Sort by
Sort by

Игри со куче во домашни услови

Еве неколку идеи за вежбање што можете да ги направите со Вашето куче и да му обезбедите ментална стимулација во домашни услови
dog playing
Наоѓањето начини како да се забавувате и конструктивно да си играте со Вашето куче е најубавото нешто што можете да го доживеете како сопственик на куче.

Понекогаш не е секогаш возможно да го изнесете и да го прошетате кучето надвор. Но, не грижете се. Нашиот Purina (https://www.purina-com) бренд за нега на кучиња се погрижи и направи список со некои од најдобрите игри со кучиња во домашни услови, кои не само што обезбедуваат физичка вежба, туку овозможуваат и ментална стимулација.

Па да почнеме. Во текстот наведовме три игри со Вашето куче ки ќе го забавуваат, ангажираат и стимулираат, а при тоа нема да се упропасти мебелот.

1. Tрка за плен
„Трката за плен“ на Вашето куче му oвозможува да ги користи своите природни инстикти за лов на плен, а при тоа да не сруши сè што ќе му се најде на патот. Оваа игра му овозможува и да ја вежба контролата на инстикти, така што ќе го испушти предметот на Ваша команда. Поместете ги поголемите делови од мебелот на страна. Користете долг стап, палка или цевка со јаже како додаток (тнр. Flirt Pole), врзете ја играчката или некоја друга мамка на крајот на јажето. Подобро е стапот да го влечете бавно и повремено да застанете, отколку брзо да го вртите во круг. Бавното движење му помага на Вашето куче да се фокусира. Дозволете му на кучето повремено и да ја фати мамката како награда. Доколку никогаш не победи може да се обесхрабри и да изгуби интерес за играта.

2. Криење на храна или игра криенка
„Криење на храна“ е одлична игра за кучињата, затоа што им овозможува да ги користат своите вештини за решавање на проблеми. Скријте ја храната на некое место во домот каде што тешко може да ја најде и оставете мирисна трага така што ќе ја протриете на неколку места на патот до местото каде што е скриена. Користете ги зборовите како што се „топло“ и „ладно“ додека Вашето куче се приближува или одалечува од местото каде е храната скриена. Промената на тонот во Вашиот глас, од мирен кога ќе кажете „ладно“ до возбуден кога ќе кажете „топло“ и „жешко“ овозможува и развој на вештината слушање. Како и во играта „криење на храна“, и во играта „криенка“ се користат способностите на кучето да препознава мириси. Плус, му се овозможува да ги вежба командидте како „место“ и „дојди“. Вашето куче нека стои мирно додека се криете. Кога ќе се скриете, кажете му на кучето да дојде и пофалете го кога ќе Ве најде. Доколку сè уште не ја познава командата „место“, некој нека го занимава кучето додека да се скриете.

3. Тегнење на јаже
Тегнењето на јаже е добра игра со кучето и во домашни услови и надвор. Не само што развива одредени ментални вештини, туку претставува и добра физичка вежба. За да се заангажира повеќе Вашето куче и за да му биде поинтересно, дозволете му понекогаш и да победи. Меѓутоа, не заборавајте при тоа да ги вежбате командите како што е „фуј“. За што треба да водите сметка Игрите со кучето во домашни услови се многу корисни, меѓутоа сè што е премногу агресивно или премногу долго трае доведува до престимулација. Завршете ја играта додека Вие и Вашето куче сè уште добро се забавувате. Така ќе ѝ се радува и на следната игра, а при тоа нема да се исцрпи, или обесхрабри. Таквите игри со Вашиот крзнен пријател ќе го направат поактивен и ментално ќе го стимулираат, а пред сè ќе го направат среќен.