Sort by
Sort by

Игри со мачка во домашни услови

Совети за тоа како да ја одржите Вашата мачка здрава и среќна и кога живее во домашни услови
cats
Играта е од суштинско значење за Вашата мачка; од раѓањето, па и кога се возрасни, мачките сакаат да скокаат, бркаат и да ловат разни нешта. Всушност, играњето со Вашата мачка е нешто најзабавно што можете да го доживеете како нејзин сопственик.

Eкспертите од нашиот Purina (https://www.purina-com) бренд за нега на домашни миленици направија список со игри кои ќе го збогатат животот на Вашата мачка, ќе ја обезбедат нејзината ментална стимулација и ќе ја зајакнат врската која постои помеѓу Вас.

1. Трчање по пленот
Користете играчка за да го симулирате движењето на пленот. Влечете ја играчката врзана со јаженце по подот правејќи повремени паузи, како што тоа би го направило и некое животно, и на тој начин ќе ја охрабрите мачката да трча и да скока, како што би го направила тоа и во дивина. Тоа ќе ги зголеми нејзината брзина и агилност и ќе го стимулира нејзиниот ловечки инстинкт. Се препорачува играчката да ја скриете додека не дојде време за игра, за да не го изгуби мачката интересот за таа играчка.

2. Забава со мачкина трева
Исполнете некоја играчка или топче со природна мачкина трева (или купете играчка или топче кои содржат мачкина трева) за да ја заинтересирате Вашата мачка за играчката. Сепак, имајте предвид дека не се сите мачки љубители на мачкина трева.

3. Tрчи и донеси
Тоа е вистинско изненадување, но многу мачки сакаат да играат игри со враќање на топчето кое сте го фрлиле – или барем да трчаат по топчето и да го ловат. Топчињата симулираат брзо, неочекувано движење на пленот. Можете да ставите ѕвонче во топчето за да ѝ го привлечете вниманието на мачката, па истркалајте го или фрлете го топчето така да мачката може да го види и да ја лови. Некои мачки особено добро реагираат кога топчето ќе се истркала или фрли во друга соба или зад аголот.

4. Игра со храна
Хранилките за мачки и топчињата со храна се играчки кои во себе содржат храна за мачки. Со тркалањето или фрлањето и удирањето на играчката, Вашата мачка може во еден момент да ослободи неколку парчиња храна. Користењето на играчка хранилка за мачки ја стимулира желбата на Вашата мачка да лови и да се потруди за храна. Не заборавајте да поведете сметка за количеството на храна во играчката хранилка и пресметајте го дневното количество на храна кое треба да го добие Вашата мачка.

Запомнетe
Охрабрете ја Вашата мачка да игра најмалку 20 минути на ден за да ја одржи и зголеми својата физичка кондиција. Времето одвоено за игра со Вашата мачка не е само луксуз – тоа е потреба со цел да се зачуваат здравјето и општата благосостојба на мачката. Меѓутоа, без оглед на сè и без оглед на единствената личност на Вашиот домашен миленик, времето за игра никогаш не би смеело да се поминува само колку да му помине редот. Бидете креативни, забавувајте се и ќе видите колку ќе Ви биде подобро и Вам и на Вашата мачка!