Sort by
Sort by

Работете во Nestlé

working-at-nestle-article-header

Заедница на луѓе со заедничка цел

Ние во Nestlé веруваме во моќта на храната која го подобрува квалитетот на животот на луѓето. Водени од оваа цел, нашата цел е постојано да ги поместуваме границите на она што е можно во светот на храната, напитоците и нутритивните здравствени решенија.

Нашите луѓе се тие што го овозможуваат тоа. Тие стојат зад силата на нашите брендови, квалитетот на нашите производи и иднината на нашето работење. Нивните идеи и напори ги поместуваат нашите граници, поттикнуваат иновации и ни помагаат постојано да се усовршуваме и да постигнуваме значајни резултати. Откријте на кој начин можете да придонесете за формирање на подобра иднина за сите нас.

  

Иновирајте, експериментирајте и поттикнувајте промени

Кога ќе му се приклучите на Nestlé, ќе станете дел од соработничката, агилна работна средина која придонесува за новиот начини на размислување и поттикнува иновативност и претприемачки дух. Исто така, ќе станете дел од културата на Nestlé, која се заснова на почитување, која Ве охрабрува да експериментирате и да учите од неуспехот. Во Nestlé се очекува да излезете од зоната на комфорт. Бидете сигурни дека овде ќе воведувате промени и иновации. Вашиот глас се слуша, вреднува и остварува силно влијание. Искуството покажа дека заедно можеме да постигнеме многу повеќе отколку како поединци.
working-innovation-wide-new
  

Најдете место за учење, развој и растење

Присутни во скоро 190 земји низ светот, на сите им нудиме платформа за учење, растење и развој на потенцијалот.

Обемот на нашето работење дава можност за развој на кариера на глобално ниво, во рамките на различни брендови и производи, како и можност да учите од колегите околу вас. Во исто време, Ве охрабруваме и зајакнуваме да станете најдобрата верзија од себе.

Управувајте со својот напредок и бидете љубопитни, флексибилни и амбициозни при усвојувањето на нови знаења.

learn-develop-grow-wide
  

Придонесете за развојот на нашето исклучително портфолио

Има добри шанси веќе да сте запознаени со некои од нашите брендови или деловни единици. Нашето портфолио ја опфаќа речиси секоја категорија на храна и пијалоци и се надеваме дека ќе ги најдете своите oмилени производи.
working-product-portfolio-purina-wide

  

Oстварете влијание

Ние веруваме во моќта на доброто за подобрување на квалитетот на животот. Тоа верување ја поттикнува нашата посветеност. Ги користиме нашата глобална распространетост, ресурсите и стручноста за да придонесеме за поздрава иднина за луѓето и планетата. Ќе ѝ се приклучите на компанијата која е посветена на остварување на позитивно влијание.
impact-sustainability-wide

Придобивки

Кога ќе му се приклучите на Nestlé, ќе уживате во големиот број атрактивни придобивки за вработените:

  • Конкурентен надоместок за работаta
    Посветени сме на целта да им обезбедиме на нашите вработени раст и развој, признание за нивниот придонес, конкурентна заработка, варијабилна заработка, како и придобивки. Вработените можат да уживаат и поволности во вид на планови за штедење, осигурување, кредити, како и попусти при купување или бесплатни производи на Nestlé.
    benefits-man-coffee-card
  • Придобивки поврзани со локацијата на работа
    Нашите работни средини се многу разновидни. Во зависност од Вашата работа и локација, може да имате придобивки на пр. во поглед на флексибилните можности во врска со работата, учество во волонтерски програми, можност да го доведете домашното милениче на работа и многу други работи.
    benefits-flexible-working-card
  • Меѓународна мобилност
    Ви нудиме шанса да ја развиете својата кариера во различни земји низ светот. Moбилноста на глобално ниво има важно влијание во развојот на таленти и брендовите на Nestlé.
    benefits-global-career-card
  • Здравје и благосостојба на работа
    Нашата здравствена програма за вработените подразбира холистички пристап кон развивање и одржување на здрав начин на живот и вклучува редовни прегледи на физичкото и менталното здравје, здравствена заштита, ресторани и фитнес центри за вработените, како и спортски и други активности на работното место.
    benefits-wellness-card
  • Поддршка на вработените
    Повеќе од кога било, важно е да имате професионална и емоционална поддршка на работа. Обезбедивме пристап до менторски и коучинг програми со цел обезбедување на помош при напредување во професионалната кариера, како и програми за поддршка на менталното здравје каде професионалните советници Ви помагаат да ги надминете неочекуваните настани или чувствата на преоптоварување.
    benefits-train-develop-card
  • Oтсуство за родителите
    Со најмалку 18 недели платено родителско отсуство за примарниот негувател, со можност за дополнително отсуство, на Вашето ново семејство му овозможуваме одличен почеток на заедничкиот живот. Местото каде што работите може да обезбеди дополнителни придобивки и ресурси во форма на простории за хранење или дневен престој за деца.
    benefits-parental-support-card