Sort by
Sort by

За компанијата Nestlé Аdriatic

Швајцарската компанија Société pour l'Exportation des Produits Nestlé во 1996 година отвори свои претставништва во Србија и во Хрватска, а една година подоцна се отворени претставништва во Босна и Херцеговина, па и во Македонија. Во претставништвата во целиот регион тогаш работеа само десетина вработени.

Компанијата Nestlé Аdriatic е основана во 2003 година, вклучувајќи ги пазарите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Косово, со седиште во Загреб. На регионалниот пазар ги нуди светски познатите трговски марки: NESCAFÉ, THOMY, MAGGI, NESQUIK, KIT KAT, SMARTIES, LION, AFTER EIGHT, PURINA и NESTLÉ жита.

Nestlé во овој регион веќе е присутен многу години. Главните увозни производи беа детското брашно, денес познати како замена за млеко за новороденчиња, и чоколадите.

Иако компанијата Nestlé Аdriatic д.о.о. во Македонија е основана дури во средината на 2006 година, Nestlé со своите трговски марки е присутен во Македонија многу подолго.

Денес на пазарот во Македонија може да се најде многу поширок спектар Nestlé производи, кои во целост ги задоволуваат вкусовите и желбите на сите потрошувачи. Иако сите Nestlé производи им се добро познати на потрошувачите, водечките трговски марки на пазарот се NESCAFÉ и NESQUIK.

Nestlé на македонскиот пазар означува побогата понуда на прехранбени производи и му дава дополнителна вредност на пазарот на стоки за широка потрошувачка.

Nestlé во светот има 413 фабрики и околу 323.000 вработени. Не земајќи го предвид растот на компанијата низ многубројни аквизиции, истражувањето и развојот на прехранбените производи и понатаму е една од основните активности во компанијата.

Истражувањата на компанијата Nestlé Аdriatic се насочени кон исхраната што ќе го намали ризикот од болестите на денешницата како што се дебелината, дијабетесот и болестите на крвните садови. Во составот на групацијата Nestlé влегуваат и 40 истражувачки центри, па годишно на истражување во Nestlé се трошат околу 1,6 милијарда швајцарски франци.

Nestlé Adriatic numbers