Sort by
Sort by

Готвење со деца

Еве 7 начини како да уживате во готвењето со деца
Готвење со деца
Дали знаевте дека децата коишто помагаат при готвењето јадат повеќе здрава храна? Истражувањата покажуваат дека готвењето со деца е корисно на многу различни начини. Еве 7 идеи:

7. Создадете уметност од храната

7. Создадете уметност од храната

Направете здравата исхрана да биде забава за децата со тоа што ќе бидете креативни за време на подготвувањето на оброците. Сервирајте ја храната во форма на слика или едноставен цртеж, или декорирајте го работ на чинијата, за да биде повозбудливо и попримамливо за децата. Животинките и разните облици на лице секогаш се омилени, додека пак со брокулата и карфиолот се прават одлични дрвја! Или зошто не им дозволите на децата да ги сечат пиперките и краставичките во интересни облици како на пример срца, ѕвездички и дијаманти, со помош на калапчињата за колачи.

6. Вклучете ги и децата

6. Вклучете ги и децата

Децата јадат повеќе од здравата храна што се наоѓа во нивната чинија кога помагаат при нејзиното подготвување. Всушност, истражувањата покажуваат дека е корисно на многу различни начини.
Има голем број на задачи со кои можат вашите деца да ви помогнат. Миење, рендање или дробење – сето ова е забавно за децата. И не заборавајте го и миењето садови!

5. Правете ги заедно плановите за оброк

5. Правете ги заедно плановите за оброк

Планирањето оброк со вашите деца е квалитетно време потрошено заедно. Тоа ќе им покаже колку е важна балансираната исхрана – со многу житарки, растителни влакна и зеленчук, на пример – предизвикајте им го интересот кон храната и поттикнете ги да ви помогнат со креативноста во кујната!

4. Поврзете се при печењето

4. Поврзете се при печењето

Кујната е одлично место за да потрошите подолго време со вашите деца и не се бара посебна опрема или скапи членства.
Печењето колачиња со деца може секојдневното попладне да го претвори во несекојдневно. Да поминувате време заедно додека подготвувате слатки задоволства е гаранција за создавање спомени кои ќе траат вечно.

3. Изградете животни вештини

3. Изградете животни вештини

Готвењето со децата може да биде одлична можност да се научат важни животни вештини.
Можете да зборувате за математика и дропки кога ги мерите состојките или кога ја сечете пицата на парчиња. Или пак, помогнете им да научат повеќе за хигиената и безбедноста на храната додека ги миете рацете и го подготвувате вашиот работен простор. Можете да зборувате за здравата исхрана додека го подготвувате и собирате вашиот оброк.

2. Поттикнете ја нивната креативност

2. Поттикнете ја нивната креативност

Поттикнете ги вашите деца да бидат креативни во кујната. Дадете им слобода кога си ги декорираат колачињата, или предизвикајте ги да направат виножито од овошна салата или животни од зеленчук. Би можеле да им дозволите на децата да готват со другарчињата и сето тоа да го претворите во натпревар и да видите кој ќе има најдобра креација. Но, запомнете, сите се победници со тоа што секој од нив ќе ужива во вкусна награда! 

1. Не грижете се за нередот

1. Не грижете се за нередот

Обидете се да не се грижите за нередот што ќе го направат децата додека се забавуваат во кујната. Дозволете им да бидат креативни. Тие исто така можат да учествуваат во чистењето откако сè ќе заврши.