Sort by
Sort by

Растителни протеини

Замената за месо е добра и за Вашето здравје и за планетата
Соја - растителни протеини
Aвтор: Данкан Полард, раководител во Компанијата Nestlé зa aнгажирање на заинтересираните страни во поглед на одржливоста
Ретко се случува само една идеја или решение да отстрани цела серија проблеми со кои се соочува светот. Тоа е случај со растителните протеини. Без оглед на тоа дали Ве загрижуваат човековото здравје, благосостојбата на животните, намалувањето на шумите или климатските промени (или сè заедно), зголеменото консумирање на растителните протеини може да претставува едноставен (и вкусен) начин да дадете свој придонес во решавањето на овие проблеми.

Принципите на исхрана се менуваат. Отсекогаш биле подложни на промени, а промената сега е потребна со цел да се намали отпадот и да се оптимизира употребата на растителните протеини. Предизвиците како овој го наведоа Светскиот деловен совет за одржлив развој, чиј член е и Nestlé, да работи на новата програма наречена FReSH (https://www.wbcsd.org/Programs/Food-Land-Water/Food-Land-Use/FReSH) – Реформа во исхраната за одржливост и здравје. FReSH ќе се фокусира на решенијата што ќе им ги овозможат компаниите, а протеините ќе бидат во самиот центар на тие решенија.

Меѓутоа, постојат некои нијанси кои треба да се разгледаат во дебатата за протеини. Според моето мислење, не се работи за престанок на консумирање на животински протеини. Животните имаат важна улога (http://sustainablefoodtrust.org/) во градењето на здрава почва, а на органското земјоделско производство или на земјоделските системи блиски на природата потребни им се животните, како дел од ротација на насадите. Па така, говедското месо од стока која се храни со трева е добро и сметам дека првенствено треба да се почне со постепено изостанување само на некои видови на сточна храна. Треба да постигнеме рамнотежа помеѓу животинските и растителните протеини и новите извори на протеини. Оваа рамнотежа може да биде различна во различни земји.

Не се работи ни за промоција на растителни протеини исклучиво врз основа на аргументот одржливост. Како што многуте извештаи за истражување на пазарот покажаа, се работи за сегмент на пазарот кој бележи пораст. Денес е многу полесно да се најде вегетаријанска понуда во супермаркетите и рестораните отколку што тоа беше возможно пред 10 па дури и пет години. Некои ресторани дури и престанаа да ја наведуваат својата понуда со јадења на база на растенија под посебно име „вегетаријански јадења“, што покажува дека ситуацијата со месото во однос на вегетаријанскиот начин на исхрана сè повеќе станува лажна дилема, од што се создадоа нови деловни можности. Во портфолијото на компанијата Nestlé сè повеќе се внесуваат производи на база на растенија, како одговор на зголемената побарувачка. Дел од нашите напори е на потрошувачите да им понудиме вкусен и здрав избор. Исто така ние сме дел од проектот Протеински предизвик 2020 (https://www.forumforthefuture.org/project/protein-challenge-2040/overview), oколу кој се собраа група компании и граѓански организации за да го промовираат порамномерниот пристап кон начинот на кој ги добиваме нашите протеини.

Сето тоа предизвика неодамнешниот FAIRR извештај да биде навремено изработен. Во извештајот „Профит на база на растенија“ не само што се разгледува што можат компаниите и што прават по повод промоција на растителните протеини, туку и цврсто се позиционираат во инвеститорскиот универзум. Многу ми е драго што ме замолија да напишам воведен збор за тоа.

За нас во прехранбената индустрија тој предизвик е едноставен. Треба да направиме оброци кои се засноваат на растителни протеини, кои се веќе одомаќинети и исто толку лесни за подготовка, како и оброците со месо. Како резултат на тоа ќе добиеме поздрава популација, поголема благосостојба на животните, како и намалување на штетното влијание врз планетата.


Данкан раководи со работите на Компанијата Nestlé за развој и решенија со цел подобрување на резултатите во поглед на одржливост на Компанијата и пристапот за создавање на заеднички вредности, а особено во областа одговорност за потеклото на производите и руралниот развој.