Sort by
Sort by

Mojа сопствена работа

Кафуле кое доаѓа со вас
Mojа сопствена работа
Комфорт Доркусто знае што е напорна работа. За да го прехрани семејството, била приморана да го напушти образованието и да најде работа. Единствена работа која можела да ја добие била наплата на државни давачки од врата до врата. Тешка работа од која се заработува помалку од 2 CHF дневнo.
Комфорт знае дека нејзината напорна работа ќе се исплати.
Комфорт знае дека нејзината напорна работа ќе се исплати.

Во 2013 Комфорт дознала за новата шанса. Ги здогледала продавачите на кафе од Акра како се пробиваат низ огромна маса луѓе. Овие продавачи се истакнувале со своите светло-црвени маички и им продавале шолјички Nescafé на сопствениците на штандовите, на купувачите, па дури и на продавачите кои биле заглавени во сообраќајот. 

Тоа што не го сфатила е дека повеќето од овие продавачи биле сопственици на мали претпријатија, работејќи вредно на создавањето на сопствени приходи и на унапредување на своите фирми. Веднаш знаела дека тоа е она што сака да го работи.  

Како уличен продавач Комфорт сега заработува околу 200 швајцарски франци месечно. Не само што може да си ја плати киријата за себе, туму им помага и на сестрите и браќата, како и на малата внукичка. На младата претприемачка не и недостасува визија, знае дека ќе се исплати напорната работа. „Се радувам дека ќе можам да заштедам и да изградам своја продавница“, вели гордо.

Финансиска независност

Планот „Сопствен бизнис“ – кој е локално познат како MYOWBU – ги охрабрува луѓето од централна и од Западна Африка да изградат своја кариера и да стекнат финансиска независност. Оваа иницијатива доведе до работи кои се извршуваат „од дома“ Nestlé Professional, помагајќи им на илјадниците луѓе да водат сопствена работа преку улична продажба, истовремено вработувајќи и управувајќи со своите улични продавачи. 

MYOWBU ги охрабрува младите да развиваат кариери и да добијат финансиска независност. 
MYOWBU ги охрабрува младите да развиваат кариери и да добијат финансиска независност. 

Сите продавачи снабдени се со Nescafé шолјички, шишиња и со други комплети неопходни за продажба на кафе на улица. Сето тоа го продаваат и добиваат дел од заработката.

Aко продавачот сака да стане оператор, Nescafé го обучува во продажба, раководење, хигиена, квалитет и безбедност. Компанијата исто така им помага на луѓето да најдат соодветни простори за кујна со чисти и безбедни залихи на врела вода, за да ја извршуваат својата работа.

Потоа, операторите вработуваат повеќе продавачи од својата заедница, поставуваат цели и работно време, управуваат со плаќањата, обезбедуваат сигурност на производот и ја одржуваат опремата.

Сите оператори на Nescafé и продавачи изградиле бази со лојални купувачи на своето подрачје и станаа прекрасни амбасадори на брендот. 

Можности кои го менуваат животот

Според извештајот на Обединетите Нации за стапката на невработеност во светот од 2016 година (Global Youth Unemployment report), 11% од младите кои живеат во јужносахарска Африка се невработени, а се очекува пораст на бројот.

Планот MYOWBU веќе им помогна на 4.500 млади да започнат сопствен микро-бизнис. Речиси 1.000 од нив се жени.

Кристел поседува успешен бизнис со своите 35 продавачи
Кристел поседува успешен бизнис со своите 35 продавачи

За Кристел Есо од Камерон, тоа беше тешко искуство кое и го промени животот. По напуштањето на училиштето, Кристел работела како неплатена социјална работничка во својата локална заедница. Во 2013 година одлучила да отвори своја мала продавница за кафе и неколку месеци подоцна му се придружила на проектот MYOWBU.

Денес, Кристел поседува успешен бизнис со 35 продавачи, од кои секој има просечен приход од 13- швајцарски франци месечно. 

„Навистина ми помогна да станам дисциплинирана и зрела во водењето на работата“, вели Кристел. „Моите оператори зависат од својата работа која им овозможува да ги издржуваат своите семејства. Покрај тоа, јас сум посреќна затоа што навистина уживам во својата работа“.

Линк зa: Претприемништвo SDG 8: Пристојна работа и економски развој; Еманципација на жените; Вработување на младите: EntrepreneurshipSDG 8: Decent work and economic growthWomen’s empowermentYouth employability