Sort by
Sort by

Вкусно и здраво

5 совети како добрата исхрана да биде семеен настан
Вкусно и здраво

Исхраната и негувањето на семејството одат рака под рака. Доколку сте спремни да ја подобрите исхраната во Вашето семејство, нема подобро време од тоа да започнете веднаш.

Ако постојано правите избор на добра храна, тогаш сте на вистинскиот пат кон добро здравје на Вашето семејство. Покрај тоа што ви помага да бидете здрави, хранливата исхрана исто така помага при растењето, го подобрува имунитетот и го зголемува нивото на енергија. Добрата исхрана може дури да ве расположи и да го подобри извршувањето на задачите во училиште и на работа.

Добрата исхрана да биде семеен настан: е одлука заедно да воведете здрави промени. Овие совети ќе бидат почеток за секој член од семејството кон нов правец на добра исхрана.

1. Започнете правилно со правилна исхрана

Help your baby experience different tastes

За да помогнете за основање на здравје што ќе трае цел живот, започнете со навики за добра исхрана во текот на бременоста - и потоа продолжете да правите избор на хранливи состојки за Вашето бебе.

Мајчиното млеко е идеалната храна за бебињата. Експертите како што се оние од Светската здравствена организација препорачуваат исклучително доење за првите шест месеци на Вашето бебе, проследено со понатамошно доење колку што е можно подолго по внесувањето на првата храна.

На околу шест месеци, бебињата обично се подготвени да пробаат цврста храна. Вашиот педијатар може да Ви помогне да одредите кога Вашето бебе е подготвено. Со давање житарки за новороденчиња збогатени со железо, е одличен начин за да ги задоволите потребите од железо на Вашето бебе. Додавајте овошје и зеленчук едно по едно, на неколку дена помеѓу секоја нова храна.

Осигурете се дека храната што ја давате е во вистинската големина и состав за да одговара на развојот на Вашето бебе, започнувајќи со пасирана храна и давање мали, меки залаци како што тој или таа научува да џвака. Со нудење разновидна хранлива исхрана и соодветна на возраста, исто така ќе му помогне на Вашето бебе да проба различни вкусови и ароми. 

2. Намамете ги децата во кујна

Ако сте родител, значи некој Ве набљудува. Па така, обидете се Вашето дете да гледа дека јадете повеќе овошје, зеленчук и житарки - а помалку храна со шеќери, маснотии или солена храна. Објаснете му зошто млекото или водата се подобар избор за разлика од пијалаците кои содржат шеќер.

Children tend to eat more healthy food when they help with the preparation

Направете план да јадете заедно. Кога јадете заедно е одлична можност да се поврзете како семејство и да им привлечете внимание на Вашите деца кон позитивни, забавни истражувања за тоа што значи да се биде здрав. 

Поканете ги децата да пазарувате заедно, да ги планирате оброците и да готвите. Тие ќе научат важни вештини што ќе траат вечно. Едно истражување дури покажа дека децата кои помагаат при подготвување на храната јадат повеќе зеленчук за разлика од оние кои не учествуваат во подготвувањето.

Не можете да ги натерате децата да пробаат нова храна? Не се откажувајте. Истражувањето покажа дека малите деца мора да пробаат нов зеленчук до 10 пати пред да почне да им се допаѓа.

3. Подгответе се за тинејџерите

Добрата исхрана за време на тинејџерството е исклучително важна, но може да претставува и предизвик. Тинејџерите претпочитаат свој одреден вид на исхрана. Тие брзо растат и секогаш се подготвени за акција.

Направете здравата хранење да не претставува проблем за нив. Направете залиха од едноставна, привлечна храна – од исечено овошје и зеленчук па сè до смути, интегрални бурита, супи и сендвичи. Како задоволителен и одобрен пијалак од тинејџерите кој обезбедува протеински удар, одберете чоколадно млеко, кое нуди девет важни хранливи материи, вклучувајќи витамин Д, калциум и калиум.

Додека нивните хранливи потреби се зголемуваат, тинејџерите исто така се соочуваат со нови емоционални предизвици – и тоа може да ги натера да се прејадуваат, да ги прескокнуваат оброците или да поминат на диетален начин на исхрана. Внимавајте да не стекнат нездрави нутритивни навики и имаjте разбирање за нивната загриженост за нивниот физички изглед. Продолжете да ги собирате на опуштени и позитивни семејни оброци.

4. Хармонизирајте ја исхраната со годините

Кога сме на средна возраст, нашиот метаболизам почнува да се забавува. Доволни ни се помалку калории, но тешко е да прекинеме со старите навики. Тука може да ни помогне внимателното јадење.

Поставете ја масата, исклучете ги сите апарати и густирајте го секој залак.

Поставете ја масата, исклучете ги сите апарати и густирајте го секој залак. Така ќе се чувствувате позадоволни по оброците и ќе бидете во помало искушение за грицки. Умерете го внесувањето алкохол и не го заборавајте шишето вода.

И исто така, доколку големината на Вашата порција мистериозно се зголемила како што поминувале годините, сега е време да го примените индикаторот на идеална големина на порцијата: portion pointers (pdf, 630 Kb). 

5. Мудар избор на храна

Независно дали ќе биде од промената на вкусови, проблеми со забите, лекови или болест, луѓето често го губат апетитот како што стареат.

И покрај намалените потреби за енергија, добрата исхрана продолжува да биде важна за постарите возрасни луѓе. И никогаш не е доцна да се направат позитивни промени.

Доколку Вие или некој постар член од семејството не може доволно често да пазари свежи производи, нарачајте ги Вашите прехранбени производи онлајн. Или купете замрзнато или конзервирано овошје и зеленчук, што може да биде исто толку здраво како и свежите производи. Читајте ги етикетите за да избегнете дополнително количество шеќер или сол и не заборавајте да пиете доволно количество вода.

Доколку губењето тежина почне да Ви претставува проблем, размислете да почнете да користите некој течен додаток во исхраната или напиток како замена за оброк. Денешните додатоци во исхраната се вкусен начин за исполнување на нутритивните, калориските и протеинските празнини.
Само напред и притиснете го копчето за ресетирање. Решете се да ги замените старите навики за јадење со поздрави од сега па натаму. И правете го тоа сите заедно.