Sort by
Sort by

Одгледувано со почит

Nescafé План им помага на фармерите кои одгледуваат кафе да успеат како Едуардо
Пораснат со почит

Пред неколку години Едуардо Камарена бил убеден дека изгубил сè. Тој ја изгубил работата, поминувал низ развод и морал да се отсели од децата. Толку ниско паднал, што „дури ни сонцето не можело да го загрее" вели тој.

Набрзо потоа починал дедо му
.


Меѓутоа, на Едуардо му останало едно нешто за кое можел да се фати. Ветувањето кое му го дал на дедо му дека ќе се грижи за семејната плантажа со кафе и дека ќе ја направи успешна
.


Денес Едуардо управува со фарма со кафе која добро напредува, која му овозможува да ги подигне своите деца
, a покрај тоа, тој навистина многу помага во давањето совети и на останатите фармери во регионот.


Како дојде до тој пресврт
?


Почит за нашите фармери

Taка што му се придружи на Nescafé План, кој во изминативе десет години им помага на фармерите како што е Едуардо и им ја овозможува сета потребна поддршка во одгледувањето на големи количества кафе со подобар квалитет, на одржлив начин, со многу бенефити за заедницата во која живеат.


На Светскиот ден на кафето 2018 година
Nescafé го лансираше проектот  Одгледувано со почит (/media/news/grown-respectfully-nescafe-celebrates-coffee-farmers) за да покаже како преку Nescafé План со полна почит работи во правец на производство на кафе со добар вкус, помагајќи им на фармерите кои одгледуваат кафе, на нивните заедници и на планетата.


Toа беше најдобрата одлука во животот што можев да ја донесам“, вели Едуардо за својата одлука да му се придружи на Nescafé План.


A пред да го направи тоа не било извесно ни дали неговата плантажа за кафе воопшто ќе преживее. Растенијата не се развивале како што треба, а регионот во кој се наоѓа плантажата го погодила и суша. Честопати размислувал да се откаже од сè.


Преку
 Nescafé План Eдуардо станал корисник на дистрибуција на фармери во Мексико 29 милиони фиданки кафе со висок принос и сорти отпорни на болести. На фармерите тоа им овозможи да ги обноват своите плантажи, да го подобрат квалитетот на производот и да го зголемат нивото на продуктивност на плантажите дo 81%.


Исто така, тој беше еден од
390 фармери кои одгледуваат кафе и кои посетуваа курс во организација на Компанијата Nescafé и Институтот за технологија и високо образование во Монтереј, каде стекнаа знаење и добија помош и совети во поглед на водењето на оваа работа.


Eдуардо се вратил на својот имот, каде одгледувал кафе нетрпелив да го примени стекнатото знаење во сè, од подобрување на насадите до подобрување на економијата на фармата.


Почит кон нашите заедници

Покрај тоа што искуството на Едуардо ги одразува целите на проектот Одгледувано со почит
така што на фармерите им покажува каква корист можат да имаат од Nescafé План, oчигледно е и позитивното влијание на Планот на заедницата во 17 земји ширум светот во кои е активен нашиот План.


На пример, во Кенија
6000 жени имаа корист од Програмата за зајакнување на жените, a некои од нив како резултат на тоа напредуваа до лидерски позиции во задругите. Nescafé партнерството со другиот бренд кафе под името Zoegas, овозможи преку 300 семејства кои се занимаваат со одгледување на кафе да добијат подобар пристап да безбедна вода за пиење.


Во Индија
Nescafé  oбезбеди пристап на бесплатна медицинска помош и здравствена заштита за повеќе од 1300 фармери, работници на фармите и членовите на нивните семејства. А во Виетнам на своите фармери им овозможи да ги зголемат приходите за 30% со усвојување на подобри практики во областа на агрономијата.


Почит за нашата планета

Врз основа на Планот на
Nescafé исто така се обезбедува при одгледување на квалитетно кафе фармерите да применуваат нови техники за заштита и зачувување на природните ресурси за идните генерации


Во Колумбија, на пример
Nescafé тесно соработува со преку 2600 фармери кои се занимаваат со одгледување на кафе со цел поефикасно користење на водата, третман на отпадните води и обновување на шумите. Исто така спроведува активност за подигање на свеста во заедницата за одржливо користење на водата.

Исто така, брендот заштити повеќе од
200 природни извори со вода на фармите за кафе во Бразил, засади 70.000 стебла на автохтони дрвја и инсталираше речиси 100 системи за пречистување на отпадни води на фармите, за да се избегне загадување на реките и потоците.


Сите овие локални активности се во служба на остварување на
Jaвните цели на Nescafé во 2020 година (/csv/raw-materials/coffee), кои опфаќаат – одговорност за потеклото на производот за 70% од вкупните количества на Nescafé кафето преку дистрибуција на 220 милиони фиданки кафе, подобра економија на фармите за кафе и поголеми права на работниците, како и одржлива работа на фабриките.


Одгледувано со почит
покажува на кој начин Nescafé придонесува за пошироката цел на Компанијата Nestlé (/csv/raw-materials/coffee) во подобрување на квалитетот на животот и обезбедувањето на поздрава иднина – за поединците и за семејствата, за нашите заедници и за планетата.


Фармерите како Едуардо имаа корист од
 Nescafé План така што можеа од одгледуваат подобри насади, поефикасно да управуваат со своите финансии и да им помогнат на останатите фармери. Сето тоа му помогна и го охрабри за сопствената лична трансформација.


„Станав подобар човек, подобар родител“ вели Едуардо. „Сега можам да бидам со своите деца, да се грижам за нив, и што е најважно, успеав да го одржам ветувањето кое му го дадов на дедо ми“
.