Компанијата Nestlé ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од 2022 година. Во таа прилика, Марк Шнајдер, извршен директор на компанијата Nestlé, изјави:
„Остваривме силен органски раст, додека во исто време продолживме одговорно да ги прилагодуваме цените за да ја одразуваат инфлацијата. Поради предизвикувачката економска ситуација која влијае на куповната моќ на луѓето, ние се стремиме да ги направиме нашите производи достапни. Нашиот реален внатрешен раст остана отпорен и покрај тековните пречки во синџирот на снабдување, со ограничена еластичност на побарувачката. Во исто време, продолжуваме да инвестираме во истражување и развој, маркетинг и иницијативи за одржливост, како што неодамна беше претставено во нашиот нов NESCAFÉ План 2030. Остануваме уверени во силата на нашите брендови, оперативното извршување и динамиката на категориите што добро не позиционираат за понатамошниот раст“.
Nestlé Северна Македонија
За резултатите во Северна Македонија, Марјана Давидовиќ, генерална директорка на компанијата Nestlé за пазарите на Северна Македонија, Србија и Црна Гора, истакна:
„Nestlé во јужниот Адриатик регион (Северна Македонија, Србија, Црна Гора) во првите 9 месеци од 2022 година постигна органски раст од 10,7 отсто, на што најмногу влијаеа нашите категории прехрамбени и кондиторски производи, Nescafe, Nestlé Professional и Purina Pet Care. Ние продолживме и со поддршката на загрозеното население преку донации на нашите производи во вредност од речиси 330.000 швајцарски франци и поддршка за иницијативата за зголемување на физичката активност кај децата. Регионално, силно продолжуваме со имплементација на принципите на регенеративното земјоделство кај нашите добавувачи, зачувувајќи ја почвата и хранливата вредност на зеленчукот кои влегуваат во состав на нашите производи“.
Продажба на ниво на Групата
По категорија производи, Purina PetCare со своите премиум брендови Purina Pro Plan, Purina ONE и Fancy Feast, како и ветеринарските производи, обезбеди најголем придонес за органскиот раст. Продажбата на кафе порасна со висока едноцифрена стапка, со позитивен раст на продажбата за брендовите NESCAFÉ, Starbucks и Nespresso. Растот на продажбата на храна за бебиња достигна двоцифрена стапка, со значителен придонес низ географските области. Двоцифрен раст забележаа кондиторските производи, меѓу нив особено се истакнува брендот Kit Kat. Продажбата на вегетаријанска храна на база на растенија, предводена од Garden Gourmet производите, продолжи да расте со двоцифрена стапка.
Oрганскиот раст изнесува 8,5 отсто, достигнувајќи 9,3 отсто во третиот квартал. Цените пораснаа за 7,5 отсто oдразувајќи значителна инфлација на трошоците. RIG е отпорен нa 1 отсто во однос на 2021 година и покрај ограничувањата во синџирот за снабдување. Органскиот раст на пазарите во развој изнесува 10,2 отсто, со зголемување на цената и RIG.
Зона Европа
Во предизвикувачко економско опкружување, Зона Европа забележа висок едноцифрен органски раст, што се одразува на зголемувањата на цените, континуираниот импулс во out-of-home каналот и иновациите. Зоната забележа зголемување на пазарниот удел во продажбата на кафе, храната за бебиња и храната од растителна основа.
Oрганскиот раст изнесува 7,1 отсто, со раст на цените од 5,7 отсто, додека RIG беше отпорен на 1,5 отсто, и покрај ограничувањата во синџирот за снабдување.
Прогноза до крајот на 2022 година
Се очекува органски раст за продажба од околу 8 отсто, додека основната маржа на оперативна добивка би требало да достигне околу 17 отсто. Се очекува дека ќе се зголемуваат основната добивка по акција во постојана валута и капиталната ефикасост.