Sort by
Sort by

Престанете со фрлањето храна

10 работи кои може да ги правите за да го спречите фрлањето храна
Престанете со фрлањето храна
Сите ние знаеме колку е лесно да дозволиме бананата да се скапе или парче леб да се скорави, или едноставно да не стигнеме да го изедеме сето она што внимателно сме го чувале во фрижидерот.

Па така, сите знаеме дека тоа е проблем на самата природа. Она што е потешко да го сфатиме е колку се нашиот поединечен отпад додава. Грубо кажано, една третина од храната што се произведува во светот за човекот да ја консумира секоја година – приближно 1,3 милијарди тона – се губи или фрла.

1/3 од вкупната храна што се произведува за луѓето се фрла!

Во земјите во развој доаѓа до такво фрлање често поради проблемите во процесот на производство или недостаток на складишта.

Во побогатите земји, проблемот е на крајот од синџирот на снабдување; проблемот сме ние. Фрламе околу 30% од храната што ја купуваме.

Секоја година, потрошувачите во богатите земји фрлаат речиси исто толку храна (222 милиони тона) колку што изнесува целокупното производство храна во Суб-сахарска Африка (230 милиони тона).

Совет: Ставете ја новата храна на крајот од фрижидерот, за да попрво ги изедете постарите јадења.

Трошоците се запрепастувачки. Водата потрошена за растење на културите, ѓубривата и горивата што се користат во производството и транспортот и гасовите кои се ослободуваат од стаклената градина додека храната гние на депониите. И тоа се случува дури и пред да сфатиме дека парите ги трошиме на храна што никогаш не ја ни искористуваме. 

Еве 10 начини на кои можете да го решите овој проблем.

1.    Планирајте што ќе купите

Звучи едноставно (и едноставно е), но ова е една од најважните работи што можете да ја правите. Кога купувате храна, не купувајте премногу.

shopping-cart

Испланирајте ги Вашите неделни оброци и направете детален список за купување со состојките кои ќе Ви требаат. Придржувајте се до списокот.

2.    Запознајте се со Вашиот замрзнувач

Без разлика дали станува збор за складирање состојки или остатоци од храната, замрзнувачот може да Ви помогне да го намалите фрлањето храна. Замрзнете го вишокот овошје и зеленчук за време на нивната сезона, замрзнете го лебот или друга храна која побавно ја јадете.

Подгответе и згответе лесно расипливи намирници, а потоа замрзнете ги за понатамошна употреба.

3.    Научете сè за рокот на траење

Сме развиле штетна навика да ги сметаме датумите до кои е пожелно да се употреби производот како датуми за фрлање на храната доколку не се изеде. Дури ни назначените датуми до кои треба да се потрошат намирниците и до кога е најдобро да се употребат, не се пропишани со закон.

expiration-date

Американското министерство за безбедноста на земјоделските намирници и инспекциската служба, велат дека со исклучок на детската формула, доколку датумот измине додека намирницата се наоѓа дома, производот би требало сè уште да биде безбеден и здрав доколку се користи правилно до моментот кога е очигледно дека се расипал. Всушност, расипаната храна ќе има непријатен мирис, вкус, или облик поради бактериите што се причина за расипувањето на храната кои настанале природно. 

4.    Чувајте ја храната на вистинското место

Доколку ја чувате храната на вистинска температура, тогаш може значително да ја продолжите нејзината употреба.

Кога еднаш ќе сфатите која храна треба да се чува во фрижидер, треба да утврдите каде е најдобро да ја сместите во фрижидерот. Тоа ќе Ви помогне да го продолжите рокот на траење на свежите намирници.

5.    Гответе повеќе од еден оброк...

Кога готвите повеќе јадења одеднаш заштедувате енергија, вода и време.

cooking-food

Кога ќе знаете дека имате приготвена храна во фрижидерот, исто така значително ќе го намали искушението да подлегнете на брза храна или друго непланирано купување храна.

6.    Контрола на порцијата

Колку и да звучи досадно, сепак е важно. Доколку ја контролирате количината на храната во Вашата чинија, не само што го ограничувате количеството на калории што ги внесувате, туку исто така го ограничувате и количеството храна што ќе заврши во кантата за отпадоци.

Започнете со мала порција, а потоа доколку сакате ставете си повторно.

7.    Треба да знаете што имате во фрижидерот

Водете сметка што имате во фрижидерот. Толку многу кутии со остатоци од храна, кои сте ги спакувале со најдобра намера, се кријат во фрижидерот само колку повторно да ги најдете дури откако веќе не можат да се јадат.

in-fridge

Уреден фрижидер значи дека можете да видите што треба најпрво да се изеде и кои намирници треба да ги купите, а кои не. Исто така, внимавајте новите залихи да ги ставате наназад, за да најпрво ги изедете оние постарите.

8.    Донирајте во банките за храна

Доколку утврдите дека сè уште имате премногу храна, разгледајте ја можност да ја донирате некому кому му е потребна. Тоа може да биде на сосед, роднина или локална банка за храна. Хранливата, безбедната и недопрената храна може да биде голема помош за оние на кои им е потребна.

9.    Направете компост од остатоците

Наместо да ја фрлате храната во канта, направете ѓубриво/компост. На тој начин ќе ја претворите во ѓубриво богато со хранливи состојки, што е подобро отколку да се скапува на некоја депонија.

Како и да е, правењето компост од храната треба да биде последно решение. Американската агенција за заштита на животната средина има хиерархија за повторно користење на храната за тоа како ја користиме храната, а како прво изјавува дека би требало да ја намалиме количината на отпад што го создаваме, потоа да донираме храна, да се обидеме да ги храниме домашните животни, да го користиме отпадот за создавање електрична енергија во индустријата, а дури на крај да ја претвориме во компост.

10.    Водете евиденција за Вашиот прехрамбен отпад

За да ја намалите количината на прехранбениот отпад, водете евиденција на тоа што сè фрлате секоја седмица. Ќе се изненадите од тоа колку многу се натрупало и како лесно можете да утврдите каде претерувате со купувањето.

На крај, ќе заштедите пари и ќе помогнете во борбата против фрлање храна.