Sort by
Sort by

5 начини на кои вашето утринско кафе прави добро 

5 начини на кои вашето утринско кафе прави добро 
Ако пиете неколку шолјички кафе од преку две милијарди шолји испиени секој ден во светот, можеби ќе се запрашате од каде доаѓа тоа кафе. Како излегуваат на крај со тоа производителите на кафе?– Какво влијание има ова врз светот?

Како поединци можеме многу нешта да направиме за да се намали штетното влијание на кафето врз животната средина. Свој мал придонес би можеле да обезбедиме со купување на шолји за повеќекратна употреба, со рециклирање на пакувањата или со варење на онолку вода колку што ни е потребно за шолјичка кафе.

Но што е со компаниите кои го произведуваат вашето кафе? Како најголема компанија на светот во производството на кафе, Nestlé купува најмногу кафе во зрно. Со самото тоа, од неа доста зависи и има извонредна можност да направи нешто добро. 

Oва се 5 начини на кои вашето утринско кафе навистина ви носи придобивки.

1. Работни места

Милиони луѓе ширум светот се вработени во производство на кафе. Неговите култури на луѓето им носат средства за живот, плаќаат школарини и ги хранат семејствата во многу сиромашни области.

Но, иднината на индустријата за кафе не можеме да ја земаме здраво за готово. Промената на климата, болестите на насадите, лошите земјоделски техники и масовната миграција од земјоделските региони во градовите, сето тоа ѝ се заканува на нејзината иднина.

Oбезбедувањето на работа во иднина не подразбира само помагање на земјоделците за кратко време да одгледаат повеќе кафе. Се работи за тоа одгледувањето на кафе да стане работа со која луѓето ќе се гордеат и која нивните деца ќе сакаат да ја наследат. 
 

sustainable-coffee-jobs

Се работи за обука на преку 10.000 одгледувачи годишно, за методите на одржливо одгледување кое ќе им обезбеди подобри приноси и поголеми приходи. Се работи за вистинска, долгорочна посветеност да им се помогне.

2. Еднакви права

Одгледувањето на кафе во многу делови од светот се смета за машка работа, но не мора да биде така. Во Кенија на пример, постојат жени кои одгледуваат кафе, но на нив не им е секогаш дадена можноста да бидат лидери во оваа стопанска гранка. 

Затоа е создадена Nestlé програмата за обука за рамноправност на половите и за младите.

Oвој проект ги обучува жените да се занимаваат како со одгледување на кафе во рамките на задруги, така и за работи како што се „Земјоделци - промотори“. Подучувањето опфаќа сè, од производство на кафе до раководствои образование во областа на здравјето. Потоа, тие можат да ги споделат своите знаења и вештини со своите заедници и да им ги пренесат на другите што сакаат да се занимаваат со оваа работа.
 

sustainable-coffee-equal-rights

Резултатите покажаа дека значителен број на жени се вклучиле во одгледувањето на кафе. Во првите три години, обуката доведе до зголемување на приносот на кафе од жените промоторки во просек за 83%.

3. Намалување на сиромаштијата

Одгледувачите на кафе во голема мерка зависат од цените на суровините на светскиот пазар. Колебањето на цените може да претставува проблем за одгледувачите на кафе да инвестираат во насадите следната година. Во последниве години, ненадејните падови на цените на кафе доведоа до тоа многуте помали одгледувачи да ги загубат своите работи.

Помагајќи им на одгледувачите на кафе да ја подобрат ефективноста, да ги намалат трошоците и да го унапредат квалитетот на насадите, тие стануваат помалку подложни на флуктуациите на цените.

На пример, на Филипините, Nescafé во моментов спроведува програми за зачувување на почвата и водата на фармите за кафе во целиот регион, што се покажа како посебно корисни во текот на сушните месеци во годината.

sustainable-coffee-beans

Програмата се занимава со поттикнување на одгледувачите на кафе како секундарна култура да го одгледуваат растението Jatropha Curcas, локално наречено „тубa-тубa“. Како добар извор на глицероли и био-дизел, Jatropha Curcas може да овозможи дополнителен приход, а во исто време да спречи ерозија на почвата.

Исто така, понудата на микрофинансирање на земјоделците им помага да планираат однапред. Тоа им овозможува да не мораат да чекаат „добра“ година за да вложат во иднина.

Проектите за подобрување на образованието, јавното здравство и снабдувањето со вода во областите за одгледување кафе исто така помагаат во намалување на сиромаштијата.

4. Животна средина

Во последните децении, загриженоста за влијанието врз животната средина на производството на кафе и економиите на земјите во развој, доведоа до зголемување на одржливото производство на кафе. 

Одржливоста - способност на животната средина или систем да остане разновидна и продуктивна во текот на подолг временски период - зависи од многу фактори.

Nescafé промовира одржливо земјоделство преку обука на одгледувачите како да заштедат вода и како да ја прочистат и рециклираат водата што се користи во процесот на мелење.

Rainforest Alliance е светска добротворна организација која работи на зачувување на биодиверзитетот и на обезбедување на одржлив начин на живеење. Sustainable Agriculture Network (Мрежа за одржливо земјоделство) е група на добротворни организации кои ги промовираат руралниот развој и биодиверзитет.
 

sustainable-coffee-environment

Согласно Nescafé планот, искусни експерти за земјоделство од двете групи соработуваа со Nescafé на спојување на современите научни методи со традиционалната мудрост на земјоделците. Ова им помага на земјоделците да ги зачуваат природните ресурси, да го заштитат екосистемот и да ги подобрат квалитетот и разновидноста на нивните култури. 

Затоа е развиен Nescafé План, кој има за цел помеѓу 2010 и 2020 година да инвестира преку CHF 260 милиони во проекти ширум светот со кои ќе се овозможи долгорочна одржливост на одгледувањето на кафе.

5. Идни жетви

Кога ќе остари дрвото кафе, бројот на зрна што ги произведува се намалува и станува склоно кон болести. 

На пример, во Колумбија, болеста наречена лисна рѓа во последниве години влијаеше на насадите на кафе, драстично влијаеше на квалитетот и продуктивноста на оваа култура.

Затоа Nescafé во Колумбија работи со Colombian Coffee Growers Federation (Сојуз на одгледувачи на кафе во Колумбија) за да го подобрат бројот на расад на кафе.

Nestlé на колумбиските земјоделци им обезбеди 28 милиони нови стебла отпорни на рѓа. Дадени им се без паричен надомест и без обврска своето кафе да мораат да му го продадат на Nescafé.
 

sustainable-coffee-plantlets

Овие дрвја израснати од семе во локалните расадници се многу попродуктивни, им ги зголемуваат приходите на земјоделците и обезбедуваат сигурна иднина, истовремено помагаат да се обезбедат квалитетни жетви. Севкупно, повеќе од 4.400 хектари полиња кафе се обновени благодарение на расадите отпорни на рѓа.

Постојат многу причини зошто го сакаме кафето и има многу добри нешта што може да ни ги донесе кафето. Поради сите овие причини, додека уживате во утринската шолја кафе, бидете сигурни дека од неа немате корист само вие.