Sort by
Sort by

Различни нијанси на какао

Преглед на нашите напори за борба против уништувањето на шумите во нашите синџири за снабдување со какао
cocoa
Aвтор: Дарел Хaj, раководител на Nestlé План за какао
Од патот можевме да ги видиме мртвите шумски дрвја кои се надвиснуваа над стеблата со какао како стреа. Со своите стебла без гранки и кора, мртвите стебла делуваа злокобно во контрастот со раскошното зеленило на шумите во опкружувањето.

Патувавме низ подрачјето каде се произведува какао во Брегот на Слоновата коска, на северозападот на земјата, и се движевме кон границата со Либерија, каде се наоѓаат некои задруги на земјоделски производители опфатени со Nestlé Планот за какао. Целта на нашето патување беше: оценка на напредокот кој го постигнавме преку Иницијативата за заштита на какао и шумите (CFI), коалиција која ги собра произведувачите на чоколада и владите со цел прекин на уништувањето на шумите во врска со производството на какао.

Дрвја кои прават сенка

Патот не однесе до малото село со произведувачи на какао. Опкружено со шума, селото пред помалку од 20 години го изградиле луѓе кои во потрага по подобар живот емигрирале од централниот дел на земјата. По населувањето во ова подрачје, селаните ја проретчиле шумата за да направат простор за одгледување на растенија за да се прехранат и за да добијат производи како какаото. Не би било праведно да се обвинуваат – тоа земјиште никогаш не било одредено да биде национален парк или заштитена шума
.

Meѓутоа, бидејќи периодите на суша се подолги – веројатно поради климатските промени – многу селани дошле до заклучок дека некои видови на шуми обезбедуваат сенка за какаото и сфатиле колку е тоа корисно. Високите дрвја го заштитуваат какаото од прекумерното сонце, а во исто време и почвата ја прават поздрава. Бидејќи сенка можат да прават и стеблата на кои расте овошје, тоа би можело да претставува уште еден извор на приход за фармерите.


Nestlé План за какао

Давањето на шанса на фармерите да ги обезбедат своите извори на приходи на различни начини е еден од фокусите на нашиот
Nestlé План за какао, кој се спроведува веќе десет години.


Токму поради таа цел одгледуваме расади со шумски дрвја и овошја во расадниците и тие расади ги правиме достапни за нашите фармери за садење на полињата одредени за одгледување на какао. Оваа година нашата дистрибуција на шумски дрвја и овошја десет пати се зголеми во споредба со минатата година – дистрибуиравме
420.000 стебла за околу 20.000 фармери ширум Брегот на Слоновата коска и Гана.


Ублажување на притисокот на шумите

Намалувањето на притисокот на шумите е возможно и така што постоечката почва на која се одгледува какао ќе се направи попродуктивна. Во таа цел продолживме со обука на околу
85.000 фармери годишно, а исто така создаваме и иновации за да им помогнеме повеќе да произведуваат. Кастрењето на какаото е од суштинска важност – иако е тешко да се убедат фармерите да ги сечат гранките од своите стебла – така да собравме и обучивме група фармери да ја извршуваат таа задача.

Oд посебна важност е да продолжиме да ја подигаме свеста во заедниците на произведувачите на какао за важноста на законите за шуми, кои се на сила во нивните земји. Исто така важно е освестувањето на заедниците во поглед на значењето на шумите и дрвјата за чувањето на биодиверзитетот и решавањето на прашањето во врска со климатските промени. Фармерот од Гана кој е опфатен со Nestlé Планот за какао, Доминик Оудуро, по завршената обука и садењето на дрвја на сопствената фарма, го изјави следново: „Шумските дрвја помогнаа во намалување на неповолното влијание од прекумерното сонце. Ни беше речено дека шумските дрвја му даваат живот на нашето какао, токму како и на луѓето – сега верувам во тоа.”

Наскоро ќе започнеме проекти со кои сакаме да им помогнеме на заедниците да ги спасат своите локални шуми. Тие не се заштитени на национално ниво, но се важни за животот на луѓето во селата и претставуваат важни острови на биодиверзитет
.


Подобар живот

Подобрувањето на животот во заедниците кои се занимаваат со производство на какао претставува уште еден суштински аспект на
Nestlé Планот за какао. Ние им помогнавме во финансирање на нова генерација шпорети. Овие шпорети овозможуваат неколку корисни работи: користат помалу дрва и произведуваат помалку чад – што веднаш значи дека се поекономични, дека помалку ги оптоваруваат шумите и дека се подобри за здравјето. До сега дистрибуирани се преку 800 вакви шпорети.

Решавањето на проблемите со уништувањето на шумите во врска со производството на какао претставува дел од поширок проект на
Nestlé за трансформација на нејзините земјоделски синџири за снабдување – за да ги направи климатски прифатливи и отпорни на климатските промени. Тоа ќе ни помогне да ја постигнеме нашата амбициозна цел и до 2050 година да постигнеме нулто количество емисија гасови со ефект на стаклена градина.