Sort by
Sort by

Намалување на прехранбениот отпад

Станете „нулта“ херој за фрлање на прехранбениот отпад 
Намалување на прехранбениот отпад
Ширум светот, секоја година речиси третина од вкупната храна што се произведува за потрошувачка за луѓето, или се губи, или се фрла. За да се произведе храната што ја купуваме потребно е вода, енергија и пакување, па дали навистина заслужува да ја фрламе во канта за отпадоци?

Во развиените земји, 40% од прехранбениот отпад настанува на ниво на малопродажба и потрошувачи. Недоволното планирање пред да се купува и готви, како и недоразбирањето што всушност значат датумите на пакувањата „најдобро да се користи до“ и „употребливо до“, доведува до фрлање на храната што се јаде.

Всушност, половина од храната што ја фрламе во канта може сè уште да се јаде. Многу витамини и минерали кои сега се под препорачаните количини – како што е калциумот, железото и витамин Б12 – се губат во значителни количини во храна што ја фрламе.

88% намалување на отпадот од нашите фабрики од 2007 година.

Спречувањето на создавањето на прехранбениот отпад е добро за економијата, нашето здравје и планетата. И не се само потрошувачите и трговците на мало оние кои можат нешто да сменат. 

Компаниите за производство на храна, како што е Нестле, исто така имаат своја улога така што ја предвидуваат побарувачката за производите со цел да го спречат прекумерното производство или така што создаваат поефикасно пакување со цел храната помалку да се расипува и да биде оштетена.

Од 2007 година, компанијата го намалила отпадот од своите фабрики за 88%. Исто така работи на тоа за да до 2030 година го намали за половина вкупниот губиток на храна, поддржувајќи ја Целта број 12 на Обединетите нации за одржлив развој и за одговорна потрошувачка и производство, со што го нагласува овој проблем преку организации како што е Шампиони 12.3.

За да им помогне на потрошувачите да го намалат прехранбениот отпад, Нестле работи на тоа да направи полесно разбирливо етикетирање за датумот.

Сите ние можеме да го намалиме прехранбениот отпад и често со најмал напор. Па зошто да не започнеме со тоа што ќе бидеме креативни во кујната.

Обидете се да направите супа од зеленчукот што Ви останал или смути од овошјето што започнало да омекнува. Лесно е да ги претвориме остатоците од храна во вкусни и хранливи оброци.

quiche-salad-banner

Еве еден едноставен рецепт за киш направен од остатокот од зеленчук:

Состојки 

•    1 Буитони тесто за киш (или 230 гр лиснато тесто)
•    2 парчиња праз
•    1 зелена пиперка
•    1 црвена пиперка
•    1 модар домат
•    1 тиквичка
•    1 парче моцарела
•    3 јајца
•    200 мл (1 чаша) кондензирано млеко
•    малку оригано
•    3 лажици маслиново масло
•    сол и бибер по желба

Начин на подготовка

1.    Загрејте ја рерната на 200ºC.
2.    Исечете го празот на тенки стапчиња
3.    Загрејте го маслото во тава и запржете го празот на ниска температура додека не поцрвенее
4.    Исечете ја пиперката, модриот домат и тиквичката и додајте ги во празот. Сето тоа нека се крчка наредните 5 минути. Зачинете со малку сол и бибер.
5.    Скршете ги заедно јајцата и кондензираното млеко. Додајте го зеленчукот. Зачинете со малку оригано.
6.    Исечкајте ја моцарелата на коцки. Додајте ја во смесата со јајца.
7.    Ставете го тестото во сад за киш. Притиснете го неколку пати тестото со виљушка на дното и добро притиснете го на краевите. Истурете ја смесата во тестото.
8.    Печете го во рерна околу 30 минути или додека кишот малку не поцрвенее.