Sort by
Sort by

Кафе во средина на конфликтот

Несекојдневен отпор на земјоделците од Јужен Судан
Кафе во средина на конфликтот
Aко може да се каже дека кафето има место на раѓање, тоа е тука. Висорамнината Бома нагло се крева кон источната граница на Јужен Судан пред „прелевањето" на соседната Етиопија. Позната како „колевка на кафето“ тоа е едно од ретките места на светот каде може да се најде кафе кое расте во дивина. 

Дрвото кафе е длабоко вкоренето во историјата на овој регион, но неодамнешното, насилно минато доведе до целосен застој. Индустријата беше уништена во текот на војната по која земјата стекна независност во 2011 година од Судан.

Со раѓањето на новата држава, се сееше и семето на растението кое донесе постепено заздравување.  Но, за неколку години повторно избувна конфликт.

И покрај сето тоа, со решеноста на некои навистина извонредни земјоделци од Јужен Судан, кафето почна да се враќа. 

Од корен

За време на периодот на стабилизација на мирот по добивањето на независност, Nespresso започна со работа во Јужен Судан за да го унапреди производството на високо квалитетно кафе, со помош на непрофитната организација TechnoServe.

TechnoServe помогна да се воспостави партнерство со локалните земјоделци. Тие овозможија пристап до алатките, техничка помош и обука, за да им помогнат на земјоделците да одгледуваат најквалитетни култури кои му одговараат на барањето на меѓународниот пазар.
 

south-sudan-coffee-farmers

Првите задруги за кафе основани се во регионот Јеи во Јужен Судан и изработени се неколку постројки за мокра обработка на кафето. Oвие постројки од собраните растенија ги издвојуваат зрната кафе подготвени за извоз. Постројките за мокра обработка имаат клучна улога во подобрувањето на квалитетот на готовиот производ.  

Исто така, тоа им носи директна корист на одгледувачите.

„Meне, како жена ми овозможи да работам со помалку напор – посебно на издвојување на зрното. За тоа порано користевме точило или столб, а сега ја користиме оваа машина“ вели Хелена Атику, земјоделец од Задругата Инуту.

Први насади

Сите овие напори брзо вродија со плод. „Сулуја ти Јужен Судан“ значи „Почеток на Јужен Судан“ на локалниот Каква дијалект. Така е наречена и првата мала серија кафе Nespresso, првите насади кои се извезени кои се извезени од Јужен Судан 2015 година.  

Покрај скоро комплетното потпирање на нафтата за стекнување на девизен прилив во оваа земја, сега постои надеж дека кафето ќе стане следната голема извозна ставка.

Coffee Farming in South Sudan

Oколу 300 одгледувачи примарно се вклучени во задругите за кафе; сега тој број порасна на 730. Oд почетокот на програмата, 1.270 домаќинства посетуваа најмалку една од обуките кои помагаат во стекнување на клучни земјоделски вештини и знаења.

Проектот има за цел да го зголеми бројот на целосно обучени одгледувачи нa 8.000 дo 2020 година. Ова е голема задача со оглед на тековниот проблем, но сите се длабоко посветени на постигнувањето на таа цел.

Вклучувањe

Иако конфликтите значат дека TechnoServe staff повеќе нема да можат да работат во Јужен Судан, тие на земјоделците сè уште им даваат помош. Неделната радио емисија помага со сезонски совети и им овозможува дополнителна обука на луѓето.  

Програмата е создадена во соседна Уганда, оваа програма се емитува на три различни јазици на популарната радио станица во Јужен Судан, Спирит ФМ.

Големо задоволство е тоа што им овозмоуваме на одгледувачите на кафе да станат експерти и да постигнат одржливост која ќе донесе поголем приход и ќе ја подобри нивната економска позиција, вели Пол Стјуарт од организацијата TechnoServe.

„Навистина беше возбудливо да се соработува со селските заедници и со компанијата Nespresso на почетокот на создавањето на индустријата за кафе која во иднина би можела да донесе приходи за 50.000 семејства." Изјави Пол Стјуарт, регионален директор од Иницијативата за кафе на организацијата TechnoServe.

„Jужен Судан е исклучително неразвиен во споредба со соседните земји, затоа е исклучително големо задоволството кога им помагате на одгледувачите да станат професионални одгледувачи на кафе и да постигнат значително поголеми приходи, а со самото тоа и да го подобрат својот живот."

Воспоставување на мир

Работата која Nespresso ја вложува во Jужен Судан е дел од стратегијата The Positive Cup (Позитивна шолјичка) чија цел е унапредување на начинот на работа и живеење на земјоделците и да им се овозможи одржливост на ресурсите и на потрошувачката на кафе.

Aмбасадорот на Nespresso брендот, Џорџ Клуни, повеќе пати доаѓаше во Јужен Судан за да ги поддржи напорите во земјата да се спречат конфликтите. Тој верува дека кафето е важно за иднината на оваа држава (coffee is important for the country’s future).
 

south-sudan-coffee-capsules

"Фармите за кафе, со сигурност, во текот на историјата, градеа оази на мирот во сите нестабилни региони. Го пиевме првото кафе ова лето и имаше малку подобар вкус, знаејќи дека доаѓа од луѓе кои напорно работеле за нормализирање на односите и мирот."

Агенцијата од Соединетите Американски Држави за меѓународен развој, USAID , неодамна се приклучи на партнерството помеѓу компанијата Nespresso и организацијата TechnoServe и помага во проширувањето на овој проект.

Ова ќе им помогне на повеќе одгледувачи во областите каде што производството на кафе штотуку започнало. Како и кај веќе изградените земјоделски области, кафето ќе им ги обезбеди многу потребниот приход и безбедност на овие земјоделци и на нивните семејства.