Sort by
Sort by

Вечерата на баба

Дали е можно денес да влијае на Вашето здравје она што Вашите предци го јаделе? 
Вечерата на баба
Фразата „Еден момент на усните, доживотно сало на колковите" е прилично тежок потсетник за водење здрава исхрана. Но замислете како би се чувствувале ако наместо тоа последиците траеле неколку животи?

Колку и да звучи бизарно, доказите укажуваат на тоа дека исхраната и начинот на живот може да влијае на здравјето на нашите деца. Би можело дури да влијае и на децата на нашите деца. Она што исто така значи, се разбира, е дека начинот на кој живееле нашите предци добро може да има влијание врз нас.

Што е епигенетика?

Сè повеќе и повеќе, научниците сфаќаат колку може околината да влијае на нашите гени. Тоа е поле наречено епигенетика што буквално значи „на врвот на генетиката“.Таа ги разгледува информациите што се наоѓаат на врвот на низата букви кои ја сочинуваат нашата ДНК.

epigenetics-infographic

Замислете ја нашата ДНК секвенца како прирачник со упатства за тоа како да го направиме нашето тело. Епигенетиката е како нагласувач кој се користи за обележување на најважните делчиња од прирачникот како и делчињата кои е во ред да се игнорираат.

Епигенетиката исто така често ја опишуваат како процес со кој одредени гени во нашата ДНК се активираат или деактивираат кога нешто ќе доживееме.

Па, откритието дека она што го јадеме и начинот на којшто го живееме нашиот живот има влијание врз нашата епигенетика, а со тоа и нашите гени, значи дека исто така може да влијае врз гените на нашите потомци додека нашата ДНК се пренесува.

Здравата исхрана и начин на живот се доволно важни кога сме само ние оние на кои треба да мислиме. Ако тоа е иднината на човештвото... па добро, тоа е малку позастрашувачки. Ете затоа истражувањата во оваа област се толку важни. Колку повеќе можеме да сфатиме како нашиот начин на живот влијае врз нашите гени, толку повеќе ќе можеме да сфатиме што да правиме повеќе, а што помалку.

Меѓународно истражување

Здружението Епиген (анг. „EpiGen“) е едно од најголемите епигенетски истражувачки проекти во светот. Тоа е јавно-приватно партнерство на истражувачи со седиште во ОК, Нов Зеланд и Сингапур.

Да се биде дел од вакво иновативно истражување во толку важна и возбудлива област, ќе ни овозможи да создадеме производи што имаат докажано, позитивно влијание врз здравјето на мајките и нивните деца Стефан Кацикас, главен технолог во компанијата Нестле.

Нестле започна да соработува со Епиген во 2011 година и неодамна предаде 22 милиони швајцарски франци за шестгодишно партнерство за истражување. Она што Епиген го работи ни помага да сфатиме колку исхраната влијае врз генетиката. Истражувачите разгледуваат како исхраната и начинот на живот на трудница влијае врз гените на нејзиното бебе. Дури и најмалите епигенетски промени можат да влијаат врз идниот здрав раст и развој на децата.

„Да се биде дел од вакво иновативно истражување во толку важна и возбудлива област, ќе ни овозможи да создадеме производи што имаат докажано, позитивно влијание врз здравјето на мајките и нивните деца,“ вели Стефан Кацикас, главен директор за технолошки операции на Нестле

Рана исхрана

Истражувањето цели кон подобрување на исхраната и намалување на проблемите во склоп на бременоста како што е гестациски дијабетес. Условите влијаат врз растот и развојот на децата како и врз понатамошното здравје на мајката.

The research aims to improve nutrition and reduce pregnancy-related problems

Од 2006 година, Епиген има направено значајни откритија во областа на исхраната за мајките и малите деца. Истражувачите покажаа дека исхраната со ниско ниво на јаглехидрати за време на бременоста се однесуваат на хемиските промени во некои делови од ДНК на бебето. Овие промени може да предизвикаат поголем ризик за овие мали деца да бидат со прекумерна тежина или угоени за време на детството.

Ова ја и нагласува важноста од добра исхрана и ги нагласува долгорочните ризици доколку не се предвиди.

Ова е научно поле во релативен зачеток. Но, веќе ни го збогати знаењето за тоа како човечкото тело се прилагодува и реагира на околината. И сигурно е дека и понатаму треба да се информираме за начинот на кој се грижиме за нашето здравје, здравјето на нашите деца и можеби дури на децата на нашите деца.