NESCAFÉ® Dolce Gusto
Замислете висококвалитетно кафе дома со само едно притискање на копче. NESCAFÉ® Dolce Gusto има разновидно мени за кафиња и слобода да го приспособите вашиот пијалок онака како што вие сакате.
Откријте повеќе од 30 различни пијалоци. Вашите омилени кафе пијалоци се тука, вклучувајќи лате, капучино, еспресо, лунго и повеќе.
Нашата патентирана SMART капсула успева да го задржи оригиналниот вкус и арома на кафето внатре, токму онака како што вие го сакате. Уникатниот систем, кој обезбедува притисок до 15 бари, успева лесно да ги извлече сите ароми и да го подготви вашето омилено кафе.
Уживајте во совршениот интензитет на кафето. Без разлика дали сакате целосна контрола или притискање на копче за да го подготвите вашето утринско кафе, ние го имаме вистинскиот апарат за кафе за вас. Рачните машини за кафе ви овозможуваат да ја контролирате должината на кафето, додека автоматската машина за кафе ќе ви го прави истото кафе секој пат - онака како што вие сакате.
Со почит и издржливост
Шолјата кафе пред вас е резултат на ветување. Ветување за одгледување и користење на кафе со почит и одржливо.
Во август 2010 година, го започнавме проектот Nescafé Plan, чија идеја е да се зајакне посветеноста на Nestlé за одржливо одгледување, производство и потрошувачка на кафе. Планот Nescafé е серија цели што ќе помогнат да се оптимизира нашиот синџир за снабдување со кафе. На пример, на земјоделците им обезбедуваме фиданки отпорни на болести и ги обучуваме за одржливи практики за да им помогнеме да се соочат со иднината со доверба.













