаат за цел зголемување на вработеноста на лица со различни способноности. Примери се Nestlé Aвстралија, каде беа јавно иницирани две иницијативи за инклузија поддржани од владините организации FAB и WUK. Nestlé Франција го потпиша својот втор „Аранжман за групи со посебни потреби” кој се темели на три принципи:

  • Задржување на работа на лицата со посебни потреби,
  • Регрутирање и интегрирање на лицата со посебни потреби
  • Oбука и комуникација во создавањето на свест за оваа тема.

 

 

 

Благодарение на напорите насочени кон вработување на лицата со посебни потреби, на доделувањето на награди на European Diversity 2014, Nestlé Франција го доби признанието Работодавач на годината

thumbnail

Зајакнување на LGBT+ заедницата

CEI2018

Ние, покрај останатото, ги прошируваме напорите да ја зајакнеме културата на инклузија (лезбејки, геј, бисексуални и транссексуални + лица) во соработка со надворешните организации.

 

Oд 2018 јавно ги поддржуваме стандардите на однесување за компаниите за борба против дискриминација на лезбејки, геј, би, транс и интерсекс (LGBTI) лицата кои ги усвоија Обединетите нации.

Напорите кои ги вложуваме на локално ниво наградени се во САД: Nestlé USA и Nestlé Purina PetCare во годинешниот индекс за корпоративна рамноправност за 2018 година, со кој на национално ниво се вреднуваат корпоративните политики и практики во поглед на еднаквоста на работните места на лезбејки, геј, бисексуални, трансродни и квир (LGBTQ) лица, кое го спроведува  Human Rights Campaign Foundation, oстварија резултат од 95% и 100%.

Водиме заедно

Нашите тековни програми со обуки, работилници и размени на најдобри практики за различностите и инклузијата, како и за несвесната пристрасност имаат за цел да обезбедат сите наши вработени да ја усвојат визијата која не води. Во 2017 година, започнавме серија конференции на локално ниво ширум светот под името „ Водиме заедно“. Овие конференции ги собраа жените и мажите од сите генерации, на сите нивоа, преку дискусија, за изнесат на кој начин можеме да го забрзаме нашето патување кон разновидност и инклузијата

Oд 2019 година Nestlé има повеќе од 25 мрежи вработени ширум светот.

Намалување на несвесната пристрасност

Еден од катализаторите во создавањето на одржлива и долготрајна култура на разновидност и инклузија е намалувањето на ефектот на несвесна пристрасност во нашето работно опкружување.

Несвесна пристрасност се општествените стереотипи за одредени групи луѓе кои поединците ги усвојуваат без размислување. Сите поседуваат несвесна пристрасност за разни социјални и идентитетски групи и овие пристрасности произлегуваат од тенденцијата социјалните светови да се организираат низ категоризација.

Работилниците и алатките за обука кои ги користиме за оваа тема оценети се како просветлувачки и многу се популарни кај нашите вработени.

Нашите работилници на вработените им овозможуваат слободно да се изразат, со другите да ги споделат своите пристрасности кои се јавуваат во вистинскиот живот и да најдат практични решенија во меѓусебните односи.

Програмите за обука и алатките за тестирање кои им се на располагање, на нашите вработени им овозможуваат да ги препознаат и мерките за пристрасност за кои можеби и не биле свесни и да ги следат препораките за сопствениот развој, како и за развој на нашата култура. Во текот на 2018 година, 1464 вработени ја поминале оваа обука, што сметајќи од 2015 година, претставува вкупно 12.120.

Повеќе за несвесната пристрасност

Во Nestlé Индија развиен е прилагоден модул на хинду јазик за обука на вработените во фабрика; 135 членови на синдикати од четири фабрики ја поминале обуката, а потоа тие ја прошириле програмата на вработените, со поддршка на HR тимовите. Во 2018 година, со програмата биле опфатени и другите фабрики.

Во Nestlé Middle East за членовите на Комисијата за вишото раководство (Mancom) биле организирани два настани за разновидност и инклузија, кои ги спроведе Global Head of Diversity and Inclusion. Работилницата за подигање на свеста, која се одржа на англиски јазик, е снимена и ставена им е на располагање на сите вработени, a има титл на арапски и фарси јазик.

Photo6