Sort by
Sort by

Наука за губење тежина

Наука за губење тежина
Laura Camurri
By Laura Camurri, PhD. Nestlé Institute of Health Sciences

Повеќето од нас во текот на животот ги слушале истите совети за губење тежина: вежбајте и бидете сигурни дека ја консумирате вистинската храна, во вистинските количества. Но, едни нови истражувања би можеле да додадат сосема друга димензија: клеточната активност во Вашето тело влијае на тоа колку тежина губите, или како реагира Вашето тело на одредена храна.

Во Институтот за здравствени науки на Нестле, нашиот тим го испитува губењето тежина на молекуларно ниво: како Вашето тело ја метаболизира храната? Зошто некои луѓе полесно слабеат за разлика од други? Зошто некои луѓе го одржуваат слабеењето, додека други не? И зошто слабеењето помага за спречување на дијабетес кај некои луѓе, а кај други не?

Зошто некои луѓе полесно слабеат за разлика од други?

Ова се важни прашања за приближување кон персонализиран начин на гледање на исхраната и здравјето. Разбирањето на молекуларните промени од човек на човек значи дека здравствената заедница може да обезбеди решенија што навистина делуваат, наместо да се обидуваат да применат едностран пристап, кој би требало да им одговара на сите“.

Ние инвестираме во истражувањата за да им помогнеме на сите подобро да го разберат својот карактеристичен метаболизам и потреби за исхрана, со надеж за наоѓање решенија што се поприлагодливи. Еве три нови откритија од нашето последно научно истражување:

Малите „мотори“ можат

Вашите клетки содржат митохондрии: гледајте на нив како на мотори кои Вашите клетки ги полнат со енергија. Овие митохондрии ја претвораат храната во енергија – и никој од нас ги нема во иста количина. Младите луѓе кои се доста физички активни имаат илјадници митохондрии во нивните клетки, додека пак, постарите или оние коишто не се физички активни имаат многу помалку и како резултат на тоа имаат помалку „моќ“ да произведуваат енергија од храната.

Mitochondria turn food into energy

Ние во Нестле, спроведовме истражување во декември 2016 година, заедно со Универзитетот во Лозана и Националниот политехнички универзитет во Лозана, Швајцарија, за испитување на резултатите од вежбањето на овие клеточни мотори. Најдовме нешто зачудувачко: вежбањето не само што го зголемува бројот на присутните митохондрии во Вашите клетки, туку исто така ги собира протеините кои произведуваат енергија што се содржат во митохондриите.

Зошто е ова важно? Со тоа што се грижиме да создадеме прилагодливи хранливи решенија за да ги уловиме резултатите од вежбањето, сега знаеме дека не би било доволно доколку само се зголеми бројот на митохондрии. За да биде поефикасно, би требало да им помогнеме и да си ги соберат протеините - всушност ние се обидуваме да направиме „митохондриска“ забава во клетката и да направиме гостите да се дружат меѓусебно!

Метаболичен „Енергетски снабдувач“

Па да, знаеме дека звучи малку лудо дека би можело да постои вистински хранлив производ што би можел да ги имитира резултатите од вежбањето. Но, тоа не е толку апсурдно како што изгледа.
Ние ги истражуваме резултатите од ензимот наречен АМПК, вид на метаболичен енергетски снабдувач кој им помага на Вашите мускули гликозата и маснотиите да ги претворат во енергија.

АМПК го предупредува Вашето тело кога Ви е потребно повеќе енергија, како на пример кога вежбате. Нашите истражувачки тимови открија дека АМПК може да се контролира – што значи дека можно е да постои начин на делување со ензимот да носи повеќе гликоза од крвта во мускулите и да ја зголеми количината на маснотии претворена во енергија.

Иновација како што е оваа не треба да биде замена за физичка активност. Но, би им помогнала на луѓето кои не можат редовно да вежбаат и кои се со хронични здравствени состојби како што е дебелината или дијабетес тип 2, или на оние коишто закрепнуваат од повреда што им ја ограничува физичката активност. Доколку можеме да усовршиме некој производ кој ги зголемува ефектите на АМПК, тогаш тоа би му го овозможило ефектот на забрзување на метаболизмот некому што оди на брза прошетка, за 20-минутно трчање или 40-минутно возење со велосипед. Тоа е доста возбудлива надеж за оние што се борат со хронично заболување.

Различен тип на отпечаток на прст

Дијабетес тип 2 исто така е високо-потенцијална област на истражување. За поединци коишто се пре-дијабетичари и со прекумерна тежина, губењето на тежината се верува дека го спречува развојот на болеста. Меѓутоа, ова не е случај секојпат. Истражувачката заедница никогаш не била сигурна зошто некои луѓе кои губат тежина успешно го спречуваат развојот на дијабетес тип 2, додека кај други болеста се развива и покрај тоа што ќе изгубат од својата тежина.

Nestlé scientists at work

Ние и истражувачите од универзитетите во Мастрихт и Копенхаген презедовме ново истражување со кое се открија одредени индикатори во крвта – за коишто почнуваме да мислиме дека се „липиден отпечаток од прстот“ – којшто може да започне да прави разлика помеѓу луѓето со пре-дијабетес коишто имаат шанси да реагираат на губењето тежина со подобра контрола на шеќерот што може успешно да го спречи дијабетес тип 2.

Овој отпечаток обезбедува таканаречен „биомаркер“ што им овозможува на здравствените работници да знаат кои пациенти ќе реагираат или не со подобра контрола на шеќерот по губењето на тежината. Ова може да им помогне да изберат индивидуална исхрана којашто најмногу одговара на состојбата на пациентот. Со други зборови, тоа би можело да го смени начинот на кој им пристапуваме на дијагнозите и терапиите за оние кај кои постои ризик за развој на дијабетес.

Што значи сето ова?

Сè повеќе и повеќе, откриваме дека сечие тело реагира на различни начини. Додека постојат основни методи кои можеме да ги користиме за подобрување на нашето здравје, исто така има простор за нови откривања и подобрувања на повисоко лично ниво.

Истражувањата ни помагаат да сфатиме на кој начин прилагодливите хранливи производи би можеле да го реорганизираат начинот на кој се грижиме за нашето здравје. Губењето на тежина е само едно парче од оваа сложувалка.