NESCAFÉ Classic

Започнете го вашиот утрински ритуал со одличниот вкус на NESCAFÉ Classic
nescafe make your moment


Започнете го вашиот утрински ритуал со одличниот вкус на NESCAFÉ Classic. Внимателно одбрани зрна кафе печени на експертски начин за вашиот омилен, богат и силен вкус на кафето. За вашите перфектни утрински моменти.

NESCAFÉ CLASSIC се добива од внимателно избрани зрна од кафе со истата постапка како и традиционалното пржено (мелено) кафе, која продолжува понатаму со посебна постапка за добивање на гранули. На самиот почеток зрната се мелат и пржат, а потоа се варат. На крајот со посебна технолошка постапка се одвојува талогот, се вбризгува врел воздух кој предизвикува испарување на водата и остануваат суви гранули од кафе.

NESCAFÉ План

Oд 1938 соработуваме со одгледувачите на кафе помагајќи им да одгледаат колку што е можно поквалитетно кафе преку воведување на напредни методи на одгледување. Секоја година директно работиме со повеќе од 170.000 одгледувачи на кафе. Со поддршка на одгледувачите во користењето на одговорни методи за одгледување на кафе обезбедуваме и идните генерации да можат да уживаат во перфектна шолја NESCAFÉ.

ТРИ УТРИНСКИ РИТУАЛИ ЗА ДА ГО
ПОЧНЕТЕ ВАШИОТ ДЕН

1. Разбудете се рано
Не заборавајте да уживате во утрото и да одвоите време за важни работи, како што е утринското кафе, пред да започнете со динамичен или понекогаш помирен ден.
man smells coffee
2. Разговарајте со вашите најблиски
Разговорите обично се она што повеќето луѓе го пропуштаат наутро. Можете да ги прашате вашите најблиски што сонувале минатата ноќ. Ако живеете сами, можете да испратите кратка порака со „Добро утро“ за да го разубавите денот на вашата сакана со насмевка.
happy couple in bed drink coffee
3. Споделете ги вашите планови
Денес, повеќе од кога било, важно е да размислите и да планирате добри моменти. Зошто да не направите план со пријателите или семејството за забавна активност на која секој може да се радува? На овој начин, денот ќе започне возбудливо за секого.
womens face

 

 

 

 

ВАШАТА ПЕРФЕКТНА ШОЛЈА УТРИНСКО КАФЕ  

Без разлика дали го сакате кафето чисто или со млеко, можеме да ви понудиме совети за негова перфектна подготовка.

nescafe make your moment
ПЕРФЕКТНА ШОЛЈА ЦРНО КАФЕ
Прв чекор
Додадете 1-2 лажички NESCAFÉ Classic во вашата шолја. Ако сакате, сега можете да додадете шеќер.
instant coffee
Втор чекор
Внимателно истурете 150 ml врела, но не зовриена вода во чашата. Промешајте за да бидете сигурни дека кафето и шеќерот се целосно растворени.
instant coffee in a cup
Трет чекор
Пробајте го кафето. За посилен вкус додадете повеќе кафе следниот пат, за поделикатен вкус ставете помалку.
hot coffee
ПЕРФЕКТНА ШОЛЈА КАФЕ СО МЛЕКО
Прв чекор
Додадете 1-2 лажички NESCAFÉ Classic во вашата чаша. Ако сакате, сега можете да додадете шеќер.
instant coffee
Втор чекор
Внимателно истурете 140 мл врела, но не зовриена вода во чашата. Промешајте за да бидете сигурни дека кафето и шеќерот се целосно растворени. Додадете малку топло или ладно млеко.
hott coffee with milk
Трет чекор
Пробајте го кафето. За посилен вкус додадете повеќе кафе следниот пат, за поделикатен вкус додадете помалку.
instant coffe with milk

NESCAFÉ CLASSIC во понудата е во поединечно пакување од 2g и во поголеми пакувања – кесичка од 20g, 50g, 200g, лименки од  50g, 100g, 200g и 250g и во стаклени пакувања од 100g, 200g

Сè почнува со NESCAFÉ

NESCAFÉ е омилениот бренд на кафе во светот во која уживаат поединци и семејства во повеќе од 180 земји во светот. Со повеќе од 83 години имаме  искуство во одговорно одгледување, берење, печење и создавање на перфектно кафе.  Секоја секунда се пијат повеќе од 5.500 шолјички NESCAFÉ кафe. Aко сакате да дознаете повеќе, посетете го сајтот  https://www.nescafe.com/