Sort by
Sort by

НУЛТА потрошувачка на вода во производството

Можно е да имате нулта потрошувачка на вода во производството – еве како
НУЛТА потрошувачка на вода во производството
Индустријата е жедна работа. По земјоделството, таа е најголемиот потрошувач на свежа вода ширум светот. Околу 22% од нашата вода се користи во индустријата, во споредба со 8% во нашите домови.

Само во Соединетите Држави, користењето индустриска вода е на ниво од околу 6 милијарди литри буквално секој ден.

Па како да создадете фабрика со „нулта“ потрошувачка на вода?

Иновативна технологија

Кога станува збор за заштеда на природните ресурси, клучот често се наоѓа во иновациите. Тоа е сигурно случај во фабриката за млеко во прав на Нестле, во Лагос де Морено, Мексико.

cero-agua-factory

Оваа фабрика, во која заживејаа сите тие иновации, а којашто е отворена во 2014 година, ја вади водата од млекото што го преработува, наместо да ја црпи од надворешните извори. Со тоа се заштедува 1,6 милиони литри вода дневно, околу 15% од вкупната количина вода која Нестле ја користи во Мексико. А примената на технологија која ја трансформирала мексиканската фабрика, набргу ќе заштеди уште многу повеќе количина вода и на други места.

Две фабрики во Бразил веќе ја имаат „нулта“ потрошувачката на вода, а набргу, поточно до 2018 година, така ќе постапат уште четири фабрики во Бразил. Слични планови веќе постојат и ќе се спроведат во објектите во Јужна Африка, Индија, Пакистан, Кина и Калифорнија.

Скапоцен ресурс

По многу сушни години, Калифорнија е свесна колку скапоцен ресурс е водата.

Напорите вложени за да се намали количеството вода што се користи во индустријата се од голема важност. Нестле ја намалува потрошувачката на вода во пет фабрики за полнење вода и четири погони за производство на храна и производи за нега на домашни миленичиња во таа држава.

Веќе се работи на трансформирањето на фабриката за млеко во градот Модесто. Како погон со „нулта потрошувачка на вода“, за својата работа нема да користи ниту еден локален ресурс за свежа вода.

modesto-factory

Овој проект, вреден 7 милиони швајцарски франци, би требало да заштеди речиси 286 милиони литри вода годишно, кога ќе биде завршен во 2018 година.

Во фабриките на Нестле во Бејкерсфилд и Туларе, се заштедуваат повеќе од 98 милиони литри вода годишно, според мерките за зачувување на водата. Ова потенцијално за 12% ќе ја намали апсолутната годишна количина на вода која фабриките ја користат во споредба со потрошувачката од 2014 година.

Со вадењето на водата од млекото значи дека не мораме да користиме подземни води.

Фабриката за полнење вода на Нестле во Калифорнија, би требало да заштеди 208 милиони литри вода годишно. Тоа претставува намалување за речиси 8% во споредба со 2014 година.

Исто така се работи на воведување на стандардот на Сојузот за управување со води (Alliance for Water Stewardship) и нивно зачувување во секоја фабрика.

Заштеда во три чекори

Нестле користи метод на 3 чекори за да се намали потрошувачката на вода во своите фабрики ширум светот. 

Најпрвин, инженерите бараат начини за оптимизирање на постоечките производствени процеси за да се намали потрошувачката на вода. Како второ, бараат можности за повторно користење на водата што е веќе користена. Во третата фаза, се применуваат иновативни методи за вадење на водата од суровините и нејзино рециклирање. Фабриката со „нулта потрошувачка на вода“ претставува пример за иновација од третата фаза. 

Ја намаливме потрошувачката на вода за 16% од 2010 година. 

Овој метод од три чекори се користи во повеќе од 80 фабрики ширум светот, што овозможува вкупно намалување на потрошувачката на вода за 16% од 2010 година.

Во целата компанија, Нестле има 516 проекти за заштеда на водата во нивните фабрики, со што се постигнува заштеда од 3,7 милиони м3 секоја година. Тоа одговара на количина од 1500 олимписки базени.

Глобалната организација за истражување „World Resources Institute“ исто така помага на компанијата Нестле да заштеди вода, така што овозможува управувањето со водата да биде добротворно за животната средина, во социјална и економска смисла.

Иновациите и внимателното управување помогнаа на компанијата Нестле за една третина да го намали повлекувањето вода по тон на производот во период од 2010 до 2017 година. Но, оваа работа не е ни блиску до крајот. Компанијата постојано ги преиспитува начините на кои ги користи ресурсите и е посветена за понатамошно вложување напори во интерес на зголемување на ефикасноста и намалување на сите видови отпади каде и да е возможно.